Опсада на Цариград (1203)

Од Википедија — слободната енциклопедија
За другите опсади на градот видете Опсада на Цариград
Опсада на Цариград (1203)
Дел од the Четврта крстоносна војна

Венецијански брод навлегува на Златниот Рог
Датум 1203
Место Цариград , Византија
Исход Алексиј IV Ангел се качува на престолот
Завојувани страни
Византија Четврта крстоносна војна
Команданти и водачи
Византија Алексиј III Ангел
Алексиј V Дука
Бонифациј Монфератски
Енрико Дандоло
Сила
Византијци: 30,000 [1]
  • Византијци: 20 бродови[2]
Крстоносци: 10,000 [3]
Венецијани: 10,000 [3]
  • Венецијани: 210 бродови[1]
Жртви и загуби
непознато непознато

Опсадата на Цариград од 1203 година — неуспешен обид за освојување на престолнината на Византија од страна на Крстоносците.

Опсада[уреди | уреди извор]

За да можат крстоносците со сила да го освојат Цариград , најпрвин тие морале да го поминат Босфорот. Со околу 200 бродови, коњаници и транспортни возила крстоносците своите позиции ги приближиле кон своите цели, каде византискиот цар пак Алексиј III Ангел веќе ги имал распоредено своите сили по должината на брегот, северно од денешната населба Галата. По нападот на крстоносците, византијците побегнале кон југ, а кулата Галата била освоена од крстоносците оневозможувајќи го преминот кон Златниот Рог. Додека крстоносците се сконцентрирале главно околу кулата, со контра напад Византија успеала да им нанесе загуби. Но кога дошла пообемна крстоносна војска, кулата била повторно освоена[4]. По освојувањето на кулата, преку Златниот Рог започнале да навлегуваат венецијанските бродови во градот. На 11 јули, крстоносците своите позиции ги насочиле наспроти ѕидините на Влахерна, во северозападниот дел на градот. Опсадата на градот ја започнале на 17 јули пред ѕидините на градот, додека пак венецијанската флота ги нападнала позициите на Византија преку Златниот Рог. Во текот на оваа битка биле опожарени околу 120 хектари земја.

Алексиј III Ангел конечно тргнал во офанзива која била предводена преку портата Свети Роман. Неговата армија, која броила околу 8.500 војска се соочила со крстоносната која била околу 3.500 но сепак нападот не успеал и неговата војска се повлекла во градот.[5] Можеби главно поради овој неуспех, во градот настанал голем пустош и пожар каде околу 20.000 луѓе останале без своите домови.[6]

Царот знаел дека градот нема да може да го одбрани, па така успеал да побегне со голема количина на злато, некои скапоценети камења и слично. По ова, од затвор бил ослободен Исак Ангел и бил вратен на престолот, додека пак сопругата на Алексиј затворена а целиот нејзин имот конфискуван. Така, на 1 август за цар на Византија бил избран неговиот син Алексиј IV Ангел. По неколкудневните преговори, главната цел на крстоносците била да Византија отплати голема количина на злато. Сепак, бил постигнат договор нападот да се одложи за шест месеци, по кое градот бил освоен.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 J. Phillips, The Fourth Crusade and the Sack of Constantinople, 106
  2. J. Phillips, The Fourth Crusade and the Sack of Constantinople, 159
  3. 3,0 3,1 J. Phillips, The Fourth Crusade and the Sack of Constantinople, 269
  4. „Sack of Constantinople, 1204“. Agiasofia.com. Архивирано од изворникот на 2009-02-07. Посетено на 2008-12-30.
  5. J. Phillips, The Fourth Crusade and the Sack of Constantinople, 177
  6. J. Phillips, The Fourth Crusade and the Sack of Constantinople, 176

Надворешни врски[уреди | уреди извор]