Дарко Соколов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дарко Соколов
Позиција Бек
Висина 1,89 м
Тежина 88 кг
Лига Прва македонска кошаркарска лига
АБА лига
Екипа МЗТ Аеродром
Роден 8 мај 1986 (1986-05-08) (32 г.)
Кочани, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Проф. кариера 2002–
Кариера
Инфо од: 23.02.2018.

Дарко Соколов (роден на 8 мај 1986 во Кочани) — македонски кошаркарски репрезентативец, кој настапува за МЗТ Аеродром во Првата кошаркарска лига на Македонија.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Младинска кариера[уреди | уреди извор]

Младинската кариера ја започнал во младинската школа на Кочани Деликатес, каде играл од 1995 до 1999 година. Во 1999 година, бил избран за кадет на годината. Потоа се префрлил во школата на Балкан Стил.

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

Својата професионална кариера ја започнал во 2001 година во Балкан Стил каде играл две сезони. Во првата половина од сезоната 2003/2004 играл во КК Центар од Скопје,[1] додека во втората половина настапувал во Поло Трејд од Струмица. За сезоната 2004/05, потпишал за Вардар 2000. Во август 2005 година, Соколов бил на проба во Ефес Пилсен од Истамбул, но се вратил во Македонија и ја одиграл целата сезона во Вардар. Во 2006 година, Дарко Соколов ја започнал својата меѓународна кариера, потпишувајќи за КК Босна Сараево каде играл до јануари 2007 година, до крајот на сезоната играјќи во украински Химик Јужни каде стигнале до полуфиналето. За сезоната 2007/08, се вратил во Струмица 2005 и играл една сезона односно се до распадот на клубот.[2] Во 2008 година, потпишал за Фени Индустри каде играл се до почетокот на Суперлигата,[3] за потоа префрлајќи се во МЗТ Аеродром.[4] Во 2009 година, потпишал за Работнички, но поради финансиската криза што го тресела клубот,[5] во втората полусезона го засилил Фени Индустри,[6] притоа освојувајќи го Првенството и Купот таа сезона. Исто така, со Фени го освоил Првенството и Балканската лига во 2011 година.[7] Во Фени играл се до сезоната 2012/13 и повторно заиграл за Работнички од сезоната 2013/2014 кога истата сезона со клубот станал вицепрвак во Лигата.[8] Во 2015 година, со Работнички го освоил Купот на Македонија.[9][10] Со истата екипа, тој стигнал до полуфиналето во Првенството 2014/2015.[11][12] Соколов во август 2015 година по истекот на договорот го напуштил Работнички и потпишал за Карпош Соколи.[13][14] [15] Во јуни 2016 година, Соколов потпишал нов договор со Карпош Соколи.[16] Со Карпош Соколи, Соколов го освоил Купот на Македонија 2017. Поради финансиската криза во Карпош Соколи, Соколов во ноември го напуштил клубот и се преселил во МЗТ Аеродром.[17][18] За сезоната 2018/19, Соколов ја продолжил соработката со МЗТ.[19][20]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Соколов во репрезентивниот дрес

Соколов има учествувано на Европското Првенство под 20 години - Б Дивизија 2006 во Лисабон каде со репрезентацијата го освоил среброто. Учествувал на Евробаскетот 2009 во Полска, освојувајќи го деветтото место со репрезентацијата. Во Литванија за време на Евробаскетот 2011, со репрезентацијата биле сензација на турнирот кога со освоиле четвртото место. На Евробаскетот 2013 го освоиле 21. место. Квалификациите за Евробаскетот 2015 започнале со помладена репрезентација во која учествувал и Соколов,[21] воедно обезбедувајќи пласман за континенталното првенство.[22][23] За време на завршниот турнир 2015 во Загреб - Хрватска, Соколов одиграл три напревари и постигнал два поени (0,7 по натпревар).[24] Соколов не бил повикан за подготвителните и квалификациските натпревари за Евробаскетот 2017.[25] Соколов бил вклучен во претквалификациите за Евробаскетот 2021.[26]

Успеси[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Македонија Струмица 2005[уреди | уреди извор]

Македонија Фени Индустри[уреди | уреди извор]

Македонија Работнички[уреди | уреди извор]

Македонија Карпош Соколи[уреди | уреди извор]

Македонија МЗТ Аеродром[уреди | уреди извор]

Признанија[уреди | уреди извор]

