КК Кожув
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
КК Кожув - Гевгелија | |||
---|---|---|---|
Лига | Прва Лига Мажи | ||
Основан | 1955 | ||
Локација | Гевгелија | ||
Бои на клубот | црвена, бела | ||
Претседател | Зафир Хаџимитров | ||
Тренер | Александар Јончевски | ||
Позиција 2018/19 | 5ти | ||
Дресови | |||
|
КК Кожув е кошаркарски клуб од Гевгелија, Македонија, кој моментално се натпреварува во Првата македонска кошаркарска лига. Клубот натпреварите на домашен терен ги игра во спортската сала "26 Април".
Историја[уреди | уреди извор]
Клубот бил основан во 1955.[1]
Најголемиот успех на „Кожув“ бил остварен во 2013 година, кога се пласирал во финалето на Првата македонска кошаркарска лига, но бил поразен од МЗТ Аеродром. Исто така поголем успех е учеството во финалето во Купот на Македонија во 2015 година, каде Кожув загубил од Работнички.[2]
На крајот на 2015 година, претседателот на клубот Томе Главчев го напуштил Кожув, кој воедно бил и најголем финансиер на клубот.[3][4]
Во јуни 2019 година, гевгелиските клубови Блокотехна (финансирана од Томе Главчев) и Кожув одлучиле кадарно и финансиски да се соединат.[5][6] Правно, Кожув останал на кошаркарска карта.
Достигнувања[уреди | уреди извор]
- Прва кошаркарска лига финалист - 2013
- Куп на Македонија финалист - 2015
На 22 февруари 2015 година, „Кожув“ играл во 23. финале на Купот на Македонија (одиграно во салата „Јане Сандански“ во организација на МЗТ Аеродром), каде загубил од „Работнички“ со 66-74. Претходно, во полуфиналето, „Кожув“ го победил тимот на „МЗТ Аеродром“. Најдобри во тимот на „Кожув“ во финалниот натпревар биле Јанушевиќ, Дунѓерски и Божовиќ, со постигнати 15, 13 и 11 поени, соодветно. Гоцевски постигнал седум поени, Шепа и Албијаниќ имале учинок од по шест поени, Брчков и Главчев постигнале по три поени, а Богоев - два поена.[7]
Меѓународни настапи[уреди | уреди извор]
БИБЛ лига[уреди | уреди извор]
Во сезоната 2014-2015, КК Кожув играл во групата Б на регионалната Балканска лига. Во третото коло, на домашен терен, „Кожув“ го победил тимот на „Сигал“ од Приштина, со 93-78, со што ја постигнал третата последователна победа. Најефикасни за „Кожув“ биле: Миладин Пековиќ (16 поени, 8 асистенции и 6 скока) и Драшко Албијаниќ (16 поени и 9 скока).[8] Во петтото коло, на гостувањето во Бар, „Кожув“ го победил тимот на „Морнар“ со 75-67, со што ја остварил петтата последователна победа. Најефикасни во тимот на „Кожув“ биле Алексеј Нешовиќ, со 23 поени и Драшко Албијаниќ, со 16 поени.[9] Во седмото коло, КК „Кожув“ постигнал победа на гостински терен, совладувајќи го во Приштина тимот на „Сигал“ со 100-87.[10] Во 10. коло, КК „Кожув“, на домашен терен, го победил тимот на „Влазнија“ од Скадар со 99-59 и, со учинок од осум победи во осум натпревари, се пласирал во втората фаза од лигата БИБЛ, како единствена непоразена екипа.[11]
Во втората фаза од лигата, „Кожув“ настапувал во групата Д, заедно со екипите на „Рилски“, „Сутјеска“ и „Сигал Приштина“. Притоа, во првото коло, на домашен терен, „Кожув“ го победил тимот на „Сутјеска“ со 79-76.[12] Непобедливоста на КК „Кожув“ била прекината на домашен терен, кога клубот загубил од „Рилски спортист“ со 72-74. Најефикасен во редовите на „Кожув“ бил Владимир Брчков, со постигнати 18 поени, но поразот бил резултат на големиот број загубени топки (дури 17), на помалиот број скокови (33 наспроти 38) и на неефикасноста кон крајот на натпреварот, кога „Кожув“ постигнал само два поена во последните две минути.[13] Сепак, во третото коло, „Кожув“ успеал да го победи „Рилски спортист“ во Самоков со 88-86 и на тој начин го освоил првото место во групата, со што го избегнал четвртфиналниот натпревар, т.е. директно се пласирал во полуфиналето на лигата „БИБЛ“. Најзаслужни за десеттата победа на „Кожув“ во лигата биле Милан Јанушевиќ со постигнати 21 поен, Филип Шепа со 18 и Владимир Брчков, кој постигнал 17 поени.[14][15]
