Прејди на содржината

КК Куманово

Од Википедија — слободната енциклопедија
КК Куманово 2009
ЛигаПрва лига мажи
Основан1946; пред 79 години (1946)
СалаПеро Наков
Сала Капацитет300
МестоКуманово
Бои на клуботсина и бела
         
ПретседателВиктор Божиновски
ТренерГоран Димитријевиќ
Прваци1 Прва кошаркарска републичка лига
Дресови
Домашен jersey
Team colours
Домашен
Гостински jersey
Team colours
Гостински


КК Куманово 2009 ― поранешен кошаркарски клуб од Куманово. Клубот бил трикратен вицепрвак во Првата македонска кошаркарска лига и бил еднаш вицепрвак во Купот на Македонија. Негов духовен наследник е МКК Куманово.

Историја

[уреди | уреди извор]

Клубот бил формиран во 1946 година. Таа година, Куманово требал да се натпреварува во првата сезона на Првенството на Македонија чиј првак требал да го даде патникот во втората сезона на елитната Југословенската лига. Но во последен момент, со непознати причини, учеството го откажало екипата на Куманово.[1]

Клубот своите најголеми успеси ги доживеал во сезоната 1979/80, кога ја освоил титулата шампион на СР Македонија и така добил право на настап во Првата југословенска лига. Но, поради немање соодветна сала, клубот го изгубил правото на учество во лигата. Поради тоа, во 1980 година се изградила новата Спортска сала со капацитет од 4,150 гледачи, која била изградена како подарок на градот од фирмата „ИСКРА“-КУМАНОВО. Претходно, до 1980 година, клубот играл во салата „Соколана“, изградена во 1931 година.

Настапи во македонската кошаркарска лига

[уреди | уреди извор]

Во Првата македонска кошаркарска лига, КК Куманово го постигнал најголемиот успех во сезоната во сезоната 2001-2002, кога бил вице-шампион. Сепак, веќе во 2003 година, поради финансиски причини, клубот се распаднал, но во 2009 година повторно бил обновен. Исто така, голем успех на КК Куманово било учеството во финалето на Купот на Македонија 2013.

Во февруари 2015 година, „Куманово“ учествувал на завршниот турнир на Купот на Македонија, каде загубил од Работнички.[2] Исто така, клубот играл во финалето на првенството на Македонија, каде во финалето претрпил три порази од МЗТ Аеродром и така станал вицепрвак во Првенството.[3][4][5]

Меѓународни настапи

[уреди | уреди извор]

БИБЛ лига

[уреди | уреди извор]

Во сезоната 2014/2015, КК Куманово се натпреварувал во групата „Б“ од регионалната лига „БИБЛ“. Во првото коло, Куманово бил поразен во Пеќ од истоимениот тим со 88-89.[6] Во третото коло, КК Куманово ја остварил првата победа, кога на домашен терен го совладал црногорскиот клуб Сутјеска со 97-87. Најдобри стрелци за домашниот тим биле Вукашин Мандиќ, со 29 бода и Александар Костоски, со 16 бода.[7] Потоа, на домашен терен, Куманово го совладал тимот на „Рилски спортист“ со 89-82 (24-20, 22-14, 23-31, 20-17), а најефикаен во тимот биле Александар Костоски, со 29 бода и Саша Аврамовиќ, со 24 бода.[8] На гостувањето во Тиват, КК Куманово ја победил екипата на Теодо со 74-70, а најдобар кошаркар бил Александар Костоски, со 24 бода, 8 скока и 5 асистенции.[9] Во следното коло, на домашен терен, тимот на КК „Куманово“ претрпел неочекуван пораз од Пеќ со 83-93. Најефикасни во тимот на Куманово биле Вукашин Мандиќ, со 23 бода и Урош Луковиќ, со 20 бода и 10 скока.[10] Во седмото коло, на домашен терен, КК Куманово загубил од Теодо од Тиват со 76-93, по што тренерот Игор Михајловски си дал неотповиклива оставка.[11] Во последното коло од првата фаза на лигата, на гостински терен, КК Куманово ја победил екипата на Рилски Спортист со 95-90, со што се пласирал во втората фаза од лигата.[12]

Во втората фаза, КК Куманово настапувал во групата Ц, заедно со екипите на Пеќ, ЦСМ У Крајова и Морнар. Во првото коло, на домашен терен, тимот на Куманово остварил победа против Крајова со 81-79, со кошот на Синиша Аврамовски, постигнат на седум секунди пред крајот. Најефикасен стрелец во тимот на домаќините бил Александар Костовски со 19 бода.[13] Во третото коло, на свој терен, тимот на Куманово го победил Морнар од Бар со 92-84, со што го обезбедил пласманот во следната фаза од лигата. Најефикасин играчи на средбата биле Урош Луковиќ, со постигнати 26 бода, 11 скока, четири асистенции, две украдени топки и три блокади, како и Саша Аврамовиќ, со 20 бода, четири скока и пет асистенции.[14][15] Куманово ја забележал и четвртата победа во втората фаза, овојпат на гостувањето во Крајова, каде славел со 75-74 (43-34). Најдобри на средбата биле Костовски со 23 бода и Вукашин Мандиќ со 17 бода и осума скока.[16] По втората фаза, тимот на Куманово се пласирал во четврт-финалето, каде загубил од Рилски Спортист.[17]

