Усќудар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Усќудар
Üsküdar

Üsküdar Belediyesi
Општина Усќудар
Kızkulesi (Maiden's Tower), off the coast of Üsküdar (Europe is background)
Кула Киз
Istanbul location Üsküdar.svg
Координати (Municipal Building): 41°01′26.36″ СГШ 29°00′59.48″ ИГД / 
Земја Турција
Провинција Истанбул
Општина во Истанбул 1984
Neighborhoods
Управа
 • Municipal president Mustafa Kara (Justice and Development Party)
Површина[1]
 • Вкупна 35,7 km2 (138 sq mi)
Население (2008)[2]
 • Вкупно 524.889
 • Густина 1,500/km2 (3,800/sq mi)
Мреж. место http://www.uskudar.bel.tr

Усќудар или Скутари (турски: Üsküdar) — еден од најголемите и најгусто населени подрачја во Истанбул, Турција. Усќудар се наоѓа на азиската страна од градот. Според податоци од 2007 година, овде живеат 492.666 жители. Во отоманскиот период, Усќудар бил еден од трите населби надвор од градските ѕидини на Цариград (заедно со Ејуп и Галата).

Во Усќудар денеска се наоѓаат околу 180 џамии[3], кои во најголем дел биле градени во времето на османлиската империја. На некои од нив има работено и познатиот архитект Мимар Синан. Една од најпознатите џамии во овој регион е „Султанија Миримах“, која била изградена во чест на ќерката на Сулејман Величествениот. Поамала џамија е Шемши-пашимата, која поседува една мала библиотека. Други попознати џамии се: „Јени Валиде“, „Атик Валид“, „Шакрин“ и други.

Исто така, овде се наоѓаат и поголем број на цркви, како Црквата Свети Илија, ерменската црква на Мурат Реис, Сурп Хач (црквата на Светиот Крст) и.т.н.[4][5]

Во регионот се наоѓа и синагогата Бет Јаков[6] и Бет Нисим .


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Üsküdar Belediyesi. Sayılarla Üsküdar. https://ebelediye.uskudar-bld.gov.tr/portal/uskudar_/t1.jsp?PageName=sayilarlaUskudar Retrieved 13 August 2009.
  2. Türkiye İstatistik Kurumu. İlçelere Göre Merkez ve Belde/Köy Nüfus Toplamları: 2008. http://report.tuik.gov.tr/reports/rwservlet?adnksdb2=&report=turkiye_ilce_koy_sehir.RDF&p_il1=34&p_ilce1=1708&p_kod=2&p_yil=2008&desformat=html&ENVID=adnksdb2Env Retrieved 13 August 2009.
  3. Üsküdar Müftülüğü. Üsküdar Müftülüğüne Bağlı Camiler Listesi. http://www.uskudarmuftulugu.gov.tr/index.php?makaleid=77 Retrieved 10 August 2009
  4. Üsküdar Belediyesi. Kiliseler. http://www.uskudar.bel.tr/portal/rehber_/rehbern.jsp?PageName=rehbern&ID=10404&ADI=Kiliseler Retrieved 14 August 2009
  5. Tuğlacı, pages 121-129, 169-171, 194.
  6. Türkiye Hahambaşılığı (Chief Rabbinate).Synagogues: Asian Side of the Bosphorus. 2005. http://www.musevicemaati.com/index.php?contentId=27 Retrieved 14 August 2009
Печатени извори
  • Adım Adım İstanbul İnanç Atlası: Camiler, Türbeler, Ziyaret Yerleri, Mezarlıklar. Mapmedya. 2004. ISBN 975-6206-02-0. 
  • Hürel, Haldun (2008). Semtleri, Mahalleri, Caddeleri ve Sokakları A'dan Z'ye İstanbul'un Alfabetik Öyküsü. İkarus. ISBN 978-975-999-290-3. 
  • Kumbaracılar, İzzet (2008). İstanbul Sebilleri. Kapı. ISBN 978-9944-486-87-3.  (First published 1938)
  • Tuğlacı, Pars (1991). İstanbul Ermeni Kiliseleri = Armenian Churches of Istanbul = Istʻanpuli Hayotsʻ ekeghetsʻinerě. Pars. ISBN 975-7423-00-9. 
== Надворешни врски ==