Во полуфиналето на лигата, „Кожув“ се сретнал со тимот на „Сигал“ од Приштина.[16]
Моментален состав[уреди | уреди извор]
број | име | висина (цм) |
позиција | години | државјанство | пристигнал во (година) |
претходен клуб |
---|---|---|---|---|---|---|---|
6 | Димитар Караџовски (к.) | 190 | Бек | 36 | ![]() |
2019 | Работнички |
1 | Предраг Пајиќ | 198 | Бек | 27 | ![]() |
2019 | Фени Индустри |
10 | Марко Симоновски | 201 | Крило | 31 | ![]() |
2020 | МЗТ Аеродром |
15 | Борис Шутаров | 24 | ![]() |
2017 | Струмица | ||
23 | Методија Бешлиоски | 198 | Крилен центар | 24 | ![]() |
2020 | Академија ФМП |
14 | Мартин Шалев | 206 | Крилен центар / Центар |
24 | ![]() |
2020 | Академија ФМП |
0 | Томислав Петров | 187 | Бек | 21 | ![]() |
2016 | Работнички |
77 | Тодор Божинов | 185 | Бек | 22 | ![]() |
2020 | Кожув |
27 | Иван Пенов | 18 | ![]() |
2019 | Младински состав | ||
Иван Митров | 18 | ![]() |
2020 | ||||
Марко Митровиќ | 18 | ![]() |
2020 | ||||
12 | Живко Старделов | 19 | ![]() |
2020 | |||
Васко Старделов | 18 | ![]() |
2019 | Младински состав | |||
Димитар Митровски | 22 | ![]() |
2020 | ||||
Ристе Дуев | 181 | 17 | ![]() |
2019 | Младински состав | ||
24 | Џошуа Скот | 185 | Бек | 22 | ![]() |
2020 | Државен колеџ Флорида ![]() |
27 | Дарус Хагинс | 208 | Центар | 28 | ![]() |
2020 | Хандлова ![]() |
Антуан Максвел | 201 | Крилен центар | 23 | ![]() |
2020 | Државен универзитет Јангстаун ![]() | |
12 | Никола Станојевиќ | 203 | Крилен центар | 30 | ![]() |
2020 | Тритонас Сеполион ![]() |
Извор: Кошаркарска Федерација на Македонија eurobasket.com
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Прва македонска кошаркарска лига
- Втора македонска кошаркарска лига
- Куп на Македонија
- Суперкуп на Македонија
- БИБЛ
- Македонска кошаркарска федерација
- Спорт во Гевгелија
- Кошарка во Македонија
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ http://kozuv.com.mk/%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%B0%D1%81/
- ↑ Во Кожув задоволни: Ова беше добар викенд ekipa.mk 22 февруари 2015
- ↑ Тешки времиња за гевгеличани: Кожув остана без главниот финансиер – Главчев си поднесе оставка! sportmedia.mk 23 декември 2015
- ↑ Томе Главчев поднесе оставка од Кожув ekipa.mk 23 декември 2015
- ↑ „Гевгелија добива моќен прволигаш: Се фузираа Блокотехна и Кожув“. ekipa.mk преку web.archive.org. 13 јуни 2019. Посетено на 23 август 2019.
- ↑ „Се фузираа Кожув и Блокотехна, Гевгелија добива моќен кошаркарски клуб“. gol.mk преку web.archive.org. 13 јуни 2019. Посетено на 23 август 2019.
- ↑ Сашко Ѓ. Димовски, „Отпишаните „старци“ го возвратија ударот“, Утрински весник, година XVI, број 4718, вторник, 24 февруари 2015, стр. 19.
- ↑ „Кожув и Куманово сигурни во БИБЛ“, Дневник, година XVIII, број 5617, петок, 14 ноември 2014, стр. 25.
- ↑ „Кожув славеше во Бар, Пеќ се радуваше во Куманово“, Дневник, година XVIII, број 5640, петок, 12 декември 2014, стр. 26.
- ↑ „Тежок пораз за Куманово, Михајловки си даде оставка“, Дневник, година XIX, број 5673, петок, 23 јануари 2015, стр. 24.
- ↑ „Кожув и Куманово во втората фаза од БИБЛ-лигата“, Дневник, година XIX, број 5679, петок, 30 јануари 2015, стр. 22.
- ↑ „И Куманово тргна победнички во БИБЛ“, Дневник, година XIX, број 5685, петок, 6 февруари 2015, стр. 23.
- ↑ „Прв пораз на Кожув во БИБЛ-лигата“, Дневник, година XIX, број 5691, петок, 13 февруари 2015, стр. 22.
- ↑ „Кожув директно во полуфиналето на БИБЛ-лигата“, Дневник, петок, 27 февруари 2015, стр. 23.
- ↑ „Кожув прв полуфиналист во БИБЛ-лига“, Утрински весник, година XVI, број 4721, петок, 27 февруари 2015, стр. 23.
- ↑ „Кожув во полуфиналето од БИБЛ-лигата ќе игра со Сигал“, Дневник, година XIX, број 5727, петок, 27 март 2015, стр. 27.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Официјална страница
- Информации за тимот на МКФ
- Профил на КК Кожув на Facebook
- Информации за тимот на Eurobasket
- Информации за тимот на BalkanLeague
|