Саша Богдановиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Саша Богдановиќ
Саша Богдановиќ.jpg
Градоначалник на Општина Центар
На должноста
2017 – во служба
Претходник Андреј Жерновски
Лични податоци
Роден(а) 17 мај 1985 (1985-05-17) (воз. 32 г.)
Постојна, СР Словенија
Партија СДСМ
Професија политиколог

Саша Богдановиќ (роден на 17 мај 1985 во Постојна, Словенија) — актуелен градоначалник на Општина Центар, граѓански активист, претседател на општинската организација на СДСМ- Центар и моментален директор на ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Личен развој[уреди | уреди извор]

Богдановиќ во 2001 година станал член на политичката партија СДСМ, а во 2003 година активно се вклучил во сите активности од општествена одговорност. Во 2004 година завршил средно медицинско училиште и дипломирал политички науки на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

Во 2009 година се вработил во фабриката за изолациони материјали „Кумал -СК“, каде што после една година бил поставен како раководител на комерција, сè до мај 2013 година, кога бил именуван за за в.д. директор на јавното претпријатие ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Богдановиќ во 2014 ја добил функцијата Претседател на Општинската Организација на СДСМ во Центар.

Тој е првиот директор на ЈП ПОЦ кој ги ослободил жителите на Општина Центар од плаќање за паркинг и притоа ги вратил сите долгови кои биле затекнати во претпријатието со неговото доаѓање на функција.[1]Како директор вовел многу новитети и поволности, како гостинска М-карта[2] со зголемен број на часови за гости, Новинарска мобилна карта[3], Бизнис карта[4], Карта за спортисти и тренери и бесплатен паркинг за хибридни возила[5]. Со претходно добиена согласност од Советот на Општина Центар, од 2013 година финансиски го помагнал КК Работнички.

Богдановиќ се залага за правата на сите граѓани и преку многубројни хуманитарни акции кои ги организирал заедно со своите пријатели и соработници. Во мај 2017 година, за прв пат на територија на Општина Центар, ја започнал кампањата за стерилизација на бездомни животни „Центар на 4 нозе“.

Политичка кариера[уреди | уреди извор]

  • 2008 – Шеф на Центаралниот младински изборен подштаб
  • 2009 – раководител на сектор логистика и оператива и член на Извршниот Одбор на Општинската Организација на СДСМ – Центар.
  • 2011 – шеф на логистика и оператива
  • 2013 - шеф на логистика и оператива
  • 2014 – шеф на Општински изборен штаб
  • 2014 - Претседател на Општинската Организација на СДСМ во Центар.
  • 2015 – координатор на проектот „Мрежа“ за скопскиот регион.
  • 2017 – градоначалник на Општина Центар

Наводи[уреди | уреди извор]