Моментален состав

[уреди | уреди извор]
број име висина см позиција години државјанство пристигнал
во (година)
претходен клуб
10Горјан Марковски196Бек /
Крилен центар
28Македонија Македонија2019Фени Индустри
Ненад Стојановски197Крилен центар24Македонија Македонија2021
Марио Стефановски17Македонија Македонија2020
23Ѓорѓи Георгиевски190Бек22Македонија Македонија2020Куманово 2009
8Дамјан Робев193Бек /
Крилен центар
24Македонија Македонија2020Вардар
18Иван Волкановски209Центар21Македонија Македонија2020МЗТ Уни Банка (II)
14Милош Јовановиќ192Бек17Македонија Македонија2020Mладински состав
28Стеван Глигоријевиќ205Крилен центар24 Србија
Македонија Македонија
2020Работнички
Никола Јосимовски17Македонија Македонија2020
Ненад Стефановски18Македонија Македонија2020
Урош Миљановски18Македонија Македонија2020
Лука Димитриевски16Македонија Македонија2020
13Јован Црниќ195Бек26 Србија2020Андрезие Франција
17Кори Рос191Бек29 САД2020Црн Дрим
12Александар Андрејевиќ (к.)207Центар30 Србија2020Леотар Босна и Херцеговина
9Отис Ливингстон180Разигрувач24 САД2021Хорсенс Данска
16Бранислав Ѓекиќ208Крилен центар
/ Центар
29 Србија2021Спарс Босна и Херцеговина

Извор:Кошаркарска федерација на Македонија Архивирано на 29 октомври 2020 г. eurobasket.com

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Миодраг Мицковиќ (25 март 2020). „Спортски времеплов: Кошарка на фудбалски терен“. ekipa.mk преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2020-03-25. Посетено на 25 март 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. Сашко Ѓ. Димовски, „Отпишаните „старци“ го возвратија ударот“, Утрински весник, година XVI, број 4718, вторник, 24 февруари 2015, стр. 19.
  3. МЗТ е старо-нов шампион: Аеродром слави четврта титула![мртва врска] ekipa.mk 2 јуни 2015
  4. „Јане Сандански“ дочека да слави: МЗТ со „метла“ удри печат на четвртата титула по ред! sportmedia.mk 2 јуни 2015
  5. Македонска кошаркарска федерација - официјално мрежно место (пристапено на 6.6.2015)
  6. „Куманово поразено во Пеќ, под сенката на Голема Албанија“, Дневник, година XVIII, број 5594, петок, 17 октомври 2014, стр. 25.
  7. „Михајловски добро диригира со Куманово“, Дневник, година XVIII, број 5605, понеделник, 31 октомври 2014, стр. 22.
  8. „Куманово предводен од Костоски му го нанесе првиот пораз на Рилски“, Дневник, број 5629, година XVIII, петок, 28 ноември 2014, стр. 26.
  9. „Кожув и Куманово сигурни во БИБЛ“, Дневник, година XVIII, број 5617, петок, 14 ноември 2014, стр. 25.
  10. „Кожув славеше во Бар, Пеќ се радуваше во Куманово“, Дневник, година XVIII, број 5640, петок, 12 декември 2014, стр. 26.
  11. „Тежок пораз за Куманово, Михајловки си даде оставка“, Дневник, година XIX, број 5673, петок, 23 јануари 2015, стр. 24.
  12. „Кожув и Куманово во втората фаза од БИБЛ-лигата“, Дневник, година XIX, број 5679, петок, 30 јануари 2015, стр. 22.
  13. „И Куманово тргна победнички во БИБЛ“, Дневник, година XIX, број 5685, петок, 6 февруари 2015, стр. 23.
  14. „Кумановци го потопија Морнар“, Утрински весник, година XVI, број 4715, петок, 20 февруари 2015, стр. 22.
  15. „Кумановци му зедоа мерка на Морнар во БИБЛ-лигата“, Дневник, година XIX, број 5697, петок, 20 февруари 2015, стр. 20.
  16. „Кумановци поприсебни во драмата во Крајова“, Утрински весник, година XVI, број 4720, четврток, 26 февруари 2015, стр. 19.
  17. „Кожув во полуфиналето од БИБЛ-лигата ќе игра со Сигал“, Дневник, година XIX, број 5727, петок, 27 март 2015, стр. 27.