Тодор Гечевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тодор Гечевски
Гечевски со МЗТ во 2013 година
Гечевски со МЗТ во 2013 година
Прекар(и)Тоше
ПозицијаЦентар
Висина2,09 м
Тежина110 кг
Роден28 август 1977 (1977-08-28) (41 г.)
КавадарциСР МакедонијаСФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера1993–2015
Кариера
Инфо од: 26.02.2018.

Тодор Гечевски (роден на 28 август 1977 во Кавадарци) — поранешен македонски кошаркар и член на Македонската кошаркарска репрезентација и актуелен директор на Кошаркарската Федерација на Македонија. Тој бил прогласен за најдобар македонски интернационалец од 2005 до 2009 година, како и најдобар домашен играч за 2012 година. Гечевски играл на позицијата центар.

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

Клубска кариера[уреди | уреди извор]

Тодор Гечевски бил откриен од страна на Димитар Пецов, популарниот „професор“ од Кавадарци од чија „работилница“ излегоа и Врбица Стефанов, Ристе Стефанов и Горан Самарџиев. Во Гечевски тој виде кошаркарски „бисер“ и реши да му даде шанса да дебитира во првиот тим на КК Тиквеш на само 16 години.[1] Центарот во редовите на Тиквеш настапувал четири години и се изгради како кошаркар.[2]

Гечевски потоа заминал во Никол ферт каде за првпат стана шампион во македонското првенство.[2] Заедно со Никол Ферт, Гечевски го освоил и Суперкупот на Македонија 2000. Кратко за МЗТ играл во 2001 година. За сезоната 2001/02, Гечевски се вратил Никол Ферт при што го освоил Купот на Македонија. За сезоната 2002/03, тој настапувал во италијански Аир Авелино. За следната сезона, Гечевски првата полусезона ја поминал во германски Хаген, кога потоа преминал во Фершпед Работнички и ја освоил двојната круна.[2]

Најголемиот успех на клупски план Тоше го изградил во хрватски Задар, каде настапувал од 2004 до 2009 година и освоил вкупно пет трофеја. Воедно, поради добрите игри во хрватскиот тим Гечевски се најде и во идеалниот тим на Еврокупот во сезоната 2008/09. Благодарение на добрите игри на Гечевски, Задар дојде до прва титула по 19 годишна пауза. По Хрватска, за центарот следеше двегодишен настап за грчки ПАОК.[2]

Потоа Гечевски се вратил во Македонија, поточно во редовите на МЗТ Аеродром, во чиј дрес настапуваше кога клубот ја испиша својата најголема историја. Како „штрк“ Гечевски трипати ја освои двојната круна во македонското првенство и воедно со првите сезони на тимот во АБА-лигата дојде до историја во регионалното натпреварување - најдобар скокач на сите времиња (1.314 скока), како и играч со најмногу индекс-поени во АБА (3.212).[2] Последната играчка сезона во кариерата Гечевски ја мина во најтрофејниот македонски клуб, екипата на Работнички, притоа повторно освојувајќи го Купот на Македонија 2015.[2] Во февруари 2015 година, Македонската Кошаркарска Федерација објавила дека Гечевски е еден од четворицата номинирани кандидати за наградата за најдобар кошаркар на Македонија за 2014 година.[3] На крајот на јануари 2016 година било најавено дека Тодор Гечевски повторно ќе се активира како кошаркар и да се врати во екипата на Работнички,[4][5][6] но тоа не се остварило.[2]

По завршувањето на сезоната 2014/15, Тодор Гечевски се пензионирал како кошаркар и станал координатор на младинските школи во Работнички.[7][8][9]

На 30 септември 2016 година, на натпреварот Работнички - Фенербахче, кој бил по повод 70 години постоење на КК Работнички, Гечевски официјално се пензионирал како кошаркар.[10][11][12] Тој влегол во деветтата минута, одиграл 21 секунда, дал кош и ја завршил својата играчка кариера.[13][14][15][16]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Русокосиот центар во репрезентацијата бил од 1996 година до 2013 година и настапи на сите големи натпреварувања. Популарниот Тоше бил еден од лидерите на репрезентацијата во блесокот на Евробаскетот 2011 во Литванија и освојувањето на историското четврто место, а најмногу се истакна во победите над фаворизираната Хрватска (78-76) и „лутиот ривал“ Грција (72-58). На мечот од втората групна фаза против Грузија, кавадарчанецот заработил скршеница на левата рака и му било соопштено дека за него е завршен Евробаскетот, но сепак, тој молел за да игра и бил решен да биде дел од составот, што била голема мотивација за македонските кошаркари да го покажат своето вистинско лице на паркетот и да „изгинат“ за стариот лисец Тоше кој бил приморан да ги пропушти најважните средби за нашиот национален состав.[2]

