Хрисант Цариградски
| Хрисант Цариградски | |
|---|---|
| Вселенски патријарх | |
Хрисант Цариградски | |
| Црква | Вселенска патријаршија |
| Претходник | Антим III |
| Наследник | Агатангел |
| Редови | |
| Чин | патријарх |
| Лични податоци | |
| Роден | 25 февруари 1768
Долно Граматиково, Румелиски Пашалак, Османлиско Царство |
| Починал | 10 септември 1834 (возр. 66) Принцов Остров, Константинопол, Османлиско Царство |
Хрисант (25 февруари 1768 - 10 септември 1834) — македонски свештеник на Цариградската патријаршија и вселенски патријарх од 1824 до 1826 година.
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден во февруари 1768 гoдина во Долно Граматиково, Воденско. Посетувал грчко училиште во Воден, па заминал за Кожани, каде учел кај Амфилохјиас Параскевас. Подоцна прешол во Негуш и изучувал филозофија и математика кај познатиот учител Анастасиос Камбитис, а на крајм кај солунскиот учен Јонас Спармиотис.
По образованието, станал кесариски митрополит. На 5 февруари 1799 г. е избран за берски митрополит уи останал на катедрата сè до 1811 г. Владикувајќи во Бер, направил заложби за развојот на просветната дејност во епархијата. Членувал и во Светиот синод во Цариград. Во 1806 г. го уредил и објавил второто издание на житието на Свети Антониј Нови Берски.
На 13 јули 1811 г. станал серски митрополит и членувал во друштвото „Филики етерија“. На 9 септември 1824 г. е избран за цариградски патријарх по симнувањето на неговиот претходник Антим III. На престолот останува две години, и потоа е симнат од османлиската власт.
Починал во 1834 г. в манастирот „Христос Спасителот“ на Принцовиот Остров (Бујукада) кај Цариград.
Чествување
[уреди | уреди извор]Во 1997 г. в Долно Граматиково е подигната статуа на Хрисант, а почнувајќи од 2000 г. во негова чест во селото се приредува годишен фестивал „Хрисантија“.[1][2][3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Επισκοπική προσωπογραφία της μητροπόλεως Βέροιας και Ναούσης κατά την περίοδο της οθωμανοκρατίας (1430-1912)
- ↑ „Οικουμενικό Πατριαρχείο“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2016-01-08.
- ↑ „Ιερά Μητρόπολις Σερρών και Νιγρίτης“. Архивирано од изворникот на 2007-10-28. Посетено на 2016-01-08.
| Претходник Антим III |
Цариградски патријарх 1824-1826 |
Наследник Агатангел |