Антониј II Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Антониј II Цариградски (12 февруари 901) — Вселенски патријарх од 893 до 12 февруари 901 година.

Живот[уреди | уреди извор]

Монах на возраст на 12 години, Антониј I станал свештеник и опат во неименуван манастир. Го привлекол вниманието на Стилијан Заутца, семоќниот министер на Лав VI. Антониј го подржал Лав против поранешниот патријарх Фотиј I Цариградски, и придонел кон помирувањето во црквата со постигнување на компромис меѓу подржувачите на Фотиј и Игнатиј. Императорот го назначил Антониј за патријарх по смртта на сопствениот брат, Стефан I Цариградски во 893 година.

Антониј II бил скромен човек, кој најчесто водел добтроволни манастирски организации при што го основал и преизградил Каулејскиот манастир со помош на имоераторот, кој проповедал на осветувањето на црквата. Погребан е во црквата на својот манастир, Антониј се смета за одговорен на голем број на чуда. Бил канонизиран за светец од страна на православната и католичката црква и неговиот празник се слави на 12 февруари.

Поврзани[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  • The Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, 1991.
Религиозни титули
Претходник
Стефан I
Цариградски патријарх
893–901
Наследник
Никола I