Прејди на содржината

Торонто Репторс

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Торонто Рапторс)
Торонто Репторс
Торонто Репторс лого
Торонто Репторс лого
КонференцијаИсточна Конференција
ДивизијаАтлантска дивизија
Основан1995
ИсторијаТоронто Репторс (1995-сѐ уште)
АренаЕр Кенада Центар
ГрадТоронто, Канада
Тимски бои                   
Сопственик/циMaple Leaf Sports & Entertainment
Генерален менаџерБрајан Коланџело
ТренерДвејн Кејси
ШампиониНикогаш
Конференциски титули0
Дивизиски титули1 (2007)
Мрежно местоraptors.com
Дома jersey
Team colours
Дома
Гости jersey
Team colours
Гости


Рапторси играат против Филаделфија Севентисиксерс во 2005та.
Меч меѓу Торонто Рапторс и Денвер Нагетс на 10 март 2006.
Рапторси се загреваат пред меч против Јута Џез во 2006/2007 сезона.

Торонто Репторс (англиски: Toronto Raptors) е единствениот канадски тим во Националната Кошаркарска Асоцијација, сместн во Торонто, Онтарио, во југоисточна Канада. Тимот е формиран во 1994 од стопанственикот Џон Битов Помладиот, Македонец со потекло од Габреш, Костурско. како дел од проширувањето на НБА во Канадските градови Торонто и Ванкувер. Во 2001, Ванкувер Гризлис се преселија во Мемфис, Тенеси, оставајќи го Торонто единствен канадски тим во НБА. Најголемо достигнување на тимот беше стигнувањето во полуфиналето на Источната конференција во 2001. Прва звезда на тимот беше Винс Картер, познат за неговите воздишнувачки забивања. Во сезоната 2006-2007 главен тренер беше Сем Мичел, а најголема ѕвезда во екипата беше Крис Бош.

Сезона 2006/2007

[уреди | уреди извор]

Сезоната 2006/2007 беше стандардна бајка-сезона, започнувајки со слаби играчи во пред-сезоната, земање на многу нови играчи од страна на менаџерот Брајан Коланџело, кој го драфтува и младиот Италијанец Андреа Барњани.[1] „Репторси“ во оваа сезона го изедначија победничкиот рекорд на тимот на сите времиња со 47 победи и 35 порази. На чело со Крис Бош, поддржан од Т.Џ. Форд, Хорхе Гарбахоса, Ентони Паркер и Андреа Барњани.[2] За првпат во 5 години, Рапторс го освоија 3. место во Источната конференција, а играа во разигрувањето на НБА, каде што беа поразени од Њу Џерси Нетс 4-2 во серија до 4 добиени, во првата рунда на разигрувањето.

Сезона 2007/2008

[уреди | уреди извор]

„Рапторси“ во оваа сезона станаа послаби наместо подобри, и собраа биланс на 41 победа и 41 пораз. Ова се атрибуираше на неиграњето на Хорхе Гарбахоза и слабата сезона на првиот пик на драфтот Андреа Барњани. Сепак, се изборија за 6то место во истокот, и играа во разигрувањето на НБА, каде што пак беа поразени во првата рунда на разигрувањето, од Орландо Меџик со 4-1 во серија до 4 добиени.

Составот во 2007/2008

[уреди | уреди извор]
Име Роден Држава Височина Позиција
Андреа Барњани1985 Италија213 cmкрило/центар
Масео Бастон1975 САД208 cmкрило
Крис Бош1984 САД208 cmкрило/центар
Примож Брезец1979 Словенија216 cmбек
Хорхе Гарбахоса1977 Шпанија206 cmкрило
Џои Грахам1982 САД201 cmкрило
Карлос Делфино1982 Аргентина198 cmкрило
Хосе Калдерон1981 Шпанија191 cmбек
Џејсон Капоно1981 САД203 cmкрило
Дерек Мартин1971 САД180 cmбек
Џамарио Мун1980 САД203 cmкрило
Радослав Нестеровиќ1976 Словенија213 cmцентар
Ентони Паркер1975 САД198 cmкрило
Т.Џ. Форд1983 САД177 cmбек
Крис Хамфрис1985 САД206 cmкрило/центар

Сезона 2008/2009

[уреди | уреди извор]

Летото 2008, така-наречена оф-сезона, започна со голема размена со Индијана Пејсерс. Торонто ги доби Џермејн О'Нил и младиот Австралијанец Нејтан Џовеј, а ги даде Т.Џ. Форд, Рашо Нестеровиќ, Матео Бастон и младиот Рој Хиберт. Карлос Делфино го напушти тимот како слободен агент, и покрај многу гласини дека се сели во Грција, Ентони Перкер остана во Торонто. Исто така, Примож Брезец и Дерик Мартин заминаа како „слободни агенти“.

Составот во 2008/2009

[уреди | уреди извор]
Име Роден Држава Височина Позиција
Хасан Адамс1984 САД193 cmбек/крило
Андреа Барњани1985 Италија213 cmкрилен центар
Крис Бош1984 САД208 cmкрилен центар
Џои Греам1982 САД201 cmкрило
Хосе Калдерон1981 Шпанија191 cmбек
Џејсон Капоно1981 САД203 cmкрило
Џамарио Мун1980 САД203 cmкрило
Џермејн О'Нил1978 САД211 cmцентар
Антони Паркер1975 САД198 cmкрило
Вил Соломон1978 САД188 cmбек
Роко Укиќ1985 Хрватска198 cmплејмејкер
Крис Хамфрис1985 САД206 cmкрилен центар
Нејтан Џовеј1986Австралија Австралија208 cmцентар
  1. „Raptors re-sign star forward Chris Bosh to contract extension“, nba.com, 14 јули 2006, проверено на 9 мај 2011.
  2. „Raptors Name Gherardini To Basketball Staff“, nba.com/raptors, 22 јуни 2006, проверено на 17 јуни 2007.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]