Теолепт I Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Теолепт I
Цариградски патријарх
Црква Цариградска патријаршија
Ракоположен средината на 1513
Службата завршила декември 1522
Претходник Пахомиј I
Наследник Еремија I
Лични податоци
Починал декември 1522
Претх. служба Митрополит на Јанина

Теолепт I (грчки: Θεόληπτος Α΄) бил Вселенски патријарх од 1513 до 1522 година.[1]

Живот[уреди | уреди извор]

Теолепт се родил на островот Крит или Епир и живеел како монарх покрај патријархот Пахомиј I, кој го назначил за митрополит на Јанина.[2] Кога Пахомиј умрел од труење, Теолепт одма потоа се преселил во Адријанопол каде нашол милост пред султанот Селим I.[3]:199 По исплатата на вообичаениот надоместок за патројаршиско назначување, султанот го прогласил за цариградски патријарх. Потоа Теолепт отишол во Константинопол за формално избирање и сместување на престолот во средината на 1513 година.[4]

Во септември 1520 неговиот патрон, султанот Селим, умрел, па така положбата на Теолепт била загрозена. Првите гласини почнале да се шират, за подоцна да биде обвинет за живеење на неморален приватен живот. Светиот синод одлучил да одржи судење, но тој починал, во декември 1522, пред пресудата.[5]

Патријаршија[уреди | уреди извор]

Моќта на цариградскиот патријарх се зголемила со Отоманско-Мамелучката војна (1516-1517) и консеквентната анексија на Сирија, Палестина и Египет од султанот Селим I,[3]:176-7 како што патријаршиите на Александрија, Антиохија и Ерусалим биле вклучени во Отоманската империја. Овие патријаршии ја задржале својата верска автономија, но неоспорно биле подложни под влијанието на цариградската патријаршија, која била близу султанот и била негов заменик како граѓански владетел на сите православни христијани во империјата во согласност со милетскиот систем. Ова цариградско влијание се зголемило во текот на следните векови, особено во поглед на назначувањата. По походот на Палестина и падот на Ерусалим во 1517 во рацете на Селим, Теолепт го добил правото од султанот да ја одржува Базиликата на Светиот Гроб.[2]

Теолепт воспоставил добри односи, од почетокот на 1516, со московскиот принц Василиј III, чија мајка била внука на византискиот цар, Константин XI. Големото московско кнежество во тоа време станало најсилното независно православно царство. Во 1518 Теолепт го испратил научникот Максим Грчки во Русија.[3]:327

Окулу 1520 година, султанот Селим, кој посакувал насилна исламизација на сите христијани, наредил да се преземат сите христијански цркви бидејќи не биле заштитени со ферман. Теолепт, благодарение на неговите добри односи со султанот и благодарение на адвокатот по име Ксенакиј, бил успешен во спротиставувањето на законот, убедувајќи го султанот дека цариградските цркви се предале во 1453 за време на падот на Константинопол, па така биле поштедени и зачувани за христијанско обожување. Иако немало ферман кој можел да се покаже поради пожар во патријаршијата, тројца стари јаничари, кој живееле за време на настаните од 1453, се заколнале во куранот и им се верувало.[3]:189

Како патријарх, Теолепт ја преоформил црковната организација на бискупијата на Адријанопол, Самос и во Влашка.[2]

Забелешки[уреди | уреди извор]

  1. Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 38. ISBN 978-1-4344-5876-6. 
  2. 2,0 2,1 2,2 „Theoliptos I“. Ecumenical Patriarchate. http://www.ec-patr.org/list/index.php?lang=en&id=181. конс. 23 август 2011 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Runciman, Steven (1985). The Great Church in captivity. Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-31310-0. 
  4. B.G.Niebuhr, I.Bekker, уред (1849). „Historia Politica et Patriarchica Constantinopoleos“. Corpus scriptorum historiae byzantinae, Volume 49. Bonn. стр. 151–2. (la)
  5. R. Janin. (1956). „Costantinople, Patriarcat grec“. Dictionnaire d'histoire et de géographie ecclésiastiques 13. Paris: Letouzey et Ané.(fr)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]