Прејди на содржината

Коби Брајант

Од Википедија — слободната енциклопедија
Коби Брајант

Коби Бин Брајант (англиски: Kobe Bean Bryan; 23 август 197826 јануари 2020) — американски професионален кошаркар, кој целата своја 20-годишна кариера ја поминал во екипата „Лос Анџелес Лејкерс“ во Националната кошаркарска асоцијација (НБА). Бил висок 198 см, тежок 95 кг и играл на позицијата бек. Коби имал одлична кошаркарска кариера во средното училиште Ловер Мерион во Пенсилвенија каде што бил познат како најдобар средношколски кошаркар во државата.

Почетоците на кариерата

[уреди | уреди извор]

Брајант е роден во 1978 г. во Филаделфија, Пенсилванија.[1]

НБА-драфт 1996

[уреди | уреди извор]

Коби Брајант бил избран на НБА-драфтот во 1996 година, како 13-ти пик од страна на Шарлот Хорнетс, директно од средно училиште. Тој спаѓа меѓу ретките играчи од НБА кои се драфтувани на тој начин. Сепак, Брајант не одиграл за „Хорнетс“ ниту еден натпревар, бидејќи менаџерот на „Лејкерс“ Џери Вест веднаш направил трампа, па така Владе Дивац заминал за „Шарлот Хорнетс“, а Коби Брајант дошол во „Лејкерс“[2]

Подемот и славата

[уреди | уреди извор]

Уште на почетокот на својата кариера, Брајант се истакнал како одличен играч и столб на тимот и, заедно со Шекил О'Нил, бил најзаслужен за трите последователни шампионски прстени, освоени во периодот (2000-2002).[3]

На 5 март 2003 година, Брајант станал најмладиот играч во историјата на НБА со постигнати 10 000 бода, со 24 години и 193 дена), а подоцна, станал и најмладиот играч со постигнати 25 000 бода. На почетокот на декември 2012 година, Брајант се запишал во историјата на кошарката на тој начин што влегол во кругот на кошаркарите од НБА кои во кариерата постигнале над 30 000 бода. Имено, на натпреварот против "Њу Орлеанс Хорнетс", Брајант постигнал 29 бода,со што станал дел од клубот "30 000", во друштвото на големите имиња од НБА, како: Карим Абдул Џабар, Карл Мелоун, Мајкл Џордан и Вилт Чемберлен. Притоа, на возраст од 34 години, Брајант станал најмладиот кошаркар кој во својата кариера успеал да постигне толку бодови.[4] Во декември 2014 година, на мечот против „Минесота“, Брајант го преминал Мајкл Џордан и станал трет најдобар стрелец во историјата на НБА, со вкупно постигнати 32.310 бода.[5]

На 22 јануари 2006 година, во мечот против „Торонто Рапторс“, Брајант постигнал 81 бод, постанувајќи втор најдобар стрелец на еден натпревар во историјата на НБА, по Вилт Чемберлен, кој постигнал 100 бода.

Во 1997 година, Брајант победил на натпреварот во забивање во рамките на ревијалниот натпревар „Ол стар“. исто така, тој има освоено една награда за најдобар играч во НБА (MVP) во сезоната 2007-2008 и има пет шампионски прстени, односно бил пет пати шампион на НБА, од кои, двапати бил прогласен за најдобар играч (MVP) во финалето.

Во февруари 2016 година, на 65. издание на „Ол стар“, Брајант го одиграл последниот натпревар на овој настан при што постигнал 10 бода.[6] Подоцна, во април, Брајант го одиграл последниот настап во НБА. Притоа, во натпреварот против „Јута џез“, одигран на домашен терен, во „Стејплс центарот“ во Лос Ангелес, Брајант постигнал 60 бода. Така, тој станал петтиот играч во историјата на НБА кој одиграл 20 сезони (но, првиот играч кој сите нив ги одиграл во едне клуб) во кои освоил пет шампионски прстени, постигнал 30.000 бода, имал над 6.000 асистенции, 18 пати настапил на „Ол-стар“ натпреварите, двапати бил прогласен за најкорисен играч (МВП) на сезоната, а со репрезентацијата на САД освоил два олимписки медали. Најпосле, тој е вториот играч во историјата на НБА со најмногу постигнати бодови на еден натпревар (во 2006 година, во натпреварот против „Торонто репторс“ постигнал 81 бод).[7]

На 26 јануари 2020 година, Брајант загина во хеликоптерска несреќа во Калабасас, Калифорнија.[8] Во несреќата загинала и неговата 13-годишна ќерка Џијана Марија.

  1. „Kobe Bryant Fast Facts“. CNN.com. April 5, 2020. Архивирано од изворникот на February 20, 2020. Посетено на July 25, 2021.
  2. Howard-Cooper, Scott (July 1, 1996). „Divac's OK Has Lakers Buzzing“. Los Angeles Times. Архивирано од изворникот на December 9, 2021. Посетено на December 9, 2021.
  3. „LAKERS: Los Angeles Lakers History“. NBA.com. Архивирано од изворникот на February 17, 2012. Посетено на June 23, 2008.
  4. „Лејкерс победи, Брајант во клубот 30.000“, Дневник, година XVI, број 5034, петок, 7 декември 2012, стр. 33.
  5. „Брајант стана трет стрелец во НБА“, Дневник, година XVIII, број 5643, вторник, 16 декември 2012, стр. 22.
  6. „Историја надополнета со постигнат рекорден број кошеви“, Дневник, година XX, број 5990, вторник, 16 февруари 2016, стр. 23.
  7. „Коби Брајант постигна 60 бода на свјот последен натпревар во НБА“, Дневник, година XX, број 6041, петок, 15 април 2016, стр. 26.
  8. НБА легендата Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа на 41 година (англиски)