Општина Берово
![]() |
![]() |
Знаме | Грб |
Општи податоци | |
Седиште | Берово |
Регион | ![]() |
Површина | 598,07 км2 |
Основана | 2004 |
Службен јазик | македонски |
Демографија | |
Население | 13.941 жит. |
- проценка од 31.12.2016 | 12.813 жит. |
Густина | 23,31 жит./км2 |
Населени места | 9
|
Народности | Македонци |
Самоуправа | |
Градоначалник | Звонко Пекевски |
Совет | 15 члена |
Контактни податоци | |
Седиште | Општина Берово 2330 Берово |
Телефон | 033 471-057, 033 471-246 |
Факс | 033 471-026 |
Мреж. место | Службен портал |
Општина Берово — општина во Македонија. Центар на општината е градот Берово, кој е и единствено градско подрачје во општината. Според пописот од 2002 година во општината живеат 13.941 жител во 9 населени места. Густината на населението на општината е 23,3 жители на метар квадратен, а вкупната површина на општината изнесува 598 километри квадратни. Општината е претежно населена од Македонци, македонскиот јазик е доминантен, а православието најголема религија во општината. Општината е позната по Беровското Езеро и својата природа.
Географија[уреди | уреди извор]
Општина Берово се наоѓа во Источна Македонија. Општината се протега во историско-географската област Малешевија. На територијата на општината се протегаат Малешевските Планини. Општина Берово граничи со Општина Виница и Општина Делчево на север, со Општина Пехчево на североисток, со Општина Ново Село и Општина Босилово на југ, со Општина Василево на југозапад и Општина Радовиш на запад. Вкупната површина на Општината изнесува 598 километри квадратни, а вкупното население според пописот од 2002 година изнесува 13.941 жител. Општината има планински релјеф. На територијата на Општината извира реката Брегалница, а источно од градот Берово се наоѓа планинското Беровско Езеро. Климата во општината е континентална.[1]
Демографија[уреди | уреди извор]
Општина Берово, според пописот од 2002 година, има вкупно население од 13.941 жител.
Народ | Вкупно | Удел (%) |
---|---|---|
Македонци | 13.335 | 95,67 |
Албанци | 0 | 0,00 |
Турци | 91 | 0,65 |
Роми | 459 | 3,29 |
Власи | 6 | 0,04 |
Срби | 20 | 0,14 |
Бошњаци | 3 | 0,02 |
останати | 27 | 0,19 |
Вероисповед | Вкупно |
православни | 13.264 |
муслимани | 556 |
католици | 10 |
протестанти | 0 |
останати | 111 |
Јазик | Вкупно |
Македонски | 13.735 |
Албански | 0 |
Турски | 48 |
Ромски | 108 |
Влашки | 4 |
Српски | 25 |
Бошњачки | 0 |
останати | 21 |
Доминантна етничка заедница во Општината се Македонците, доминантен јазик е македонскиот и доминантна религија во Општината е православието. Општината е составена од 9 населени места, меѓу кои и градот Берово како најголемо населено место во Општината. Густината на населението е 23,31 жител на км2.[2]
Населени места[уреди | уреди извор]
Општината има 9 населени места, од кои едно е градско населено место. Градот Берово е единственото градско подрачје во општината.
бр. | место | жители[3] |
---|---|---|
1. | Берово | 7.002 |
2. | Русиново | 2.095 |
3. | Владимирово | 861 |
4. | Ратево | 844 |
5. | Смојмирово | 765 |
6. | Двориште | 757 |
7. | Митрашинци | 729 |
8. | Будинарци | 682 |
9. | Мачево | 206 |
Историја[уреди | уреди извор]
Берово како општина функционирало уште со административната поделба на СР Македонија од 1952 година. Претходно општините се именувале како народни одбори. Последното утврдување на Општина Берово како административна единица на Македонија е со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година.
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Во градот Берово се наоѓа Музејот на град Берово и Домот на културата „Димитар Беровски“.
Образование[уреди | уреди извор]
- Градинки
- Основно образоване
- Средно образование
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Градоначалник на општина Берово е Звонко Пекевски од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[4] Советот на општина Берово е составен од 15 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:
Локалната управа на општината е составена од следниве комисии:
- Комисијата за финансирање, буџет и локален екомонски развој
- Комисија за еднакви можности
- Комисија за јавни дејности
- Комисија за општествени дејности
- Комисија за одбележување на празници и доделување на награди и признанија
- Комисија за статут и прописи
- Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Цркви и манастири[уреди | уреди извор]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Будинарци
- Црква „Св. Спас“ - Владимирово
- Црква „Св. Илија“ - Владимирово
- Црква „Прсвета Богородица“ - Двориште
- Црква „Св. Петар и Павле“ - Ратево
- Црква „Св. Петка“ - Русиново
- Црква „Св. Марко“ - Русиново
- Црква „Св. Архангел Михаил“ - Русиново
- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Берово
- Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Суви Лаки
- Црква „Св. Недела и Св. Петка“ - Абланица
- Црква „Св. Тодор“ - Берово
- Манастир „Св. Архангел Михаил“ - Берово
- Манастир „Успение на Пресвета Богородица“ - Берово
Личности[уреди | уреди извор]
- Дедо Иљо Малешевски (1805 - 1898), македоснки ајдут и револуционер
- Димитар Поп Георгиев Беровски (1840 - 1907), македонски револуционер
- Никола Малешевски (1852 - 1935), македонски револуционер
- Атанас Раздолов (1872 - 1931), македонски револуционер и поет
- Димитар Ацев (1893 - 1923), македонски комунист
- Константин Поп Георгиев, македонски револуционер
- Марија Поп Георгиева, македонска ајдутка, сестра на Дедо Иљо Малешевски
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Спорт[уреди | уреди извор]
Во рамките на Општина Берово функционира Фудбалскито клуб „Малеш“, кој е основан во 1919 година. Покрај овој клуб, во Општината опстојува и Ракометниот клуб „Малеш“. Покрај екипните спортови, во Берово се регистрирани и Риболовното друштво „Абланица“ и Ловечкото друштво „Дабевец“. На територијата на Општината се наоѓаат следниве спортски терени[5]:
- Спортски терени Хотел „Манастир“
- Терен за мал фудбал „ФИФА“
- Спортка сала ООУ „Дедо Иљо Малешевски“
- Спортски терен „Стара гимназија“
- Спортска сала „Македонски бранители“
- Спортски терен „Кеј р. Брегалница“
- Стадион
Иселеништво[уреди | уреди извор]
За општина Берово се забележува внатрешна и надворешна миграција. Внатрешната миграција се одвива кон поголемите градски центри во Републиката, а надворешната кон западноевропските држави, првенствено Италија и Германија.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Географска локација и релјеф - Општина Берово“. berovo.gov.mk. Посетено на 3 февруари 2021.
- ↑ „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.
- ↑ Попис во Македонија 2002
- ↑ „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.
- ↑ Спорт во Општина Берово
Поврзано[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Општина Берово“ на Ризницата ? |
- Службен портал на Општина Берово
- Општина Берово на malesh-net.com
- Берово Денес - забавно-политички портал
- Општина Берово на Златна Книга.
- Општина Берово во „АБВ - деловен именик“
|
|