БИБЛ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Моментална сезона или издание:
2015/16 БИБЛ сезона
Balkanska Liga BIBL Logo.jpg
Спорт Кошарка
Основана 2008
Број на екипи 10
Држава Бугарија Бугарија
Косово Косово
Македонија Македонија
Романија Романија
Црна Гора Црна Гора
Континент ФИБА Европа (Европа)
Тековен првак Косово Сигал Приштина (1. титула)
Најмногу титули Бугарија Левски Софија
Израел Хапоел Гилбоа Галил
(2 титули)
Портал http://balkanleague.net

Балканската Лига (англиски: Balkan International Basketball League) позната и како БИБЛ (латиница: BIBL) или ЕВРОХОЛД Балканска лига поради спонзорски причини е мултинационална професионална кошаркарска лига во која се натпреваруваат екипи од Балканот како Македонија, Бугарија, Црна Гора, Романија и Косово.

Во март 2015 година, ФИБА Европа ја признала Балканската лига за следната сезона како нејзина членка.[1]

Моментален формат[уреди | уреди извор]

Лигата вклучува четири екипи од Црна Гора, по три екипи од Косово, две екипи од Бугарија и по една екипа од Македонија. Учесниците се поделени во две групи по пет екипи. Првите четири екипи од двете групи обезбедуваат пласман во втората групна фаза. Освојувачите на групите обезбедуваат директен пласман на завршниот турнир, додека екипите кои завршиле од второто до третото место играат во третата фаза која ќе ги одлучи останатите два учесници во полуфиналето. Полуфиналето се игра во два натпревари, дома и гости и така се одлучуваат победниците. Исто така, и финалето се игра дома и на гости за така да се одлучи освојувачот на сезоната.

Резиме на сезони[уреди | уреди извор]

Сезона Град-домаќин Сала-домаќин Првак Вицепрвак Резултат
2008/09 Бугарија Самоков Арена Самоков Бугарија Рилски Спортист Македонија Фершпед Работнички 84–77
2009/10 Бугарија Софија Универзијада Бугарија Левски Софија Црна Гора Ловќен 77–65
2010/11 Македонија Кавадарци Јасмин Македонија Фени Индустри Бугарија Рилски Спортист 88–75
2011/12 Израел Ган Нер Спортска сала Ган Нер Израел Хапоел Гилбоа Галил Бугарија Левски Софија 89–84
2012/13 Бугарија Самоков Арена Самоков Израел Хапоел Гилбоа Галил Бугарија Левски Софија 87–79
2013/14 Косово Приштина Палати и Ринис де Спортеве Бугарија Левски Софија Израел Хапоел Гилбоа Галил 75-69
2014/15 Косово Приштина
Бугарија Самоков
Палати и Ринис де Спортеве
Арена Самоков
Косово Сигал Приштина Бугарија Рилски Спортист 156-143
(74-72; 80-71)

Освојувачи на медал[уреди | уреди извор]

Место Клуб Победник Година Второ место Година
1. Левски Софија 2 2010, 2014 2 2012, 2013
2. Хапоел Гилбоа Галил 2 2012, 2013 1 2014
3. Рилски Спортист 1 2009 2 2011, 2015
=4. Сигал Приштина 1 2015 / /
=4. Фени Индустри 1 2011 / /
=6. Ловќен / / 1 2010
=6. Работнички / / 1 2009
  • со задебелени букви се моменталните учесници во БИБЛ Лигата

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. FIBA Europe Board confirms the BIBL recognition balkanleague.net 9 март 2015

Надворешни врски[уреди | уреди извор]