Општина Центар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Центар

Map of Centar Municipality, Macedonia.svg

Општи податоци
Седиште Населба Центар, Град Скопје
Површина 7,52 км²
Демографија
Население 45362 жители
Густина на население 6.032,18 жит/км²
Населени места
Локална управа
Градоначалник Андреј Жерновски
Совет 23 члена
Контактни податоци
Адреса на седиште Михаил Цоков б.б. 1000 Скопје
Телефон 02 3222-716 (Ц.), 02 3223-343, 02 3225-352, 02 3128-043
Факс 02 3211-089, 02 3061-925
Портал Службен портал
Е-пошта е-пошта
Натписна плоча на општината на објект

Општина Центаропштина во состав на градот Скопје и е негова централна општина. Се наоѓа во средишниот и јужниот дел на градот, го опфаќа плоштадот Македонија, двата брега на реката Вардар и дел од планината Водно. Како централна општина на градот Скопје, а воедно и на Република Македонија на нејзината територија се наоѓаат Владата, Собранието, неколку министерства и многу државни заводи, агенции и управи. На територијата на општината се наоѓаат и ректоратот на скопскиот универзитет Св. Кирил и Методиј заедно со неколку факултети и собранието на град Скопје. Градоначалник на општината е Андреј Жерновски, а нејзино обележје е митолошката птица Феникс, која го симболизира преродбата на градот по земјотресот во 1963 г.

Географиja[уреди | уреди извор]

Општина Центар зафаќа површина од 7,52 км2 и има густина на населеност од 6 032,18 жители/км2.

Граници[уреди | уреди извор]

Главна статија: Граници на Општина Центар

Историja[уреди | уреди извор]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во Општина Центар живеат 45 412 жители од кои:

Населби во Општина Центар[уреди | уреди извор]

Под подрачјето на Општина Центар не влегуваат села и наслени места, односно целото подрачје на општината се протега на урбаната територија на градот Скопје.

Во состав на општината влегуваат следниве населби и маала: Центар, Капиштец, Пролет, Буњаковец, Маџир Маало, Дебар Маало, Ново Маало, Пајко Маало, Водно, Крњево Маало, Парк Маало и Тасино Чешмиче. Во населбата денес како топоним односно месност постои Еврејско маало на чие место било еврејска населба сè до нивната депортација за време на Втората светска војна.

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Органи[уреди | уреди извор]

Органограм на Општина Центар

Совет[уреди | уреди извор]

Советот на Општина Центар се состои од 23 члена, на чело со претседател. При советот функционираат и комисии по разни области:

Урбани заедници[уреди | уреди извор]

Целокупното подрачје на Општина Центар е поделено на 17 урбани заедници.[1] Тие имаат свое седиште, а со нив раководат претседателите на урбаните заедници. Највисок орган на урбаната заедница е Советот на урбаната заедница, составен од 7 членови на Советот, од кои еден е претседателот на урбаната заедница, кој и ги води седниците на Советот.

Заради подобра координација на активностите на урбаните заедници, на иницијатива на претседателите на урбаните заедници е формирано Координативно тело на урбаните заедници во кое партиципираат сите урбани заедници претставувани од нивните претседатели. Со Координативното тело на урбаните заедници раководи претседателство во состав Мирчевски Дамјан- претседател на Координативното тело на урбаните заедници, Марковски Благоја, Игор Лешко, Драган Атанасовски и Стојан Донев - членови на претседателството на Координативното тело на урбаните заедници на општина Центар.

Урбана заедница Адреса на седиште Телефон Претседател
Невена Георгиева - Дуња Ул. „Васил Ѓоргов“ бр.2 071/ 248-956 Сашо Димитровски
Боро Петрушевски - Папучар Ул. „Ѓорги Скрижевски“ бр. 20 070/ 242-320 Благоја Марковски
Кочо Рацин Ул. „Бигла“ бр. 2 075/ 603-053, 31-76-249 Неда Ивановска
Мито Хаџивасилев - Јасмин Ул. „50 Дивизија“ 075/ 590-985 Васе Трајковски
Дане Крапчев Ул. „Алберт Ајнштајн“ 071/ 525-626, 32-30-202 Игор Лешко
Наум Наумовски - Борче Ул. „Орце Николов“ бр. 79 070/624-959, Даниел Темелковски
Раде Јовчевски - Корчагин Ул. „Ѓуро Ѓоновиќ“ бр.43 075/ 852-884, 31-34-878 Драган Атанасовски
Миле Арсовски Ул. „Васил Стефановски“ бр.15 075/ 451-229, 32-98-569 Дамјан Мирчевски
Мирче Ацев Ул. „Орце Николов“ бр.29 070/525-096 Бошко Лозанче
Роберт Гајдик Ул. „Кочо Рацин“ бб 075/ 608-501 Зоран Велевски
Васил Антевски - Дрен Ул. „Коста Шахов“ бр.20 тел: Игор Стојановски
Мирче Мацан Ул. „Пролет“ бр.39 077 / 713-355 Влатко Галабов
Славе Георгиевски - Шнајдерот Ул. „Мирче Ацев “ бб. Ристо Белов
Благоја Деспотовски - Шовељ Ул.„Ѓуро Стругар “ бр.15-а
Јане Сандански Ул. „Битпазарска “ бр.125 071/ 839-233, 31-24-221 Стојан Донев
Боте Ботевски Градски трговски центар 070/ 273-960, 31-62-855 Пане Глигоров
Крњево /// 071-238-637 Влатко Митковски

Проект „Безбедност за сите“[уреди | уреди извор]

Урбаните заедници на општина Центар, организирани преку Координативното тело на урбаните заедници, отпочна со реализација на проектот „Безбедност за сите“, проект за зголемување на безбедноста на граѓаните преку интензивирање на соработката со полицијата. Проектот е финансиран од Мисијата на ОБСЕ во Р.Македонија и претставува пилот проект од ваков карактер во Р.Македонија и во земјите од соседството. Носител на проектот е Координативното тело на урбаните заедници, а соработници претставници од МВР - ПС Центар, Општина Центар, невладини организации и агенциите за обезбедување.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

На подрачјето на општината се наоѓаат многу културно - историски споменици и знаменитости по кои е препознатливо Скопје и Македонија. На подрачјето на општината се наоѓаат познатите Камен Мост и скопското Кале (кои се застапени на грбот на градот Скопје). Исто така во Дебар Маало е остатокот од влезниот дел на првата македонска гимназија по втората светска војна, потоа се наоѓаат црквите Свети Димитрија и соборниот храм Свети Климент Охридски (за жал со новата територијална поделба на Општина Чаир и беше придодадена една од најстарите и најбогатите македонски цркви Свети Спас во која се наоѓа гробот на македонскиот херој и великан Гоце Делчев и извонреден резбан иконостас со непроценлива вредност).

Збратимени општини[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.opstinacentar.gov.mk/urbani_zaednici.aspx: „Целото подрачје на општина центар е поделено на 17 урбани заедници“
  2. Центар се збратими со Бејоглу во Истанбул“, Нова Македонија, 21 април 2012 (конс. 21 април 2012 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]