Предраг Самарџиски (роден на 4 ноември 1986 во Скопје ) — македонски кошаркар и член на Еуро Никел 2005 . Тој е висок 216 см и тежок 125 кг , а игра на позицијата центар .
Предраг Самарџиски е син на познатите кошаркари Бобан и Рената Самарџиски, негова сестра е Бојана Самарџиска, која исто така е репрезентативка на Македонија. Самарџиски настапувал за сите младински репрезентации на Македонија .
Во својата професионална кариера, Самарџиски настапувал за повеќе клубови, како: КК Партизан (2004-2005), ФМП Железник и Црвена ѕвезда од Србија , (2005-2009), КК Олин (2010-2011), Литувос Ритас од Литванија и МЗТ Аеродром . Во сезоната 2014/2015, Самарџиски играл за МЗТ Аеродром, а по завршувањето на Европското првенство , во септември 2015 година, потпишал кусорочен договор со српскиот клуб „Мега лекс “.[1]
Во јануари 2019 година, односно за време на полусезоната од сезоната 2018/19 , Самарџиски по вторпат го облекол дресот на МЗТ Аеродром. Првата полусезона бил слободен агент.[2] [3] Таа сезона, Самарџиски со МЗТ го освоил македонското првенство.
Со репрезентацијата на Македонија , Самарџиски играл на Европските првенства во 2009 , 2011 и 2013 година, по што се повлекол од натамошните настапи за репрезентацијата. Сепак, во јуни 2015 година, тој повторно се вратил во репрезентацијата[4] и настапил на Европското првенство , во групата во Загреб . За време на завршниот турнир 2015, Самарџиски бил шестиот играч со најмногу бодови во македонската репрезентација односно имал 36 бода на пет натпревари (7,2 по натпревар).[5]
↑ „Самарџиски потпиша за Мега лекс“, Дневник , година XIX, број 5868, петок, 18 септември 2015, стр. 22.
↑ „Самарџиски се врати во МЗТ“ . ekipa.mk. 6 јануари 2019. Посетено на 6 јануари 2019 .
↑ „Самарџиски повторно во дресот на МЗТ“ . sportmedia.mk. 6 јануари 2019. Посетено на 6 јануари 2019 .
↑ „Самарџиски се враќа во репрезентацијата“, Дневник , година XIX, број 5794, петок, 19 јуни 2015, стр. 26.
↑ Accumulated Stats Архивирано на 10 септември 2015 г. eurobasket2015.org
Стандардни играчи Тренери Останати играчи
Стандардни играчи Тренери Останати играчи