Мелетиј I Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мелетиј I Цариградски
Александриски патријарх
ЦркваАлександриска патријаршија
Ракоположенавгуст 1590
Службата завршила12 септември 1601
ПретходникСилвестер
НаследникКирил III
Други службиместочувар (1597–1598) на Вселенскиот патријарх
Лични податоци
Роден1549
Кандија, Крит
Починал12 септември 1601
Александрија
Sainthood
Почитуван одПравославие

Мелетиј I Цариградскиалександриски патријарх меѓу 1590 и 1601 година. Во периодот од 1597 до 1598 година тој бил месточувар на Вселенскиот патријарх. Тој се чествува како светец во источната православна црква.[1]

Живот[уреди | уреди извор]

Мелетиј е роден во Кандија (Ираклион) на островот Крит, во тој период главен град на венецијанското Кралство Кандија во 1549 година,[2] каде тој изучувал класична филологија, филозоија и медицина во Падова. Тој бил избран за протосинкел на Александрискиот патријарх Силвестер, по чија смрт тој бил негов наследник на 5 август 1590 година.[3]

Иако бил поддржувач на доктрината на трансубстантиjација, тој бил голем противник на Католичката црква, и се обидувал да ја обедини Грчката црква со Коптската црква. Во 1593 година тој учествуал на синодот во Константинопол кој го потврдил основањето на Московската патријаршија.[1]

Без да се повлече од позицијата на Александриски патријарх, тој бил местодржец во Цариградската патријаршија во периодот од декември 1596 година до февруари 1597 година, и од март 1597 до април 1598 година, кога поднел оставка за да продолжи да се грижи за неговото Египетско намесништво.[2]

Починал во Александрија на 12 септември 1601 година.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Meletios Pigas (1590–1601)“. Official web site of the Greek Orthodox Patriarchate of Alexandria and All Africa. конс. 7 Sep 2011. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 38,46. ISBN 978-1-4344-5876-6. 
  3. „Μελέτιος Α´ ὁ Πηγᾶς“. Ecumenical Patriarchate. конс. 7 Sep 2011. (грчки)
Претходник
Теофан I
Цариградски патријарх
1597-1598
Наследник
Матеј II