Опсада на Цариград (1261)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
За другите опсади на градот видете Опсада на Цариград
Опсада на Цариград (1261)
Дел од Никејско-латински војни
Car bed kap2.jpg
Портата преку која бил заземен градот
Датум 1261
Место Цариград , Латинско Царство
Исход Заземање на градот и обновување на Византија
Завојувани страни
Palaiologos flag Никејско Царство Византија Blason Empire Latin de Constantinople.svg Латинско Царство

Опсадата на Цариград од 1261 година претставува успешна воена операција со која градот бил преземан од страна на Михаил VIII Палеолог, а со тоа се ставило крај на Латинското Царство.

Позадина[уреди | уреди извор]

По преземањето на Цариград од страна на крстоносците, на територијата на Византија било формирано Латинското Царство и неколку мали византиски држави, од кои најсилни биле Никејското Царство и Епирското деспотство. Никејското царство со текот на времето успеало да зазеде неколку територии во Анадолија. По неуспешната опсада во 1260 година од страна на Михаил VIII Палеолог, императорот се подготвил за нов напад на градот, кој започнал на 26 јули 1261 година.

Опсада[уреди | уреди извор]

Опсадата на градот започнала на 25 јули 1261 година, и истата била предводена од страна на Алексеј Стратегопул. Заземањето на градот можеби било сосема случајно. Алексеј Стратегопул со само околу 800 луѓе[1] се наоѓал во Тракија, за да ја надгледува никејско-бугарската граница. Тој се упатил кон Цариград. По преминувањето на Босфорот неговата армија разбрала дека градот е сосема празен и нема од кого да биде одбранет. Во помош му дошла и џеновската флота. Во ваква ситуација го заварил градот главно поради договорот којшто сѐ уште постоел помеѓу Никеја и Латинското Царство, кој требало да заврши во август истата година.[2]Венецијанската флота била распоредена во Црното море, а во градот останал само мал број на бродови. Тој во текот на ноќта, можеби со помош на населението, успеал да влезе во градот. Неговите сили без проблеми успеале да го заземат градот. Сепак, царот Балдвин II успеал да побегне. Михаил III во градот влегол на 15 август, и во црквата Света Софија бил прогласен за нов император на Византија, додека пак Алексеј бил награден со титулата цезар.

Видете исто[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]