Марјан Ѓуров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Марјан Ѓуров
ПозицијаКрило
Висина2,01 м
Тежина97 кг
Роден4 мај 1980 (1980-05-04) (39 г.)
ШтипСР МакедонијаСФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера1998–2015
Клубови
1998-2006Работнички
2006-2007Вардар
2007-2012Фени Индустри
2012-2015Работнички
Репрезентација
Инфо од: 27.01.2020.

Марјан Ѓуров (роден на 4 мај 1980 во Штип) — поранешен македонски кошаркар и репрезентативец.

Играчка кариера[уреди | уреди извор]

Клубска кариера[уреди | уреди извор]

Својата професионална кариера ја започнал во 1998 година во Годел Работнички. Со Работнички во неговата прва професионална сезона го освоил домашното Првенство. Во сезоната 1999/00, Ѓуров заедно со Работнички бил вицепрвак во Лигата и во Купот на Македонија 2000. Во следната сезона, Марјан Ѓуров со Работнички повторно ја освоил Лигата и повторно биле вицепрваци во Купот 2001. Во сезоната 2001/02, Марјан Ѓуров најпрвин го освоил Суперкупот 2001, па ја освоил Лигата, но повторно загубил од Никол Ферт во финалето од Купот 2002. Во сезоната 2002/03, Ѓуров со Фершпед Работнички ја освоил двојната круна. Марјан Ѓуров со Работнички повторно ги освоил двојните круни, во Лигата (2003/04, 2004/05, 2005/06) и соодносно во Купот (2004, 2005, 2006). За сезоната 2006/07, Ѓуров се преселил во Вардар Осигурување, притоа освојувајќи го Купот 2007. Следната сезона потпишал за Фени Индустри со кој го освоил Првенството 2007/08 и Купот 2008. Следната сезона, Ѓуров со Фени бил вицепрвак, губејќи од Фершпед Работнички во финалето. Во сезоната 2009/10, Ѓуров со кавадаречкиот клуб повторно ја освоил двојната круна. Во истиот тој Куп 2010, Ѓуров поради повреда не настапувал.[1] Следната сезона, Марјан Ѓуров го освоил Првенството. За сезоната 2011/12, тој ја продолжил соработката со Фени.[2] Тогаш во Лигата и во Купот 2012, Ѓуров со Фени Индустри бил вицепрвак, на во двата наврати губејќи од МЗТ Аеродром. Во август 2012 година, Ѓуроб му истекол договорот со Фени Индустри.[3][4] За сезоната 2012/13, Ѓуров се вратил во Работнички.[5] Со Работнички во сезоната 2013/14 бил вицепрвак во Лигата. Во својата последна сезона, Ѓуров со Работнички го освоил Купот 2015.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Марјан Ѓуров бил член на уличната репрезентација на Македонија која се напреварувала на Светското првенство во улична кошарка 1998 во Париз, Франција. Таму тој добил прилика да се запознае со тогаш младите Коби Брајант и Трејси Мекгрејди, идните ѕвезди во НБА.[6] На првенството Ѓуров со репрезентацијата стигнале до четвртфиналето каде загубиле од Југославија. На крајот тие завршиле на шестото место од 36 репрезентации.[7]

Останата кариера[уреди | уреди извор]

Марјан Ѓуров има завршено на Факултетот за физичка култура. Тој моментално предава кошарка на Спортската академија.[6]

Успеси[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Македонија Работнички[уреди | уреди извор]

Македонија Вардар[уреди | уреди извор]

Македонија Еуро Никел 2005[уреди | уреди извор]

Признанија[уреди | уреди извор]

  • Најдобар одбранбен играч на Купот на Македонија - издание 2007
  • Одбранбен играч на сезоната 2006/07[8]
  • Најдобра одбранбена петорка на сезоната 2006/07[8]
  • Најдобра одбранбена петорка на сезоната 2007/08[9]
  • Почесно споменување во сезоната 2007/08[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фени Индустри на крилја во Виница“, dnevnik.mk, 28 март 2010 (посет. 6 февруари 2017 г).
  2. Фени ги задржа Самарџиев, Ѓуров и Брчков“, utrinski.mk, 29 јуни 2011 (посет. 6 февруари 2017 г).
  3. Марјан Ѓуров повеќе не е дел од Фени!“, kavadar4e.com, 18 август 2012 (посет. 6 февруари 2017 г).
  4. Фени индустри раскина со Ѓуров“, ekipa.mk, 20 август 2012 (посет. 6 февруари 2017 г).
  5. Ѓуров потпиша за Работнички“, ekipa.mk, 24 август 2012 (посет. 6 февруари 2017 г).
  6. 6,0 6,1 Кога Марјан Ѓуров го сретна Коби…“, basketball.mk преку web.archive.org, 27 јануари 2020 (посет. 29 јануари 2020 г).
  7. Спироски: Коби беше инспирација и мотивација за сите“, basketball.mk преку web.archive.org, 29 јануари 2020 (посет. 29 јануари 2020 г).
  8. 8,0 8,1 Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2006-07“, eurobasket.com (посет. 15 ноември 2017 г).
  9. 9,0 9,1 Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2007-08“, eurobasket.com (посет. 15 ноември 2017 г).


Надворешни врски[уреди | уреди извор]