Прејди на содржината

КК Работнички

Од Википедија — слободната енциклопедија
КК Работнички
ЛигаПрва лига мажи
Основан1946; пред 80 години (1946)
СалаГрадски Парк
Сала Капацитет1,400
МестоСкопје
Бои на клуботцрвена и бела
         
ПретседателРисто Гапиќ
ТренерДимитар Мираковски
СопственикОпштина Центар
Позиција 2018/19Вицепрвак
Прваци15 Прва кошаркарска лига
10 Куп на Македонија
2 Суперкуп на Македонија
Повлечени броеви13
Дресови
Домашен jersey
Team colours
Домашен
Гостински jersey
Team colours
Гостински


Активни оддели на ЖСД Работнички
Фудбал Кошарка Ракомет

КК „Работнички“македонски кошаркарски клуб од Скопје. Клубот е освојувач на 15 Првенствени-титули, десет Куп-титули, како и две Суперкуп-титули. Домашен терен на клубот е салата Градски парк.

Од постоењето на КК Работнички до денес низ овој Клуб продефилирале голем број кошаркари кои, секој на свој начин, дале придонес во развивањето на кошаркарскиот спорт во Македонија и влијаеле на успехот на КК Работнички.

Историја

[уреди | уреди извор]

Почетоци

[уреди | уреди извор]

Кошаркарскиот клуб Работнички бил основан во 1946 како дел од "ЖСД Работнички" и е најстар кошаркарски клуб во Македонија. Работнички е основан благодарение на Славко Матовски кој "собрал" група млади ентузијасти и ги подучувал за тајните на овој спорт.

На 2 и 3 август 1946 година, било одржано Првото кошаркарско првенство во Македонија, на изменет терен на Градскиот стадион Скопје, кое всушност служело за квалификафии за Југословенска кошаркарска лига за сезоната 1946. Тоа првенство било во рамките на Вториот фискултурен слет и тогаш учествувале кошаркарските клубови Македонија (за нецела година, по соединувањето на неколкуте спортски друштва, клубот бил преобликуван во Вардар), Работнички, Ванчо Прке од Штип. Тогаш Работнички го победил Ванчо Прке со 30:8. На последниот натпревар Работнички загубил од Македонија со 30:18 и со тоа Македонија се стекнала со право да биде учесник во втората сезона (прва сезона со клубови) на елитната лига. За Работнички тогаш настапувале Славко Матовски, Драган Лукоски - Аџија, Трајан Ивановски, Борис Анастасов, Атанас Радевски, Војче Димитровски, Илија Ќовкаров и др.[1]

Од основањето на клубот повеќе години машката екипа на Работнички биле и Никола Матовски, Лазаревиќ, Христовски, Стојановски, Димовски, Стефан и Тошо Тодоровски, Димовски, Атанасовски. По станувањето на вицепрвак во 1946, Работнички потоа освоил седум Првенства на Македонија (1947, 1948, 1949, 1950, 1951, 1952 и 1953 година). Во 1953 година му успеало да се пласира во елитната Југословенска кошаркарска лига. Работнички се натпреварувал во Првата сојузна лига – Исток, но само една сезона. Од тоа време вреди да се напомни и третото место на Државното младинско првенство во 1957 година.

1960-ти и 1970-ти

[уреди | уреди извор]

Се раѓала нова генерација (Књазев, Фишиќ, Н.Матовски, Дрнков, Мастен, Мировски, Лечиќ…) која го освоила Првенството на Македонија по 8-ми пат во 1961 година и дури во 1964 година се изборила за правото да членува повторно во елитната Прва сојузна лига. Во Првата сојузна југословенска кошаркарска лига, екипата на Работнички играла постојано од 1965 година до распаѓањето на Југославија. Од 1963 година до 1970 година за репрезентацијата на поранешна Југославија настапувале Ј. Луковски и С. Андоновски, а во периодот од 1970 до 1977 година: Боцевски, Радосављевиќ, Георгиевски, Ковачевиќ и Радуловиќ, а воедно Благоја Георгиевски е еден од најистакнатите спортисти на Македонија и еден од ретките македонски спортисти кој ја носи највисоката спортска титула – заслужен спортист на поранешна Југославија. Во сезоната 1975-1976 година стигнал до полуфиналето на Европскиот Куп на Победниците на Куповите. Работнички ја поминал сезоната 1978/79 во Втората југословенска лига и тогаш станал првак, додека следната сезона, Работнички се вратил во Првата југословенска лига. Таа сезона 1979/80, шеф на стручниот штаб бил Лазар Лечиќ, а главен тренер бил Александар Књазев. Капитен на екипата бил Јанко Луковски. Останати играчи биле Благоја Георгиевски, Стеван Гешовски, Делчо Станинов[2]

Под спонзорство на Годел

[уреди | уреди извор]

По отцепувањето од Југославија, дошло и до распаѓање на Првата и Втората југословенска кошаркарска лига, а кошаркарските клубови од Републиката своите натпревари ги продолжиле во рамките на самата Република. За државното Првенство во 1992/93 од двете кошаркарски лиги – Исток и Запад, првите четири екипи од двете групи го обезбедиле учеството во Првата мак-партнер кошаркарска лига. Од оформувањето на Првата лига (1992) па сè до 2000 година, клубот настапувал како Годел Работнички, под покровителство на кожарското претпријатие "Годел", клубот освоил седум Првенствени титули во 1993, 1994, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, како и три Куп титули во 1993, 1994, 1998 година. Во сезоната 1999/00, за првпат откога постоела македонската Прва лига, тимот не освоил титула, бидејќи во финалето загубил од гостиварски Никол Ферт, урнувајќи го митот за непобедливиот "џин".