Гечевски по извесен период заздравел и се врати меѓу „жолто-црвените“, но не успеал на нашата селекција да и помогне да обезбеди историски пласман на Олимписките игри кои во 2012 се одржаа во Лондон. По фијаското против Доминиканска Република следело откажување од националниот тим на неколку искусни кошаркари, меѓу кои бил и Тоше.[2]

Желбата да игра во дресот на нашата држава Гечевски уште еднаш ја покажал во 2013 година кога по барање на македонската нација, но и неговите колеги Мекејлеб, Илиевски и Антиќ, кој лично инсистирал за негово враќање во репрезентацијата преку СМС-порака, ја „одложил“ репрезентативната пензија и настапи на Евробаскетот 2013 во Словенија. Настапот на нашите кошаркари во „Подмежкала“ не бил сјаен - од пет меча во групната фаза загубивме четири, поради што го освоивме 21. место од вкупно 24 репрезентации. Но и покрај тоа, потегот на Гечевски бил голем, затоа што тој не само што покажал дека е голем професионалец, туку станал вистински пример на останатите генерации како треба да се сака својата држава.[2]

Гечевски според статистиката е кошаркар кој зад своето име има најмногу настапи во жолто-црвениот дрес – вкупно 89 меча. Исто така, Гечевски е и сопственик на „Медал за заслуги за Македонија“, врачен лично од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов.[2]

Останата кариера[уреди | уреди извор]

Во април 2019 година, Перо Антиќ станал кандидат за претседател на Македонската Кошаркарска Федерација, а Гечевски станал негов соработник.[17] Откако Антиќ бил избран за Претседател на Кошаркарската Федерација на Македонија, Гечевски бил поставен за директор на КФМ.[18]

Успеси[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Македонија Гостивар[уреди | уреди извор]

Македонија Работнички[уреди | уреди извор]

Хрватска Задар[уреди | уреди извор]

  • A-1 Лига (2) : 2004/05, 2007/08
  • Крешимир Косиќ Куп (3) : 2005, 2006, 2007

Македонија МЗТ Аеродром[уреди | уреди извор]

Признанија[уреди | уреди извор]

  • Најмногу скокови во Јадранската лига на сите времиња (1314)
  • Најмногу индекс поени во Јадранската лига на сите времиња (3212)
  • Најкорисен играч на финалето во Купот на Македонија - издание 2002[19]
  • Најкорисен играч на финалето во Купот на Македонија - издание 2004
  • Најдобар кошаркар во странство за 2005 година[20][21][22]
  • Најдобар кошаркар во странство за 2006 година[23][24][2]
  • Најдобар кошаркар во странство за 2007 година[25][2]
  • Најдобар кошаркар во странство за 2008 година[26][27]
  • Најдобар кошаркар во странство за 2009 година[28]
  • Најкорисен играч на сезоната 2011/12[29]
  • Центар на сезоната 2011/12[29]
  • Прва најдобра петорка на сезоната 2011/12[29]
  • Најкорисен играч на финалето во Купот на Македонија - издание 2012
  • Најдобар домашен кошаркар за 2012 година[30][31][32]
  • Eurobasket.com - Најкорисен играч на финалето во лигата 2012/13
  • Eurobasket.com - Втора најдобра петорка на сезоната 2012/13
  • Eurobasket.com - Најдобра домашна петорка на сезоната 2012/13
  • Најкорисен играч на финалето во Купот на Македонија - издание 2014
  • Eurobasket.com - Трета најдобра петорка на сезоната 2013/14
  • Eurobasket.com - Најдобра домашна петорка на сезоната 2013/14
  • Eurobasket.com - Центар на сезоната 2014/15
  • Eurobasket.com - Прва најдобра петорка на сезоната 2014/15
  • Eurobasket.com - Најдобра домашна петорка на сезоната 2014/15

