КК Блокотехна
| КК Блокотехна НБ | |||
|---|---|---|---|
| Лига | Македонска прва лига | ||
| Основан | јануари 2016 | ||
| Распаднат | јуни 2019 | ||
| Место | Гевгелија | ||
| Бои на клубот | црвена и бела | ||
| Претседател | Драган Ристов | ||
| Тренер | Марјан Илиевски | ||
| Сопственик | Томе Главчев | ||
| Позиција 2017/18 | Полуфинале Супер лига 3ти | ||
| Прваци | 1 БИБЛ | ||
| Дресови | |||
| |||
КК Блокотехна НБ - кошаркарски клуб од Гевгелија, Македонија. Клубот натпреварите на домашен терен ги играл во спортската сала НБ Ноел во близина на Гевгелија.
Историја
[уреди | уреди извор]Клубот бил основан во декември 2016 година.[1] Клубот ги пратил своите играчи на позајмица во второлигашот Радовиш за доигрување на вториот дел од сезоната 2016/17.[2][3] Откако Радовиш обезбедил пласман во Првата лига, по пат на договор му го отстапил своето место на Блокотехна.[4][5] Блокотехна, во својата втора сезона од нејзиното постоење, ја освоила Балканската лига 2018/19. Во истата сезона клубот како домаќин беше финалист во купот на Македонија. Во јуни 2019 година, гевгелиските клубови Блокотехна и Кожув најавија кадарно и финансиски да се соединат.[6][7] Меѓутоа, клубот беше ликвидиран истата година.[8][9] Во април 2020 година, на Велигден, неговата управа најавила обновување на клубот и враќање на кошаркарската сцена.[10][11]
Последен состав (2018/19)
[уреди | уреди извор]Тренер: Марјан Илиевски.
| број | име | висина (см) | позиција | години | националност | пристигнал во (година) | претходен клуб |
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 22 | Данило Мијатовиќ | 206 | Крилен центар / Центар | 35 | 2017 | МЗТ Аеродром | |
| 10 | Марјан Младеновиќ | 180 | Разигрувач | 31 | 2017 | Радовиш (вратен од позајмица) | |
| 19 | Горан Главчев | 191 | Бек | 25 | 2017 | Радовиш (вратен од позајмица) | |
| 9 | Димитар Делипетров | 202 | Центар / Крилен центар | 27 | 2018 | Струмица | |
| 23 | Војче Лефкоски | 193 | Бек / Крилен центар | 28 | 2018 | АВ Охрид | |
| 8 | Петар Николиќ | 189 | Бек | 25 | 2018 | Работнички | |
| 28 | Стеван Глигоријевиќ | 205 | Крилен центар | 22 | 2018 | АВ Охрид | |
| 6 | Димитар Лазаревски | 179 | Разигрувач | 20 | 2017 | Струмица | |
| 14 | Илија Колев | 195 | Крило | 22 | 2017 | Кожув | |
| 18 | Александар Колев | 195 | Крилен центар | 19 | 2017 | Кожув | |
| 0 | Брендон Пен | 203 | Крилен центар | 29 | 2018 | КР Рејкјавик | |
| 17 | Божо Ѓумиќ | 208 | Центар / Крилен центар | 27 | 2019 | Хелиос Санс | |
| 1 | Кенет Фандербурк | 193 | Бек | 27 | 2019 | Фени Индустри | |
| 2 | Павле Михајлоски | 195 | Крило | 20 | 2019 | Вардар |
Извор: Македонска Кошаркарска Федерација Архивирано на 6 април 2019 г. eurobasket.com
Успеси
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Главчев почнува нова кошаркарска приказна – Блокотехна“. ekipa.mk. 9 јануари 2017. Посетено на 4 јули 2017.
- ↑ „Замина Гоцевски, следни на ред, Главчев, Цветковски...“. sportmedia.mk. 9 јануари 2017. Посетено на 18 јануари 2017.
- ↑ „„Пола" Кожув (ќе) се пресели во Радовиш“. sport.com.mk преку vesti.mk. 10 јануари 2017. Посетено на 18 јануари 2017.[мртва врска]
- ↑ „Блокотехна – нов кошаркарски прволигаш“. ekipa.mk. 3 јули 2017. Посетено на 4 јули 2017.
- ↑ „Блокотехна би играла во втората АБА лига“. sportmedia.mk. 3 јули 2017. Посетено на 4 јули 2017.
- ↑ „Гевгелија добива моќен прволигаш: Се фузираа Блокотехна и Кожув“. ekipa.mk преку web.archive.org. 13 јуни 2019. Архивирано од изворникот на 2019-08-23. Посетено на 23 август 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Се фузираа Кожув и Блокотехна, Гевгелија добива моќен кошаркарски клуб“. gol.mk преку web.archive.org. 13 јуни 2019. Посетено на 23 август 2019.
- ↑ „КК Ангели прифати – ќе игра во Првата лига“. ekipa.mk преку web.archive.org. 23 август 2019. Архивирано од изворникот на 2019-08-23. Посетено на 23 август 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Ангели ја прифати поканата за Прва лига: Се чека „зелено светло" за салата“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 23 август 2019. Посетено на 23 август 2019.
- ↑ „Блокотехна се враќа на кошаркарската сцена, веднаш донација од 200.000 денари“. ekipa.mk преку web.archive.org. 19 април 2020. Архивирано од изворникот на 2020-04-19. Посетено на 19 април 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Блокотехна го возобнови кошаркарскиот клуб, великодушна донација за нов почеток“. gol.mk преку web.archive.org. 19 април 2020. Архивирано од изворникот на 2020-04-19. Посетено на 19 април 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| ||||||||||