Бејоглу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бејоглу
District
Улица Истиклал
Location of Beyoğlu in Istanbul Province
Location of Beyoğlu in Istanbul Province
Бејоглу се наоѓа во Турција
Бејоглу
Location of Beyoğlu in Istanbul Province
Координати: 41°02′13″ СГШ 28°58′39″ ИГД / 
Земја Турција
Провинција Истанбул
Управа
 • Градоначалник Ахмет Демирџан ((ППР))
Површина[1]
 • District 8,66 км2
Население (2012)[2]
 • District 246.152
 • District густина 280/km2
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)
Повик. бр. 0-212
Мреж. место beyoglu.bel.tr beyoglu.gov.tr

Бејоглу — округ кој се наоѓа на европската страна на Истанбул, Турција. Овој регион се наоѓа на т.н. историски полуостров во Цариград од страната на Златниот Рог. Во текот на средниот век, регионот се викал Пера, и тоа име се одржало до создавањето на модерна Турција.

Областа опфаќа повеќе населби кои се наоѓаат северно од Златниот Рог, меѓу кој: Галата, Караќој, Џихангир, Шишхан, Тепебаши, Тарлабаши, Долапдере и Кашимпаша. Областа е позната по активниот уметнички живот, забава и култура во Истанбул. Со центарот на градот, Бејоглу е поврзан со мостот Галата.

Историја[уреди | уреди извор]

Територијата на денешен Бејоглу била населена уште од времето на Исус Христос. Во римско време, името на оваа област се викала Сикај и Перан кое во превод значело “од другата страна на Златниот Рог“. Во времето кога Византија започнала да го проширува градот и неговите ѕидини, овој регион започнал да се нарекува Галата. Името Галата потекнува од грчкиот збор Galaktos што значи млеко. Според некои верувања пак, се смета дека името доаѓа од галите.

Областа можеби била основана по доаѓањето на европските трговци, оснобено од Џенова и Венеција. Во тој период, областа била позната под името Пера. По Четвртата крстоносна војна, регионот бил под управа на Венеција. Црквата Свети Павле и Доменик (денеска Арапска џамија) датира од тој период.

Во 1273 година, Пера била дадена на Република Џенова од страна на Михаил VIII Палеолог во замена да Џенова ја подржи Византија во Четвртата крстоносна војна. Во 1316 година била изградена Џеновската палата[3] Во 1348 година била изградена познатата Кула Галата. Тогаш кулата била наречена Christea Turris (односно Кулата на Христос). Под контрола на Џенова, областа останала до падот на Константинопол во 1453 година.

Најпознати места[уреди | уреди извор]

Збратимени општини[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]