Никола IV Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Никола IV ЦариградскиВселенски патријарх од декември 1147 година до март/април во 1151 година.

Никола е роден околу 1070 година, и најверојатно ја започнал својата кариера учејќи ги евангелијата. Императорот Алексиј I Комнин (1081–1118) го назначил за архиепископ Кипарски, но Никола IV се повлекол околу 1110 година. Тој наредните 37 години ги минал во манастирот на Св. Козма и Дамјан во Космидион, предградие на Цариград (денешен Ејуп).

Тој бил устоличен како Вселенски патријарх во 1147 година, заменувајќи го Козма II, кој бил осуден за богомилство. Неговиот избор сепак предизвикал значаен спор, неговата канонска валидност била оспорена, бидејќи тој доброволно се одрекол од претходната титула. На крајот, Никола IV бил присилен да се повлече како патријарх, и починал во 1152 година.

Напишал голем број на теолошки дела, меѓу кои е a трактатот за Филокве наменет за Алексиј I, живописна одбрана за неговата прва абдикација.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Kazhdan, Alexander, уред. (1991), Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, стр. 1467–1468, ISBN 978-0-19-504652-6 
Религиозни титули
Претходник
Козма II
Цариградски патријарх
1147–1151
Наследник
Теодот II