Бујукада

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бујукада
Еден од главните плоштади на островот, со статуата на Мустафа Кемал Ататурк.
Еден од главните плоштади на островот, со статуата на Мустафа Кемал Ататурк.
Земја Турција
РегионМраморен регион
ПровинцијаИстанбул
МестоПринцевски Острови
Површина
 • Вкупна5,4 км2 (21 ми2)
Население (2018)
 • Вкупно7.499 [1]
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Поштенски код34970
Подрачна шифра0-216

Бујукада (грчки: Πρίγκηπος or Πρίγκιπος, преведено како Принкипос или Принкипо) — најголемиот од Принцевските Острови во Мраморното Море, во близина на Истанбул, со површина од околу 5 км2. Официјално е кварт во областа Адалар во провинцијата Истанбул, Турција.

Име[уреди | уреди извор]

Името на островот на турски значи „Голем остров“. Алтернативните грчки имиња се Πρίγκηπος или Πρίγκιπος, што значи „Принц“.

Географија[уреди | уреди извор]

Бујукада се состои од два врва. Најблиску до слетувањето на траектот, Иса Тепеси (што значи Исусов рид на турски), порано Христос (Χριστός, грчкото име за Исус Христос), е на врвот од поранешно грчко сиропиталиште, огромна дрвена зграда која сега е во распаѓање. Во долината помеѓу двата рида се наоѓаат црквата и манастирот Агиос Николаос и некогашниот Луна Парк.

Историја[уреди | уреди извор]

Куќата во која живеел Лав Троцки (април 1929 - јули 1933).

Византискиот цар Јустин II изградил палата и манастир на Бујукада во 569 н.е. Еден манастир на Бујукада бил место на прогонство на византиските царици Ирина, Ефросина, Теофано, Зоја и Ана Даласена.

Постојат неколку историски градби на Бујукада, како што се Грчката православна црква и манастирот Аја Јорги кои датираат од 6 век, црквата Агиос Димитриос и џамијата Хамидије изградена од Абдул Хамид II. Пристаништето е изградено и дизајнирано од ерменскиот архитект Михран Азарјан.[2]

Принцезата Фахрониса Зејд е родена во 1901 година на островот.

По неговото депортирање од Советскиот Сојуз во февруари 1929 година, Леон Троцки бил преместен во Бујукада во април 1929 година, каде што живеел до јули 1933 година. Додека бил на Принкипо, Троцки престојувал во куќата наречена Јанарос.

Во првата половина на 20 век, островот бил популарен меѓу просперитетните Турци, Грци, Евреи и Ерменци.[3]

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Историскиот хотел Сплендид Палас (1908) во близина на пристаништето Бујукада.

Како и на другите осум острови, моторизираните возила - освен сервисните возила - се забранети, така што жителите и посетителите возат велосипеди или почесто земаат коњ и кочија за да патуваат низ островот.[4]

Фериботско пристаниште Бујукада.

Посетителите можат да направат „мала обиколка“ на островот со пајтон, што води до точката од каде што е напорно искачувањето до Агија Јорги (Свети Ѓорѓи, на грчки Άγιος Γεώργιος), мала црква на врвот на ридот со прекрасен панорамски поглед, и кафуле во својата градина што служи вино, чипс и сендвичи со колбаси, што е дел од „класичното“ искуство на Агија Јорги.

Фериботи и бродови поаѓаат од Бостанџи, Картал и Малтепе на азиската страна и од Кабаташ на европска страна до Бујукада.

Условите во кои живеат коњите на островот и немањето центар за третман на коњите на островот биле критикувани од групите за заштита на животните. Според официјалните податоци, годишно умираат 400 коњи, иако активистите сметаат дека тоа е потценето и тврдат дека животниот век на коњите на островите е значително намален.[5][6]

Места од интерес[уреди | уреди извор]

Бујукада има многу историски цркви, манастири и дворци кои туристите можат да ги посетат. Главните цркви во Бујукада се Грчките православни цркви Панагија и Свети Димитриос, Францисканската црква Сан Пацифико и Ерменската црква Surp Astvadzadzin Verapolium. Грчкиот православен Агиос Георгиос Кудонас и Сотирос Христоу се двата манастири што постојат на островот.

Островот има голем број на историски куќи. Најпознати се: Џон Паса, Јелкенџизаде, Фабијато и Мици Мансионс .[7]

Покрај тоа, на островот се наоѓа Грчкото православно сиропиталиште Принкипо, кој е најголемата дрвена градба во Европа и втора по големина во светот.[8]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Nüfus Durumu“.
  2. „Büyükada Pier“. Buyukada Island Travel Guide. Архивирано од изворникот на 1 October 2011. Посетено на 8 October 2011. Today’s masonry structure constructed in a place of former wooden pier, built at Büyükada in 1899, was designed by Mihran Azaryan.
  3. Liesl Schillinger (July 8, 2011). „A Turkish Idyll Lost in Time“. New York Times.Liesl Schillinger (July 8, 2011).
  4. Bilgen-Reinart, Üstün (January 2007). Porcelain Moon and Pomegranates: A Woman's Trek Through Turkey. стр. 105. ISBN 9781459717916.
  5. „Atların Ömrü 20 Yıl, Faytonda Çalıştırılanların 2 Yıl“. Bianet. Посетено на 5 May 2018.
  6. Anger sparked again after horse on Istanbul’s Princes’ Islands collapses
  7. Buyukada Istanbul[мртва врска]
  8. Greek Orthodox orphanage, Europe’s largest wooden building, awaits salvation off Istanbul

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Büyükada на веб-страницата на Истанбул