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Проф. Пецов – синоним за пронаоѓање таленти“, gol.mk, 19 април 2013 (посет. 2 октомври 2016 г).
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 Русокосиот кавадарчанец заминува меѓу легендите: Тоше, фала ти за сè!“, gol.mk, 30 септември 2016 (посет. 2 октомври 2016 г).
  3. „Гечевски и Дамјан Стојановски главни во трка за најдобар кошаркар во 2014“, Дневник, година XIX, број 5685, петок, 6 февруари 2015, стр. 23.
  4. Гечевски повторно ќе игра за Работнички maksport.ml 29 јануари 2016
  5. Пак се спојуваат „Кулите близначки“: Гечевски се враќа во тимот на Работнички! sportmedia.mk 29 јануари 2016
  6. Гечевски се врати во редовите на Работнички! sport365.mk 29 јануари 2016
  7. Легендата во нова улога: Гечевски ќе го враќа стариот сјај на младинската школа на Работнички sportmedia.mk 17 август 2015
  8. Гечевски: Сакаме Работнички пак да биде доминантен со играчи од сопствената школа! sportmedia.mk 17 август 2015
  9. Гечевски ќе им помага на младите, а можеби и пак ќе заигра за Работнички centarnews.net 17 август 2015
  10. Антиќ го испраќа Гечевски во пензија“, sportmedia.mk, 27 септември 2016 (посет. 29 септември 2016 г).
  11. Гечевски ќе се збогува со кошарката на ревијалниот натпревар против Фенербахче“, ekipa.mk, 27 септември 2016 (посет. 29 септември 2016 г).
  12. Гечевски ќе го одигра последниот кошаркарски „танц“ против Фенербахче“, gol.mk, 27 септември 2016 (посет. 29 септември 2016 г).
  13. Овации за Гечевски: Влезе, даде кош и се прости од кошарката“, ekipa.mk, 30 септември 2016 (посет. 2 октомври 2016 г).
  14. Гечевски испратен со овации“, sportmedia.mk, 30 септември 2016 (посет. 2 октомври 2016 г).
  15. Гечевски: Ова е идеален крај, голема благодарност до сите…“, ekipa.mk, 30 септември 2016 (посет. 2 октомври 2016 г).
  16. Гечевски се „одјави“ како што најдобро знае – со дефанзивен скок и два поени!“, gol.mk, 30 септември 2016 (посет. 2 октомври 2016 г).
  17. Перо Антиќ ги „отвори“ картите: Кошарката пак да ни биде спорт „број еден“!“, gol.mk, 24 април 2019 (посет. 25 април 2019 г).
  18. Антиќ го потврди тимот: Гечевски нов директор, Георгиевски ќе биде генсек“, gol.mk, 29 мај април 2019 (посет. 30 мај 2019 г).
  19. Николферт го освои својот втор трофеј dnevnik.mk 7 мај 2002
  20. Тасовски кошаркар на годината“, time.mk, 29 декември 2005 (посет. 26 февруари 2018 г).
  21. „Диме Тасовски и Тодор Гечевски - кошаркари во годината“. star.dnevnik.com.mk. 31 декември 2005. 
  22. Тасовски - играч на годината“, vesnik.com, 29 декември 2005 (посет. 24 декември 2018 г).
  23. „Новинарите“ подобри од репрезентацијата“, sportskoradio903.com.mk, 25 декември 2006 (посет. 26 февруари 2018 г).
  24. Новинарите ја преслушаа репрезентацијата“, vecer.mk, 25 декември 2006 (посет. 26 февруари 2018 г).
  25. Гоцевски и Колариќ играчи на годината“, vecer.mk, 23 декември 2007 (посет. 26 февруари 2018 г).
  26. Војдан Стојановски - најдобар кошаркар“, vecer.mk, 22 јануари 2009 (посет. 26 февруари 2018 г).
  27. Војдан Стојановски е број еден“, idividi.com.mk, 23 јануари 2009 (посет. 26 февруари 2018 г).
  28. Тони Симиќ е кошаркар на годината“, vest.com.mk преку archive.li, 9 февруари 2010 (посет. 26 февруари 2018 г).
  29. 29,0 29,1 29,2 Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2011-12“, eurobasket.com (посет. 15 ноември 2017 г).
  30. Година во знакот на Антиќ, Гечевски, Тодоров…“, ekipa.mk, 19 декември 2012 (посет. 6 јули 2017 г).
  31. КФМ ги објави најдобрите“, ohridnews.com, 19 декември 2012 (посет. 6 јули 2017 г).
  32. Гечевски најдобар македонски кошаркар“, vecer.mk, 20 декември 2012 (посет. 6 јули 2017 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]