КК Гостивар

Од Википедија — слободната енциклопедија
КК Гостивар
Податотека:KK Gostivar.png
ЛигаПрва лига мажи
Основан1954; пред 70 години (1954)
2009; пред 15 години (2009) (обновен)
2015; пред 9 години (2015) (обновен)
Распаднат2008; пред 16 години (2008)
2011; пред 13 години (2011)
МестоГостивар
Бои на клуботсина и бела
         
ПретседателАлександар Трпевски
ТренерНикола Димитриевски
Позиција 2018/19Полуфинале
Супер лига 4ти
Прваци1 Прва лига мажи
2 Куп на Македонија
2 Суперкуп на Македонија
3 Прва кошаркарска републичка лига
Дресови
Домашен jersey
Team colours
Домашен
Гостински jersey
Team colours
Гостински


КК Гостивар - кошаркарски клуб од Гостивар, Македонија. Клубот моментално се натпреварува во Првата македонска кошаркарска лига. Клубот е освојувач на Првата македонска кошаркарска лига, како и двократен освојувач на Купот и Суперкупот на Македонија.

Историја[уреди | уреди извор]

Според спортските хроничари првите официјални натпревари во Гостивар се играле на почетокот на 50-тите години на минатиот век, на некогашното игралиште на ДТВ „Партизан“, на земјената подлога, во центарот на градот, а денес просторот се користи за паркинг. Екипата го носела името „Трговски“. Во 1954 година го регистрирале клубот и го промениле името во КК „Маврово“, а „Електро-Маврово“ од Гостивар бил долги години спонзор. Трипати клубот бил освојувач на титулата Републички првак и тоа во 1965, 1967 и 1968 година. Во последните три децении на минатиот век Гостивар бил втор кошаркарски град во Македонија, после Скопје. Екипата на Маврово неколку сезони успешно се натпреварувала во Втората кошаркарска лига на поранешната заедничка држава, СФРЈ. Во повеќе наврати екипата се обидува да стане член и на Првата лига, меѓутоа недостасувал последниот решавачки чекор за постигнување на целта.[1][2]

По независноста[уреди | уреди извор]

Во Македонската кошаркарска лига се водела изедначена борба за првото место на табелата меѓу Маврово односно Никол Ферт и Работнички од Скопје. Тие биле најквалитетни и најтрофејни екипи во Македонија, во освојувањето на Купот на Македонија и на републичкото Првенство.[2] КК Гостивар бил домаќин на Купот на Македонија 1994.[1] Никол Ферт во Купот на Македонија 1999 бил вицепрвак, губејќи од МЗТ Аеродром. Следната сезона бил првак во Првенството и го освоил Суперкупот на Македонија 2000 победувајќи го МЗТ Аеродром. Никол Ферт го освоил Купот на Македонија 2001, кога го победил Работнички. Исто така, од Николферт бил освоен и Купот на Македонија 2002 и Суперкупот на Македонија 2002. Во тој период Николферт го срушил рекордот за најмлад играч во Првата лига, внесувајќи го тогаш девет годишниот Никола Гајдаџиев.[3] Во 2004 година му било дадено старо-ново име на клубот - Маврово.[4][5] За време на сезоната 2007/08, Маврово за време на полусезоната поради финансиски причини бил исфрлен од Првата лига и за следната сезона требал да се натпреварува во Втората лига.[6] Повторно поради финансиски проблеми, Маврово го откажал учеството и во Втората лига и се распаднал.[7] Клубот во 2009 година бил обновен под името Гостивар 2009 и настапувал две сезони и потоа повторно се распаднал.

Повторна обнова[уреди | уреди извор]

Клубот бил обновен во 2015 година поради тоа требал за започне да се натпреварува во Третата лига.[8] Но по пат на договор Т-Баскет подоцна му го предал неговото учество во Втората лига.[2][9][10] Со освојувањето на првото место во Втората лига 2016/17, Гостивар добил право да учествува во Првата лига.

Историја на клупското име[уреди | уреди извор]

Во својата историја екипата на Маврово повеќепати го менувала името, поради смена на спонзорите: Готекс, Вардар Комерц, Никол ферт, повторно Маврово сè до 2008 година и Гостивар 2009 по обновувањето.[2]

  • 1996—2004: Никол Ферт
  • 2004—2008: Маврово
  • 2009—2011: Гостивар 2009
  • 2015-2017: Гостивар 2015
  • 2017-: Гостивар

Моментален состав 2023/24[уреди | уреди извор]

Извор:Кошаркарска федерација на Македонија Архивирано на 26 октомври 2020 г. eurobasket.com

Играчи
Војче Лефкоски
Максим Митевски
Тома Стојаноски
Марко Пецаноски
Габриел Коскоски
Виктор Златевски
Кристијан Симњаноски
Лука Смилески
Момчило Јованоски
Џејлин Конел Инграм
Кристофер Томас Остен
Тирес Десен Трој Вилијамс
Кенет Џамал Џонс

Постигнувања[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Спорт/Кошарка - К.К. „Гостивар“ Архивирано на 15 април 2016 г. gostivar.net 2002
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Ќе го вратиме реномето на кошарката во Гостивар utrinski.mk 4 ноември 2015
  3. „НОВА МОДА ИЛИ НЕШТО ДРУГО: Дали играњето на пионери со сениори е исправно и „здраво"?“. sportmedia.mk. 7 ноември 2017. Посетено на 9 ноември 2017.
  4. Беспотресно прелевање и едно прволигашко откажување[мртва врска] vest.com.mk 2 јули 2004
  5. Лазовски се гледа во финалето, Петровиќ најавува "ремонт"[мртва врска] vest.com.mk 12 октомври 2004
  6. Прволигашко збогум за гостиварци[мртва врска] vecer.mk 7 јануари 2008
  7. Вести - Спорт[мртва врска] kiss.com.mk 7 јуни 2008
  8. Билтен бр.1 Сезона 2015/2016 - Сениорски лиги Архивирано на 4 март 2016 г. basketball.org.mk 7 септември 2015
  9. Изјава на КК Т-Баскет КК Т-Баскет на Facebook 30 септември 2015
  10. Интервју со Попоски: КК Гостивар со шампионски амбиции Архивирано на 4 март 2016 г. sportclub.mk 30 октомври 2015

Надворешни врски[уреди | уреди извор]