КК МЗТ Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
КК МЗТ Скопје - Аеродром
лого на КК МЗТ Скопје - Аеродром
Цело име Кошаркарски Клуб МЗТ Аеродром
Основан 1966; пред 48 години (1966)
Распаднат /
Арена Сала Јане Сандански
Локација Скопје
Тимски бои сина и бела
Претседател Сашо Босилков
Главен тренер Зоран Мартич
Титули Куп на Македонија 1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014
Лига 1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979, 2012, 2013
Лига Прва лига
2012/13 1. место
Официјално веб-место
Дресови
Kit body unknown.png
{{{title}}} jersey
Team colours
{{{title}}}
Kit body unknown.png
{{{title}}} jersey
Team colours
{{{title}}}

МЗТ Скопје е кошаркарски клуб од Скопје, Македонија, којшто моментно се натпреварува во Првата македонска кошаркарска лига и во Јадранската лига и ФИБА Еврокупот. Клубот натпреварите на домашен терен ги игра во салата Јане Сандански, но за да ги задоволи критериумите за настап во Јадранската лига и Еврокупот, натпреварите на домашен терен во оваа лига ги игра во спортскиот центар Борис Трајковски.

Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), две по осамостојувањето (2012, 2013), како и седум титули во Кошаркарскиот куп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014).

Историја[уреди]

Кошаркарскиот клуб Скопје имаше чудна историја. Формиран во 1966,активен во еден долг период во рамките на Младинско Спортско друштво до таму некаде 1984 година,за потоа да премине под покровителство на Металскиот Завод-Тито и под тоа име МЗТ, се разбира со чести измени на некои додавки заради спонзорства,да живее до денеска.

КК МЗТ СКОПЈЕ беше формиран од група ентузијасти предводени од првиот претседател на клубот Миле Меловски.Интересирањето за кошарката беше големо, па во градот иако постоеја четири клубови: Работнички, Вардар, Трговски, Слога се чуствување потреба од уште клубови. Затоа појавата на сцената на Скопје беше добродојдена и во него веднаш се зачленија голем број младинци кои почнаа да тренираат на асфалтното игралиште во Автокоманда.

Во првата екипа беа Трпезановски, Атанасовски, Стрезовски, Лазаревски и Домлевски, кој беше и првиот тренер. За две години клубот стана член на Македонската лига. Многумина му прогнозираа брзо испаѓање од неа. Но, не само што не се случи тоа,туку напротив екипата влезе храбро во борба со поискусните и стана стандарден член на лигата. Откако беа минати оние две први години на здобивање на потребно искуство од 1970 до 1974 година екипата на КК СКОПЈЕ беше републички првак. Тоа и обезбедуваше учество во второлигашките квалификации, но по се изгледа дотука беше силата и квалитетот. Во квалификационите натпревари двапати одржани во Скопје по еднаш во Титоград сегашна Подгорица и во Младеновац, клубот не успеваше.

Во тој период тренер беше ангажиран (1972) Борис Соколовски кој собра голем број талентирани пионери и младинци и почна трпеливо да работи. Во 1971 година за претседател беше изран Урош Маљковиќ. Конечно и среќата му се насмевна на клубот. Имено, со реорганизација на лигите, во 1974 година КК СКОПЈЕ доби право да се натпреварува во Втората лига-Јужна група.

Во првата сезона во оваа конкуренција беше освоено 7 место, но поради лошата финансиска состојба постојано беа доведувани во прашање патувањата на туѓ терен. Тоа нормално се одрази врз игрите на екипата, зашто неизвесноста постојано ги пристискаше играчите кои не можеа да се опуштат и во еден нормален ритам да ги одиграат натпреварите. Тогаш со првата екипа некако наизменично работеа Домлевски и Стерули Андоновски кој беше и остана големо име во македонската кошарка.

Веќе следната година откако се натпреваруваше во Втората лига, КК СКОПЈЕ стигна до прволигашките квалификации. Но поради пристрасноста на судиите и напуштање на теренот во Иванград во тој прв обид не се успеа. Уследи и казна со одземање 8 бодови за наредната година,но тоа воопшто не ги поколеба скопјаните. Напротив, екипата опстана а за неа настапуваа кошаркари кои подоцна настапуваа и во други клубови Черепналковски, Кафеџиски, Ристевски, Никифоровиќ, Кардалев, Бошковски и Лазаров. Во тие години и младинскиот погон за кој беше одговорен Димитар Трпезановски добро функционираше па и од него се црпеа играчи.

