Галата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Галата
Galata
населба
Поглед кон Галата од Босфор
Поглед кон Галата од Босфор
Земја Турција
РегионМармара
ПокраинаИстанбул
НаслебаБејоглу
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Postal code34425
Area code0-212

Галата или Пера — историска населба која се наоѓа во Истанбул, Турција. Се наоѓа на северниот дел од Златниот Рог. Оваа населба е една од најстарите во градот. Во времето на Цариград била една од најважните региони за градот. Во неа се наоѓа познатата кула Галата.

Историја[уреди | уреди извор]

Рана историја[уреди | уреди извор]

Кула Галата била изградена во 1348 година од трговците од Џенова.
Банкарска улица била финансиски центар во Отоманското Царство.
Арапска џамија.
Музеј Пера.

Во времето на Византија, оваа населба се викала Пера. За значењето на зборот има повеќе теории:

  • galaktos - што на грчки значи млеко
  • calata - што на италијанском значи степеница
  • Галат - што го означува племето Гали.

Областа уште во почетокот на 5 век била градско предградие, а во времето на Теодосиј II, кога биле изградени ѕидините започнала да се нарекува Галата, за да по доаѓањето на Османлиите започне да се нарекува Пера.

Византиско Царство[уреди | уреди извор]

Најголемо значење областа добила кога била изградена кулата Галата, која во најголем дел служела за одбрана на градот и набљудување на морето односно бродовите кои доаѓале од Златниот Рог. Во времето кога Византија стапила во трговски контакти со земјите од Западна Европа, Пера станала еден од најголемите трговски центри на џеновските и венецијанските трговци.

Во текот на 11 век, овде се наоѓала еврејската заедница на градот, која броела околу 2,500 луѓе.[1]. Во 1171 година, оваа џеновска населба била скоро уништена[2]. Ова бил повод византискиот цар Мануил I Комнин да затвори голем број на луѓе од Венеција и да ги конфискува нивните имоти, осудувајќи ги директно за настанот[2].

Во 1203 година, реонот бил тешко погоден во текот на Опсадата на градот[1] .

Латинско Царство[уреди | уреди извор]

По крајот на Четвртата крстоносна војна, Галата била приклучена во составот на Венецијанската Република. Подоцна областа била главниот премин на крстоносните бродови за падот на Цариград во 1204 година.

Византиско Царство[уреди | уреди извор]

По повторното воспоставување на византиска власт во градот во 1261 година, Венецијаните биле протерани од Галата. Во знак на благодарност кон Република Џенова[1], која помогнала во зазимањето на градот, царот Михаил VIII Палеолог Галата ја дал под нивна контрола. По ова, разрушената кула била повторно обновена, а Пера станала нивна трговска колонија.

Во текот на овој период започнале да се градат ѕидини околу Галата. Денеска постои само еден мал дел од тие ѕидини, кои се наоѓаат во близина на кулата. Овде била изградена официјалната палата на Галата во 1316 година[3], која денеска е во рушевини.

По падот на Цариград во 1453 година, Република Џенова била официјално неутрална, но под притисок на Византија сепак тие ја поставиле одбраната на градот. На 29 мај 1453 година Османлиите ја зазеле и Галата.

Отоманско Цаство[уреди | уреди извор]

На 24 мај 1453 година, градот Цариград паднал во рацете на Османлиите. По само неколку дена, колонијата на Џенова ја предала Галата на султанот Мехмед II. По предавањето, султанот веднаш назначил началник на градската полиција и еден градски судија, на кој начин Цариград го ставил под цела своја контрола. Во периодот на Византиското Царство, џеновската колонија била опколена со големи ѕидини и претставувала посебна урбана единица, независна од царот, но со зазимањето од Османлиите, овој статус Галата го изгубил.

