Млеко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Чаша млеко

Млекото најчесто значи хранлива течност произведена од женките цицачи. Тоа ја обезбедува основната исхрана на новороденчињата пред нивниот организам да може да дигестира различни видови храна. Млекото се преработува во млечни производи како што се павлака, путер, јогурт, сирење, лактоза, суво млеко и други продукти.

Истиот термин може да се користи и за:
- белиот сок и обработеното месо на кокосот, најчесто во течна форма, кои се користат во тајландската, индиската и полинезиската кујна.
- неживотинска замена на млекото, како што се млекото од соја, ориз и бадем.

Млекото како тема во уметнота и популарната култура[уреди | уреди извор]

Млекото се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:

  • „Млеко на исконот“ (Млеко искони)- поетска збирка на српскиот поет Миодраг Павловиќ од 1962 година.[1]
  • „Безбедно како млеко“ (Safe as Milk) - песна од истоимениот албум на американскиот рок музичар Капетан Бифхарт (Captain Beefheart) од 1967 година.[2]
  • „Мајчино млеко“ (Mother's Milk) - албум на американскaта рок група „Ред хот чили пеперс“ (Red Hot Chili Peppers) од 1989 година.[3]
  • „Мајчино млеко“ (Mother's Milk) - песна на американскata рок група „Свонс“ (Swans) од 1992 година.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]