Меѓутоа како што секоја екипа има период на криза така имаше и КК СКОПЈЕ.Тоа беше причина повторно да се најде во републичката лига. Тогаш за тренер беше ангажиран Таки Џиков кој претходно успешно работеше како одбојкарски тренер. Со него во 1979 година беше освоено првото место во Македонската лига, а екипата имаше успех и во квалификациите па така повторно се најде во Втората лига. Урош Маљкович успешно ја извршува функцијата на претседател а Трпезановски и натаму собира пионери и младинци,па бројката стигна до 100.

И овој податок убаво зборува за тоа со колкава сериозност се работеше во клубот,кој полека стануваше интересен за спонзорите. Металскиот завод Тито, барајќи и сопствена афирмација почна да вложува во КК Скопје при крајот на 70-сетите години. Тогаш на претседателската фотеља дојде Слободан Муцунски, еден од водечките луѓе во заводот.

Комплетното превземање под патронот на МЗТ беше реализирано во 1984 година, кога за шеф на стручниот штаб е ангажиран познатиот стручњак и творец на современата кошарка во нашата Република, Лазар Лечиќ а за тренер исто така големиот ас Александар Књазев. Во составот на екипата во тој период покрај оние што ги споменавме се наога уште: Дуковски, Зивчевиќ, Блажевски, Петровиќ, Мирчевски и Марковски.

На овие играчи им се приклучија уште неколку засилувања па така се тргна во еден атак кон првато место. Екипата под новото име МЗТ-Скопје во 1986 година стана член на Првата југословенска лига што беше голем успех.

По прогласувањето на независноста на Македонија, „металците“ веднаш стануваат еден од најрелевантните фактори во македонската кошарка. Тие досега имаат шест победи во Купот на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013 година), две во Супер Купот, и шампионски титули во 2012, 2013.

Низ историјата клубот бил познат под различни имиња, меѓу кои[1]:

  • КК Скопје - 1966
  • КК МЗТ Бос - 2000
  • КК МЗТ 2000 - 2000 до 2004
  • КК МЗТ - 2004 до 2008
  • КК МЗТ Фон Универзитет - 2008 до 2010
  • КК МЗТ Скопје - Аеродром - 2010 - денес

Во моментот МЗТ Аеродром е член во АБА Јадранската лига и ФИБА Еврокупот. Во ланската сезона, МЗТ Скопје успеа да ги порази KK Цибона и ХКК Широки ВВин,а ги претрпе поразите од КК Будуќност Воли,КК Раднички Крагуевац,КК Сплит,КК Црвена Ѕвезда и КК Игокеа,а ги забележа големите победи против КК Унион Олимпија,КК Цедевита и КК Задар.На крајот од првиот круг од сезоната 2012-2013 МЗТ Аеродром доживеа убедлив пораз од КК Партизан,но и убедлив триумф над унгарскиот претставник Шолнок Олај.

Раководство[уреди]

Позиција Име
Сопственик Македонија Општина Аеродром
Претседател Македонија Сашо Босилков
Претседател на одборот Македонија Борче Христов
Спортски раководител Македонија Ѓорѓе Војнович
Раководител Македонија Видоја Секулоски
Технички раководител Македонија Марјан Михајловски

Спонзори[уреди]

Овластен покровител на дресовите Општина Аеродром
Овластен покровител на дресовите Ачибадем Систина
Овластен покровител на дресовите НЛБ Тутунска Банка
Овластен покровител на дресовите Триглав осигурување
Овластен покровител на дресовите Гранит
Овластен покровител на дресовите T-Mobile
Овластен опремувач Ли Нинг
Овластен преносител МТВ

Ривалства[уреди]

Навивачи[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Фамилија Аеродром.
„Family Aerodrom“ во 2012 година

Навивачите на МЗТ СкопјеFamily Aerodrom“ се добро познати низ Македонија за нивниот фанатизам.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]