Спред пописот на населението од 1455 година, немуслиманското население на Галата било поделено во три категории. Во првата категорија спаѓале провремените трговци од Италија, во втората жителите на реонот со потекло од Венеција и Џенова, и во третата спаѓале Грци, Ерменци и Евреи. Старите трговци станале поданици на султанот. Султанот целосно го контролирал пристаништето, како главно место за трговија меѓу истокот и западот. Според пописот од 1455 година, голен дел од бегалците се вратиле во Галата, поголемиот дел од нив биле богати Грци. Така, најголемиот дел од населението биле Грците, а по нив биле Латини, Ерменците и евреите. Во следните 50 години, во Галата се населиле голем број на Турци, кои ги зазимале подалечните западни реони. Првите Турци кои започнале да го населуваат реонот биле најчесто адмирали и јаничари. Освен тоа, се населиле и голем број на турски трговци. Според податоци од 1478 година, во реонот на Галата живееле 592 Грци или православни христијани, 535 муслимани, 332 латини и 62 Ерменци. Така, уште од 1478 година, населението било блиску 48% муслиманско. Во исто време, во целиот град било забрането да се населуваат христијани во муслимански реони, но трговијата била дозволена.

Едно од најважните дела на султанот Мехмед II била целосната интеграција на Галата со Истанбул, не само како трговско пристаниште, туку и стилот кој бил спроведен, придонесувајќи Галата да се претвори во еден вид порта на Истанбул кон Европа. Историчарот на султанот Мехмед, Турсун Беј во 1490 година напишал дека доколку некој сака да помине од Истанбул кон Френгистан или Галата, морал да плати едно акче. Изворите од 1453 до 1490 година покажуваат дека во Галата не се случиле големи промени во трговскиот живот на реонот. Џеновската заедница прифатила отоманско државјанство.

Во текот на 16 век, реонот станал седиште на главната султанска флота. Надвор од ѕидините на Галата во почетокот имало лозја и гробишта. Со изградбата на училиштето Галатасарај, во училиштето започнале да се школуваат семејствата од дворецот а со тоа и да се зголемува бројот на населението. Во времето на Селим II започнале во реонот да се градат резиденции на амбасадите.

По започнувањето на војната со Венеција, во реонот започнале да тргуваат трговци од Република Фиренца. Местото и понатаму останало значајно за трговијата. Кон 1569 година реонот започнал да биде населуван од страна на Арапи од Пиринејскиот Полуостров.

Во XVIII век бројот на христијаните започнал да се намалува. Но во текот на XIX век, бројот повторно започнал да се зголемува. Патописецот Чарлс Вајт во 1840 година напишал дека Турците започнале да ги купуваат неопходните стоки во Бејоглу, а не во Капали чаршија. На двете страни од булеварот Пера биле отворени европски продавници и хотели. По Кримската војна, европизацијата на реонот се зголемила. Благодарение на трговските привилегии, европските трговци, главно од Англија, Галата ја претвориле во пристаниште со слободен трговски статут.

Кон средината на XIX век, Галата се претворила во седиште на голем број на банки. Немуслиманското население од другите краеви на Истанбул започнало да се населува повторно во Галата. Во 1857 година, Галата добила статус на избор на посебен градоначалник. Патувањето меѓу Истанбул и Галата минувало низ Златниот Рог. Во текот на овој век биле изградени два моста.

Во 1876 година бил изграден тунел од Караќој до Бејоглу, како еден од првите во светот.

Галата денес[уреди | уреди извор]

Денеска, населбата е една од најпосетуваните во градот. ФК Галатасарај е еден од најпознатите клубови во Турција и светот. Овде се наоѓа и познатото училиште Галатасарај. Галатасарај во превод буквално значи Палата Галата[4].

Градби[уреди | уреди извор]

Слики[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Kazhdan, Alexander, уред. (1991), Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, стр. 815, ISBN 978-0-19-504652-6
  2. 2,0 2,1 John Julius Norwich, A History of Venice, First Vintage Books Edition May 1986, p. 104
  3. „Ottoman Bank Museum: Bereket Han on Bankalar Caddesi“. Архивирано од изворникот на 2009-04-10. Посетено на 2011-12-05.
  4. „Galatasaray Sports Club 2288 Website“. Архивирано од изворникот на 2009-08-05. Посетено на 2009-12-25.

Координати: 41°01′22″N 28°58′25″E / 41.02278° СГШ; 28.97361° ИГД / 41.02278; 28.97361