Лос Анџелес Лејкерс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лос Анџелес Лејкерс
Лос Анџелес Лејкерс лого
Конференција Западна Конференција
Дивизија Пацифичка дивизија
Основан 1946
Историја Минеаполис Лејкерс (1947-1960)
Лос Анџелес Лејкерс (1960-сѐ уште)
Арена Стејплс Центар
Град Лос Анџелес, Калифорнија
Тимски бои               
Сопственик/ци Џери Бас
Генерален менаџер Мич Купчак
Тренер Лук Валтон
Шампиони 16 (1949, 1950, 1952, 1953, 1954, 1972, 1980, 1982, 1985, 1987, 1988, 2000, 2001, 2002, 2009, 2010)
Конференциски титули 32 (1948, 1949, 1950, 1952, 1953, 1954, 1959, 1962, 1963, 1965, 1966, 1968, 1969, 1970, 1972, 1973, 1980, 1982, 1983, 1984, 1985, 1987, 1988, 1989, 1991, 2000, 2001, 2002, 2004, 2008, 2009, 2010)
Дивизиски титули 23 (1971, 1972, 1973, 1974, 1977, 1980, 1982, 1983, 1984, 1985, 1986, 1987, 1988, 1989, 1990, 2000, 2001, 2004, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012)
Пензионирани броеви 9 (13, 22, 25, 32, 33, 34, 42, 44, 52, MIC)
Официјална веб-страница lakers.com
Kit body basketball.png
Дома jersey
Team colours
Дома
Kit body basketball.png
Гости jersey
Team colours
Гости


Лос Анџелес Лејкерс (англиски: Los Angeles Lakers) е еден од двата кошаркарски тимови од Лос Анџелес (Калифорнија), кои се натпреваруваат во НБА лигата. Лос Анџелес Лејкерс биле формирани во 1946, а две години подоцна, во 1948 тие се приклучиле кон НБА лигата. Екипата се натпреварува во Пацифичката дивизија од Западната конференција во американската национална лига. Тие се втората најуспешна франшиза во НБА со 16 шампионски титули, позади екипата на Бостон Селтикс кои имаат 17.[1] Според анализата на Форбс, вредноста на тимот на Лејкерс се движи околу 1 билион долари, со што тие се втората најскапа екипа во лигата.[2]

Екипата првично била сместена во Минеаполис, во сојузната американска држава Минесота. Во тоа време освоиле шест шампиоски прстени предводени од центарот Џорџ Мајкан, кој бил познат како првата „вистинска“ НБА ѕвезда. По повлекувањето на Мајкан раководството имало финансиски потешкотии, па затоа тие се преместиле во Лос Анџелес (Калифорнија), пред почетокот на сезоната 1960/61.

Во текот на 60-тите екипата шест пати се пласирала во големото финале, но секој пат губела од Бостон Селтикс. Тогаш за Лејкерс играле Џери Вест и Елџин Бејлор, додека за Бостон настапувале Бил Расел и Боб Кузи помеѓу останатите. Уште од тогаш датира големото ривалство помеѓу овие две организации. Кон крајот на декадата во клубот пристапил Вил Чембрлен, со кого Лејкерси загубиле две финалиња во 1969 и 1970, но затоа пак во 72′ прв пат се радувале на титулата по преселбата во „Градот на ангелите“.

По пензионирањето на Вест и Чембрлен, во екипата дошол Карим Абдул-Џабар, но навивачите чекале на златниот пехар сѐ до појавувањето на Меџик Џонсон. Меџик и Џабар формирале легендарно дуо кое во 9 години дури 5 пати се закитило со престижниот трофеј. Во тие 5 титули спаѓаат две победи во финалето против лутите противници од Источна Америка, Бостон Селтикс (1985 и 1987). Составот бил предводен од тренерот Пет Рајли.

Во текот на 90-тите Лејкерси биле засенети од успехот на Чикаго Булс и шутерот Мајкл Џордан. Кон крајот на таа деценија во франшизата пристигнал трофејниот тренер Фил Џексон, а нешто пред него играчите Шекил О′Нил и Коби Брајант. Со нив организацијата направила шампионски „хет-трик“ во периодот 2000-2002. Во текот на новиот милениум следеле два пораза во финалињата 2004 и 2008 од екипите на Детроит Пистонс и Бостон Селтикс соодветно. Последните две победи во финалните серии биле во 2009 и 2010 последователно.

Состав[уреди | уреди извор]

Име Години Држава Височина Позиција
Стив Блејк 33  САД 1.91 м плејмејкер
Коби Брајант (капитен) 34  САД 1.98 м бек
Ерл Кларк 25  САД 2.08 м крило
Крис Духон 30  САД 1.85 м бек
Девин Ебанкс 23  САД 2.06 м крило
Пау Гасол (капитен) 32  Шпанија 2.13 м крилен центар
Ендру Гудлок 24  САД 1.91 м бек
Џордан Хил 25  САД 2.08 м крилен центар
Ентоан Џејмисон 36  САД 2.06 м крило
Џоди Микс 25  САД 1.93 м бек
Дариус Морис 22  САД 1.93 м бек
Стив Неш 39  Канада 1.91 м плејмејкер
Роберт Сакре 23  САД 2.13 м центар
Рон Артест 33  САД 2.01 м крило

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „About STAPLES Center“. staplescenter.com. http://www.staplescenter.com/doublecol.php?section=about&page=aboutstaplescenter. посет. 1 септември, 2008 г. 
  2. Badenhausen, Kurt. „Billion-Dollar Knicks and Lakers Top List Of NBA's Most Valuable Teams“, „Forbes“, 23 јануари, 2013 (посет. 23 јануари, 2013 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]