Учителска школа (Скопје)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Учителска школа — некогашна педагошка образовна установа во кругот на денешна Општина Центар во Скопје. Oстаток од неа е само порталот како споменик и сведок на минатото.

Историја[уреди | уреди извор]

Учителската школа некогаш

Хафиз Мехмед-паша (турски:Hafiz Mehmed Paşa), роден во Багдад, доаѓа 1820 во Скопје за скопски валија. Помеѓу другото неговото внимание го посветува на образованието па почнува со градба на средното училиштеИдадија“ во близина на градскиот парк, кој е исто така негово дело, во тоа време познат под името „Ислахански парк“.

Во средното осмогодишно училиште можеле да учат сите деца и од сите вероисповеди, учејки во дневно или вечерно училиште.

Набрзо потоа се претвора во гимназија, а во 1898 г. во Учителска школа. Во неа се создава кадар за потребите на образованието - учители така што во учебната 1913/1914 година завршиле 287 ученици.

Порталот од Учителската школа оставена на забот на времето

Во 1935 Учителската школа е поплавенa од излевањето на Вардар. Kако спомен на таа непогода на едниот столб од порталот е издлабена годината и водостојот која го зафатила.

На 3 ноември 1944 во селото Горно Врановци, е донесена одлука за основање на Школата за народни учители во Скопје.

Школата за народни учители во Скопје официjално започнува со работа на 1 март 1945 година, со 13 наставници и 314 ученици во 9 паралелки.

Третиот кат бил интернат за женските ученици, со болнички стационар, a машките биле сместени во објектите во дворот на истата.

Подоцна од Учителска школа се преименува во Учителска школа „Никола Карев“ – Скопје.

По земјотресот[уреди | уреди извор]

По втор пат во 1962 година реката Вардар го поплавува училиштето, а веке следната година по катастрофалниот земјотрес во 1963 година се урива зградата, оставајќи го само влезниот портал од Учителската школа, како нем споменик.

Во 2006 Општина Центар започна со иницијатива порталот од Учителската школа да претставува симболичен влез во новата општинска зграда, спечувајќи го така неговото пропаѓање од забот на времето.

Поврзаност[уреди | уреди извор]

На 9 април 1909 година турски офицери на импровизираното игралиште на полјанката зад некогашната Учителска школа во населбата Ислахане (Идадија) во Скопје го одиграа првиот натпревар меѓу себе. Овој датум е прогласен за Ден на македонскиот фудбал.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Интернет Досие: Учителската школа (Скопје) - Хронологија[уреди | уреди извор]