Јоаникиј I Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јоаникиј I
Цариградски патријарх
ЦркваЦариградска патријаршија
Назначенаприл/мај 1524
Службата завршила24 септември 1525
ПретходникЕремија I
НаследникЕремија I
Лични податоци
Претх. службаЕпископ на Созопол

Јоаникиј I (грчки: Ἰωαννίκιος Α΄, починал околу 1526 г.) накратко бил Вселенски патријарх во 1524–1525 година.[1] Понекогаш тој се смета за натрапник.

Живот[уреди | уреди извор]

Патријархот Еремија I, набрзо по неговото избирање, патувал во Кипар, Египет, Синај и Палестина. За времепрестојот во Ерусалим, свештенството и првенците на Цариград, здодеани од неговото долго отсуство,[2] го депозиционирале во април или мај 1524 и на негово место го избрале митрополитот на Созопол во Тракија, Јоаникиј I.

Еремија реагирал и заедно со патријасите на Александрија и Антиохија кои ги повикал во Ерусалим, го изопштил Јоаникиј.[2] И покрај тоа што поголемиот дел од Светиот синод бил на страната на Јоаникиј, султанот Сулејман Величествениот наредил Еремија да биде вратен на престолот, настан кој се одржал во Цариград на 24 септември 1525. Јоаникиј се вратил во Тракија, каде починал во манастирот „Свети Јован Крстител“,[3] во близина на Созопол окулу 1526 година.[1]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 38,46. ISBN 978-1-4344-5876-6.
  2. 2,0 2,1 R. Aubert (2000). „Joannikios I“. Dictionnaire d'histoire et de géographie ecclésiastiques. 27. Paris: Letouzey et Ané. 1378-9. ISBN 2-7063-0210-0.
  3. „Joannicios I“. Ecumenical Patriarchate. Архивирано од изворникот на 2015-09-23. Посетено на 30 May 2011.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]