26 јануари

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< јануари >>
Н П В С Ч П С
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31

26 јануари е 26-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 339 денови до крајот на годината (340 во престапна).

Настани:

1531  Лисабон го погоди катастрофален земјотрес при што загинаа околу 30.000 луѓе.
1788  736 затвореници од Англија пристигнале во Австралија, во Порт Џексон (денешен Сиднеј), и ја формирале првата европска колонија на новиот континент. Ден на Австралија.
1827  Перу прогласи независност.
1841  Прогласен е британски суверенитет над Хонгконг. По шест денови Кина беше принудена да го отстапи Хонгконг на Велика Британија.
1905  Кај Преторија во Јужна Африка откриен е „Калинан“, најголемиот дијамант во светот, со вредност од 3.106 карати.
1934  Потпишана е германско-полска изјава за ненапаѓање и за мирно решавање на споровите. Со тоа Хитлер доби безбедност на исток и можеше да тргне во освојување на Подунавје. Излегувањето на Полска од францускиот блок значеше голема пукнатина на европскиот систем на колективна безбедност и успех на Хитлер.
1942  Втора Светска војна: САД упатија први сили во Европа, во која во тоа време војна се водеше само на Источниот фронт и на подрачјето на Југославија. Трупите беа стационирани во Северна Ирска.
1946  Излезе од печат првата граматика на македонски јазик што ја напиша професорот Круме Кепески.
1950  Индија формално е прогласена за Република во рамките на Британскиот комонвелт.
1993  Вацлав Хавел е избран за прв претседател на Чешка.
1994  Романија стана прва поранешна членка на Варшавскиот пакт која со НАТО пактот потпиша Документ „Партнерство за мир“.
1994  Во Рим, Република Македонија е примена за полноправен член на Меѓународната банка за финансирање на развојот на земјоделството (ИФАД).
1996  Американскиот сенат го одобри договорот „Старт-2“ за намалување на бројот на американските и руските нуклеарни ракети.

Родени:

1494  Иполита Марија Сфорца — ќерка на Џан Галеацо Сфорца.
1959  Александар Станковски — македонски уметник.
1981  Хуан Хосе Аедо — аргентински велосипедист.
1984  Јуриј Трофимов — руски велосипедист.
1987  Себастијан Џовинко — италијански фудбалер.
1987  Ригоберто Уран — колумбиски велосипедист.
1990  Петер Саган — словачки велосипедист.

Починале:

1823  Едвард Џенер — пронаоѓач на вакцината против големи сипаници.
1864  Лео фон Кленце — прочуен германски неокласичен архитект.
1961  Сотир Ставридис — македонски хирург и уролог.
1990  Ава Гарднер — една од легендите на Холивуд.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември