Јоаким III Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јоаким III
Ιωάννης III
Вселенски патријарх
Joachim III.jpg
Ракоположен1878
1901
Службата завршила1884
1912
ПретходникЈоаким II Цариградски
Константин V Цариградски
НаследникЈоаким IV Цариградски
Герман V Цариградски
Лични податоци
Роденјануари 1834
Константинопол,Отоманска Империја
Починал13 ноември 1912
Константинопол, Отоманска Империја
НационалностГрк
ВероисповедГрчка православна црква

Јоаким III Цариградски (грчки: Ιωακείμ Γ΄ Μεγαλοπρεπής) бил патријарх на Константинопол во периодот од 1878 до 1884, и од 1901 до 1912 година. Тој бил еден од највлијателните патријарси на 19 век и 20 век.

Тој бил роден во денешен Истанбул во 1834 година под името Христос Деведзис. Тој води потекло од градот Крушево, денешна Република Македонија. Своето образование го завршил во Виена.

Во текот на 1858 до 1861 година бил ѓакон на црквата Свети Ѓорги, која подоцна била обновена кога тој станал патријарх. Во 1864 година бил избран за епископ на Варна и во 1874 година за владика во Солун[1]. Во 1880 година го основал списанието Вистина. До 1889 година живеел и работел во Цариград. Во текот на неговиот прв мандат, тој најмногу внимание посветувал на пронаоѓање на поголеми финансиски средства за патријаршијата. а потоа отишол во Атон, каде се задржал до 1901 година.

Патријарх Јоаким III постојано се обидувал да пронајде решение за поделбата на тогашните македонски епархии помеѓу Патријаршијата и Бугарската Егзархија[2]. Јоаким III побарал сите македонски епархии јужно од Велес да останат под јуриздикција на Цариградската патријаршија, бидејќи според неговото мислење таму наводно живеле Грци.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Constantinople, old and new By Harrison Griswold Dwight Page 509-510 ISBN 0710307217
  2. Taming Balkan nationalism By Robin Okey Page 35 ISBN 0199213917