Ерата на Фершпед

[уреди | уреди извор]

Во сезоната 2000/01, Работнички бил без генерален спонзор, но тоа не го спречило да го освои Првенството. За следната сезона, како нов спонзор на клубот дошол „Фершпед“. Истата сезона, Фершпед Работнички повторно го освоил Првенството, во финалето против Куманово. Во сезоната 2002/03, Фершпед Работнички во лигашкото финале го победил Поло Трејд, додека во Купот 2003 го победил МЗТ Аеродром. Во сезоната 2003/04, Фершпед повторно ја освоил двојната круна, против МЗТ во Првенството, и против Неметали Огражден во Купот. Во истата сезона, во Јужната конференција на ФИБА Европа Купот, Работнички станал вицепрвак. Сезоните 2004/05 и 2005/06, минале во знак на соперништвото со Вардар. За овие две сезони, двете екипи ги играле сите финалиња од Лигата и Купот, сите во полза на Фершпед Работнички. Следната сезона во Лигата, Работнички станал вицепрвак, губејќи во финалето од Струмица 2005, додека во Купот 2007 стигнал до финалето. Клубот добил вајлд карта за учество во Јадранската лига за сезоната 2007/08, но подоцна го откажал учеството.[3] Во сезоната 2007/08, Работнички стигнал до полуфиналето во Првенството и Купот. Во сезоната 2008/09, Фершпед Работнички го освоил домашното Првенство, во Балканската лига станал вицепрвак, додека во Купот стигнал до полуфиналето.

Доскорешни сезони

[уреди | уреди извор]

Од сезоната 2009/10, Работнички останал без генерален спонзор. Во домашното Првенство завршил на шестото место во Супер лигата, а во Купот 2010 до четвртфиналето. Во Балканската лига опстоил само до првата фаза на натпреварувањето. Во сезоната 2010/2011, нов генерален спонзор на клубот бил "КУБУС", при што бил освоен Купот 2011, додека во Првенството било освоено второто место, но по две сезони, спонзорот си заминал. Од сезоната 2011/2012, главен спонзор на клубот е Општина Центар и за сезоната 2012/2013, кошаркарскиот клуб Работнички се трансформирал во Акционерско друштво.[4] Во сезоната 2013/14, Работнички го освоил второто место во Првенството. За следната сезона, Работнички го освоил Купот на Македонија 2015. Во Првенството 2014/2015, Работнички бил елиминиран во полуфиналето од Куманово 2009.[5][6] Во 2015 година, Работнички се натпреварувал во обновениот Суперкуп, станувајќи вицепрвак во тоа издание. Истата сезона стигнал до четврфиналето во Првенството и Купот. Работнички сезоната 2016/17, стигнал до полуфиналето во Купот 2017 и Првенството. Во сезоната 2017/18, Работнички бил вицепрвак во Купот 2018, додека во Првенството, по пауза од девет години, Работнички повторно бил првак. Клубот станал првиот клуб кој стигнал до десеттата титула во Купот, откако го освоил изданието 2019. Подоцна во јуни, Работнички бил поразен во финалето на Првенството.

Повлечени броеви

[уреди | уреди извор]

Поради смртта на Благоја Георгиевски, играч на Работнички од 1968 до 1984 година и синоним на македонската кошарка во времето на СФР Југославија, Работнички го повлекол број 13 од употреба во клупските дресови.[7]

Постигнувања

[уреди | уреди извор]

Сезона 2020/2021

[уреди | уреди извор]

