КК Фени Индустри

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
КК Фени Индустри
лого на КК Фени Индустри
Цело име Кошаркарски Клуб Фени Индустри
Основан 11 јануари 1970; пред 46 години (1970-01-11)
Распаднат /
Арена Сала Јасмин
Локација Кавадарци
Тимски бои портокалова, бела и црна
              
Претседател Арвинд Мундра
Главен тренер Љупчо Малинков
Титули 3 Прва кошаркарска лига
2 Куп на Македонија
1 БИБЛ
Лига Прва Лига Мажи
2015/16 Полуфинале
Регуларен дел 4ти
Официјално веб-место
Дресови
Kit body unknown.png
{{{title}}} jersey
Team colours
{{{title}}}
Kit body unknown.png
{{{title}}} jersey
Team colours
{{{title}}}

Кошаркарскиот клуб Фени Индустри е македонски кошаркарски клуб, со седиште во Кавадарци. Клубот бил трикратен првак во Првата македонска кошаркарска лига и двократен првак во Купот на Македонија. Своите натпревари, клубот ги игра во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци.

Во својата историја, овој клуб дал многу значајни имиња кои ја афирмирале кошаркарката, градот Кавадарци и Република Македонија. Меѓу нив, најпознати се: Врбица Стефанов, Тодор Гечевски, Ристе Стефанов и Горан Самарџиев.

Историја[уреди | уреди извор]

Создавање[уреди | уреди извор]

Во 1969 година, по иницијатива на И. Каровски, Б. Ивановски, Д. Галапчев, Ж. Клинчаров, Т. Ридов, М. Ацев, Б. Камчев и Р. Прескакулев се формирал кошаркарскиот клуб Тиквеш, кој и официјално постои од 11 јануари 1970. Прв тренер на КК Тиквеш бил професорот Живко Клинчаров, а подоцна како предводници на клубот работеле и Р. Анѓушев, Д. Пецов, Т. Клинчаров, П. Камчевски, О. Тотов и други. Во својот прв официјален настап, Тиквеш го декласирал тимот на "23 Октомври" од Кочани со резултат 102-64. На тој натпревар настапувале: А. Књазев, С. Кировски, М. Спанџов, Б. Петреназов, М. Ацев, К. Спанџов, О. Тотов, Б. Гечевски, П. Камчевски, З. Мукаетов и А. Галапчев. Најголемиот успех, кошаркарите на Тиквеш го постигнале во сезоната 1984/1985, кога го освоиле првото место во Првата македонска републичка лига.[1]

Настапи во Првата македонска лига[уреди | уреди извор]

Во првата сезона на Првата македонска кошаркарска лига, во сезоната 1992/93, КК Тиквеш обезбедил пласман. Клубот си го сменил името и од 1995 до 1997 настапувал како КК Алумни Деком Тиквеш, а потоа во КК Орка Спорт (од 1997 до 1999 година) и повторно во КК Тиквеш (од 1999 до 2002 година).[2]

Во 2005 година, како главен спонзор на клубот влегла компанијата „Фени Индустри“ и поради тоа, клубот го променил името во КК Фени Индустри. Во сезоната 2005/2006, клубот настапувал во Втората лига, каде го освоил второто место и така обезбедил пласман во Првата лига. Во следната сезона 2006/2007, го освоил шестото место во Првата лига, а веќе во сезоната 2007/2008 била освоена двојната круна - шампион на Македонија и освојувач на Купот.[3] Во сезоната 2008/2009, Фени Индустри загубил во финалето против Фершпед Работнички во првенството, додека во купот стигнал до полуфиналето. Сезоната 2009/2010, исто така, била успешна за клубот, кој повторно ја освоил двојната круна. Во сезоната 2010/2011, Фени Индустри ја освоил третата титула во Првата лига, додека во Купот стигнал до полуфиналето. Во сезоната 2011/2012, престанала доминацијата на кавадаречкиот клуб, кој стигнал до финалето во Првата лига и во Купот, каде на двапати загубил од МЗТ Аеродром. Во сезоната 2012/2013, Фени Индустри стигнал до полуфиналето во Лигата и во Купот. Сезоната 2013/2014 била најлоша сезона во поновата историја на клубот, Фени не успеал да обезбеди пласман во Суперлигата со што играл опстанок односно Плејаут, а во Купот стигнале до четвртфинале. Во Првенството 2014/2015, Фени Индустри бил елиминиран во полуфиналето од МЗТ Аеродром.[4]

Успеси[уреди | уреди извор]

КК Фени Индустри има забележано неколку успеси, меѓу кои:

Фени Индустри има учествувани и во неколку европски купови, како што е Купот Корач.

Состав 2016/2017[уреди | уреди извор]

Тренер на тимот за сезона 2016/17 е Љупчо Малинков. Негови асистенти се Атанас Манев и Горан Самарџиев.

Ова е ростерот за сезона 2016/2017

број име висина цм позиција години националност претходен клуб
5 Јане Петровски 181 Разигрувач 31 Македонија Македонија Работнички
9 Андреј Магдевски 192 Разигрувач 20 Македонија Македонија Партизан Србија
4 Бобан Стајиќ 185 Разигрувач 22 Македонија Македонија МЗТ Аеродром
15 Никола Кицев 185 Разигрувач 18 Македонија Македонија Младински состав
31 Матија Чешковиќ 192 Бек 35  Хрватска Витр Франција
7 Горјан Марковски 196 Бек /
Крилен центар
24 Македонија Македонија МЗТ Аеродром
10 Предраг Пајиќ 198 Крило 23 Македонија Македонија Вардар
6 Методија Бешлиоски 197 Крилен центар 20 Македонија Македонија Вардар
11 Кирил Николовски 210 Крилен центар /
Центар
28 Македонија Македонија МЗТ Аеродром
14 Бранислав Ѓекиќ 209 Крилен центар /
Центар
25  Србија ОКК Београд Србија
1 Гиорги Шарабиѕе 210 Центар 26  Грузија Тбилси Грузија
13 Милан Милков 206 Центар /
Крилен центар
19 Македонија Македонија Младински состав

Извор: eurobasket.combasketball.org.mk

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]