Опсада на Цариград (1260)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
За другите опсади на градот видете Опсада на Цариград
Опсада на Цариград (1260)
Дел од Никејско-латински војни
Byzantine Constantinople-en.png
Карта која го покажува градот во времето на Византија
Датум 1260
Место Цариград , Латинска империја
Исход Повлекување на Никеја
Завојувани страни
Palaiologos flag Никејско Царство Blason Empire Latin de Constantinople.svg Латинска империја

Опсадата на Цариград од 1260 година претставува неуспешен обид за преземање на престолнината на Латинската империја од страна на Никејското царство.

Позадина[уреди | уреди извор]

По преземањето на Цариград од страна на крстоносците, на територијата на Византија била формирана Латинската империја и неколку мали византиски држави, од кои најсилни биле Никејското Царство и Епирското деспотство. Како основна и крајна цел на овие држави била повторното освојување на Цариград и повторно обновување на Византија. Трапезунтското царство всушност не играела никаква улога во обидите за обновување на империјата.[1]

Опсада[уреди | уреди извор]

Плановите на никејскиот цар Михаил VIII Палеолог биле насочени во две насоки. Најпрвин требало да се презема околината на денешната населба Галата со кое би се блокирал патот кон Златниот Рог и доаѓање на помош на градот по морски пат. Доколку би се успеало во ова, планот бил да се нападне градот кон главната порта.

Во текот на 1260 година, Михаил VIII Палеолог успеал да зазеде голем број на градови и територии кои припаѓале на Латинската империја, а по ова се упатил кон Цариград и Галата и ги опседнал. Но војската која била поставена околу Галата се покажала многу посилна од очекувањето на Никеја, и портите на градот сепак не биле пробиени. Заклучувајќи дека градот нема да биде лесно освоен, Михаил III наредил опсадата да биде повлечена во април. [2]

Во август 1260 година, бил потпишан договор помеѓу Михаил VIII и Балдвин II во времетраење од една година (се до август 1261) [3].

Видете исто[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Bartusis, 39
  2. Bartusis, 39.
  3. Ostrogorsky, 449.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Mark C. Bartusis, The Late Byzantine Army: Arms and Society, 1204-1453. University of Pennsylvania Press University, 1992. [1]