Составот на Работнички за сезоната 2020/2021

број име висина
(см)
позиција години националност пристигнал
во (година)
претходен клуб
11Кирил Николовски (к.)210Крилен центар
/ Центар
32Македонија Македонија2017Карпош Соколи
15Љубомир Младеновски207Центар25Македонија Македонија2019МЗТ Аеродром
Димитар Караџовски190Бек36Македонија Македонија2021Кожув
10Марјан Младеновиќ180Разигрувач33Македонија Македонија2020Куманово 2009
4Петар Бошалески16Македонија Македонија2020
Филип Георгиевски17Македонија Македонија2021
Карло Блажевски17Македонија Македонија2021
Паоло Блажевски17Македонија Македонија2021
Горазд Величковски17Македонија Македонија2021
25Виктор Ефремовски (зам. к.)191Крило22Македонија Македонија2015Вардар
14Василиј Србиноски16Македонија Македонија2020
35Андреј Шошкиќ16Македонија Македонија2021
23Лука Јанкоски20Македонија Македонија2021
32Дамиер Питс177Разигрувач31 САД2020Шопрон Унгарија
24Филип Бундовиќ206Центар /
Крилен центар
27 Хрватска2021Цибона Хрватска
9Мирко Мулалиќ194Бек33 Словенија2021Цедевита Олимпија Словенија
0Рајнер Торнтон201Бек /
Крилен центар
23 САД2021Мемфис Хасл САД
7Иван Аска201Крилен центар30 Американски Девствени Острови2021Хапоел Хевел Израел

Извор: Кошаркарска федерација на Македонија Архивирано на 4 ноември 2020 г. eurobasket.com

Меѓународни натпреварувања

[уреди | уреди извор]

Сезона Натпреварување Достигнување Поб Пор
1973ФИБА Корач КупГрупна фаза100
1975/76ФИБА Европски Куп на
Победниците на Куповите
Полуфинале44
1993/94ФИБА Европска ЛигаШестнаестинафинале22
1993/94ФИБА Европски КупГрупна фаза28
1994/95ФИБА Европска ЛигаПрва рунда11
1995/96ФИБА Европска ЛигаПрва рунда11
1996/97ФИБА ЕвроКупГрупна фаза19
1997/98ФИБА ЕвроКупГрупна фаза010
1999/00ФИБА Сапорта КупГрупна фаза19
2000/01ФИБА Корач КупПрва рунда022
2002/03ФИБА Европа Куп на Шампиони
(Јужна Конференција)
Групна фаза19
2003/04ФИБА Европа Куп
(Јужна Конференција)
Вицепрвак53
2004/05ФИБА Европа ЛигаГрупна фаза210
2008/09Балканска ЛигаВицепрвак75
2009/10Балканска ЛигаГрупна фаза17
2017/18ФИБА Европа КупПрва ква. рунда02
Натпреварување Сез Нат Поб Пор
Европска Лига / Евролига3844
Европски КПК / Европски Куп /
ЕвроКуп / Сапорта Куп
548840
Европа Лига / ЕвроЧеленџ112210
Европа Куп1202
Корач Куп212022
Европа Куп на Шампиони /
Европа Куп
218612
Балканска Лига220812

1 Работнички првично бил избран во групата, но потоа се повлекол од натпреварувањето.

2 Реванш натпреварот завршил со резултат од 70:70. Немало потреба да се потреба да се игра продолжение бидејќи вкупниот резултат од двата натпревари одел во полза на противникот на Работнички.

  • Со задебелените букви се постоечките натпреварувања.
  • Со косите букви се непостоечките натпреварувања.

Поважни кошаркарски имиња

[уреди | уреди извор]

  • Канада Николас Вигинс
  • ЈугославијаСрбија Драган Радосављевиќ
  • Црна Гора Игор Бијелиќ
  • Србија Срѓан Божиќ
  • Србија Немања Јелесијевиќ
  • Србија Ѓорѓе Јовановиќ
  • Србија Предраг Јоксимовиќ
  • Србија Душан Кнежевиќ
  • Србија Ненад Мишановиќ
  • Србија Лука Павичевиќ
  • Србија Миљан Павковиќ
  • Србија Милош Павловиќ
  • Србија Владимир Филиповиќ
  • Србија Филип Шунтурлиќ
  • Босна и ХерцеговинаСрбија Горан Икониќ
  • Босна и ХерцеговинаСрбија Милан Милошевиќ
  • Босна и ХерцеговинаХрватска Бариша Красиќ
  • Бугарија Чавдар Костов
  • Шведска Руди Мбемба
  • Турција Бора Пачун

Извор:eurobasket.com

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Миодраг Мицковиќ (25 март 2020). „Спортски времеплов: Кошарка на фудбалски терен“. ekipa.mk преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2020-03-25. Посетено на 25 март 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. Prilog za KK Rabotnicki pred pocetok na sezonata 79/80 (1979). Скопје: ТВ Скопје, канал Skopsky Fandango на Youtube. 1979. https://www.youtube.com/watch?v=QeX5mS1Ub3c.
  3. Фершпед Работнички ќе игра во Јадранска лига[мртва врска] vest.com.mk 24 март 2007
  4. Регистар на професионални спортски клубови трансформирани во акционерски друштва Архивирано на 29 јули 2014 г. ams.gov.mk 17 септември 2012
  5. Работнички на колена, Куманово е во финалето! Архивирано на 25 мај 2015 г. ekipa.mk 24 мај 2015
  6. Центарци „изгореа“: Куманово го „згази“ Работнички и се избори за втора шанса за прва титула! sportmedia.mk 24 мај 2015
  7. „Во чест на Буштур, Работнички го повлекува дресот со број 13“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 31 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-31. Посетено на 1 февруари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]