  • Најдобар млад кошаркар за 2005 година[27][28]
  • Најдобар млад кошаркар за 2006 година[29][30]
  • Особен придонес во сезоната 2010/11[31]
  • Eurobasket.com - Најкорисен играч на сезоната 2010/11 во БИБЛ
  • Eurobasket.com - Бек на сезоната 2010/11 во БИБЛ
  • Eurobasket.com - Европски играч на сезоната 2010/11 во БИБЛ
  • Eurobasket.com - Втора најдобра петорка на сезоната 2013/14
  • Eurobasket.com - Најдобра домашна петорка на сезоната 2013/14
  • Eurobasket.com - Трета најдобра петорка на сезоната 2014/15
  • Eurobasket.com - Најдобра домашна петорка на сезоната 2014/15
  • Eurobasket.com - Особен придонес во сезоната 2014/15
  • Особен придонес во сезоната 2017/18[32]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Сензационална победа на Центар над "шпедитерите"“, vest.com.mk, 10 ноември 2003 (посет. 25 јануари 2017 г).
  2. Соколов се пресели во Струмица vecer.mk 14 јуни 2007
  3. ФЕНИ ИНДУСТРИ ГИ СТОПИ „МЕТАЛЦИТЕ“ utrinski.mk 23 октомври 2008
  4. МЗТ СЕ НАДМИНА ВО ТРИЛЕР-МАЈСТОРКАТА ПРОТИВ АМАК СП utrinski.mk 1 мај 2009
  5. Мираковски и Чековски во Левски, Соколов во Рилски С.? novamakedonija.com.mk 13 октомври 2009
  6. Соколов се врати во Фени Индустри novamakedonija.com.mk 26 декември 2009
  7. Фени Индустри победник на Балканската кошаркарска лига sitel.com.mk 17 април 2011
  8. Соколов ново имe во Работнички derbi.mk 20 август 2013
  9. Витрините во „Градски парк“ повторно се полнат ekipa.mk 22 февруари 2015
  10. Центарска журка во Аеродром: Работнички доминантно до деветтиот пехар во Купот на Македонија! sportmedia.mk 22 февруари 2015
  11. Работнички на колена, Куманово е во финалето! ekipa.mk 24 мај 2015
  12. Центарци „изгореа“: Куманово го „згази“ Работнички и се избори за втора шанса за прва титула! sportmedia.mk 24 мај 2015
  13. Репрезентативно засилување: Дарко Соколов една сезона во јатото на „соколите"! sportmedia.mk 1 август 2015
  14. Соколов е нов играч на Карпош Соколи sport365.mk 1 август 2015
  15. Дарко Соколов потпиша за Карпош соколи ekipa.mk 1 август 2015
  16. Карпош Соколи започна да се екипира: Нови договори за Соколов и тренерот Матиќ ekipa.mk 20 јуни 2016
  17. Соколов ги напушти „соколите“, се сели во МЗТ“, sportmedia.mk, 20 ноември 2017 (посет. 21 ноември 2017 г).
  18. Соколов го избра МЗТ“, ekipa.mk, 20 ноември 2017 (посет. 21 ноември 2017 г).
  19. МЗТ ги осигура Соколов и Маслинко, чека на Дамјан и Симоновски“, sportmedia.mk, 26 јуни 2018 (посет. 4 јули 2018 г).
  20. Маслинко и Соколов и во следната сезона во МЗТ“, gol.mk, 26 јуни 2018 (посет. 4 јули 2018 г).
  21. Македонија вечерва против Белгија на стартот од квалификациите за ЕП vistina.mk 10 август 2014
  22. Џикиќ: Момците можат повеќе, а не го знаат тоа derbi.mk 27 август 2014
  23. Македонска кошаркарска репрезентација обезбеди пласман на Евробаскет 2015! supersport.com.mk 27 август 2014
  24. Accumulated Stats eurobasket2015.org
  25. Раца го „скокна“ Соколов, но и Американците sportmedia.mk 18 јули 2016
  26. „Симоновски се враќа во репрезентацијата за Косово и за Романија“. ekipa.mk. 16 август 2018. https://ekipa.mk/simonovski-se-vraka-vo-reprezentatsijata-za-kosovo-i-za-romanija/. посет. 16 август 2018 г. 
  27. Тасовски кошаркар на годината“, time.mk, 29 декември 2005 (посет. 26 февруари 2018 г).
  28. „Диме Тасовски и Тодор Гечевски - кошаркари во годината“. star.dnevnik.com.mk. 31 декември 2005. http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2950&stID=70308. 
  29. „Новинарите“ подобри од репрезентацијата“, sportskoradio903.com.mk, 25 декември 2006 (посет. 26 февруари 2018 г).
  30. Новинарите ја преслушаа репрезентацијата“, vecer.mk, 25 декември 2006 (посет. 26 февруари 2018 г).
  31. Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2010-11“, eurobasket.com (посет. 15 ноември 2017 г).
  32. Prva Liga - season 2017-2018“, eurobasket.com (посет. 12 јуни 2018 г).