Методиј III Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Методиј III ЦариградскиВселенски патријарх во периодот од 1668 до 1671 година.

По потекло од Крит, тој служел цо црквата на Богородица во Галата. Во 1646 година тој бил митрополит во Ираклија, и на 5 јануари 1668 година бил избран за патријарх наследувајќи го патријархот Климент.

Н о бидејќи претходниот патријарх Патениј IV бил непријателски расположен кон него, тој бил присилен да се повлече во март 1671 година и да стане монах во Хиос и подоцна во манстирот Строфади во Закинтос. Во 1677 година тој заминал во Венеција и станал свештеник во православната црква Свети Ѓорѓи Грчки која го опслужувала месното православно население се до неговоата смрт во 1679 година.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Ecumenical Patriarchate
  • Νεώτερον Εγκυκλοπαιδικόν Λεξικόν Ηλίου Vol. 13, p. 172.
Религиозни титули
Претходник
Климент
Цариградски патријарх
1668–1671
Наследник:
Дионисиј IV