Јане Петровски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јане Петровски
ПозицијаРазигрувач
Висина1,81 м
Тежинакг
ЛигаПрва македонска кошаркарска лига
ЕкипаФени Индустри
Број5
Роден9 февруари 1985 (1985-02-09) (34 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера2003–
Кариера
2003–2004Никол Ферт
2004Поло Трејд
2004–2008МЗТ Аеродром
2008Шопрон
2008–2009Грифони
2010Рилски Спортист
2010-2011МЗТ Аеродром
2011–2015Работнички
2015-Фени Индустри
Инфо од: 13.06.2018.

Јане Петровски (роден на 9 февруари 1985 во Скопје) — македонски кошаркар , кој настапува во Фени Индустри од Кавадарци, во Македонската Прва Лига. Тој е висок 181 см и игра на позиција разигрувач.

Клубска кариера[уреди | уреди извор]

Први години[уреди | уреди извор]

Професионалната кариера ја започнал во 2003 година во Никол Ферт. Во 2004 година настапувал за Поло Трејд.[1]

Меѓународна кариера[уреди | уреди извор]

За сезоната 2008/09, потпишал за унгарски Шопрон.[2] Таму не се задржал, и во септември 2008 година го напуштил клубот.[3] Потоа, Петровски се преселил во украински Грифони.[4] Сезоната 2009/10 ја започнал во Грифони,[5] но на полусезоната се преселил во бугарски Рилски Спортист.[6]

Последни години[уреди | уреди извор]

Во октомври 2011 година, Јане потпишал за Работнички.[7][8]

Поради суспензијата на главниот тренер Марин Докузовски и помошникот тренер Марјан Србиновски,[9][10] Петровски како капитен, формално бил и играч-тренер на екипата од ноември 2014 до февруари 2015г.,[11][12] се до истекувањето на суспензијата на Србиновски кој се вратил како главен тренер.[13] Во 2015 година, со Работнички го освоил Купот на Македонија.[14][15] Со истата екипа, тој стигнал до полуфиналето во Првенството 2014/2015.[16][17] Во средината на ноември 2015 година, Јане Петровски го напуштил Работнички и потпишал за Фени Индустри.[18][19][20] Петровски станал вицепрвак во Купот 2017 со Фени.За сезоната 2017/18, тој ја продолжил соработката со Фени.[21] Следната сезона, Петровски останал во Фени.[22]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Јане Петровски исто така бил член на Македонската кошаркарска репрезентација од 2004 до 2009г.[23]

Успеси[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Македонија Работнички[уреди | уреди извор]

Признанија[уреди | уреди извор]

  • Втора најдобра петорка на сезоната 2006/07[24]
  • Најдобра домашна петорка на сезоната 2006/07[24]
  • Особен придонес во сезоната 2007/08[25]
  • Најдобра домашна петорка на сезоната 2010/11[26]
  • Особен придонес во сезоната 2010/11[26]
  • Трета најдобра петорка на сезоната 2015/16[27]
  • Особен придонес во сезоната 2016/17[28]
  • Прва најдобра петорка на сезоната 2017/18[29]
  • Најдобра домашна петорка на сезоната 2017/18[29]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Jane Petrovski Net Worth 2018: What is this basketball player worth?“, thesquander.com, 24 април 2018 (посет. 13 јуни 2018 г).
  2. „Петровски нов плејмејкер на Шопрон“, Македонски Спорт, број 3129, стр. 12, 29 август 2008 (посет. 10 јули 2018 г).
  3. Petrovszkit elküldték“, kisalfold.hu, 18 септември 2008 (посет. 13 јуни 2018 г). (на унгарски)
  4. Самарџиски царуваше под кошевите“, vecer.mk, 14 декември 2008 (посет. 13 јуни 2018 г).
  5. Македонците не се наиграа“, vecer.mk, 18 октомври 2009 (посет. 13 јуни 2018 г).
  6. Перо не ги разбуди академците“, vecer.mk, 7 февруари 2010 (посет. 13 јуни 2018 г).
  7. Работнички потпиша со Јане Петровски“, ekipa.mk, 25 октомври 2011 (посет. 13 јуни 2018 г).
  8. МЗТ: Петровски имаше понуда, но ја одби“, ekipa.mk, 25 октомври 2011 (посет. 13 јуни 2018 г).
  9. Работнички во проблеми: Докузовски суспендиран на шест, а Србиновски на „само“ три месеци! sportmedia.mk 20 ноември 2014
  10. „За Докузовски шест, а за Србиноски три месеци пауза“, Дневник, година XVIII, број 5623, петок, 21 ноември 2014, стр. 25.
  11. Работнички продолжува во среда, но без тренер derbi.mk 17 ноември 2014
  12. Работнички лесно со Струмица, „кулите-близначки“ најефикасни sport365.mk 19 ноември 2014
  13. КК Куманово денес го пречекува тимот на Карпош Соколи 1mk.org 7 февруари 2015
  14. Витрините во „Градски парк“ повторно се полнат ekipa.mk 22 февруари 2015
  15. Центарска журка во Аеродром: Работнички доминантно до деветтиот пехар во Купот на Македонија! sportmedia.mk 22 февруари 2015
  16. Работнички на колена, Куманово е во финалето! ekipa.mk 24 мај 2015
  17. Центарци „изгореа“: Куманово го „згази“ Работнички и се избори за втора шанса за прва титула! sportmedia.mk 24 мај 2015
  18. Јане Петровски потпиша за Фени индустри ekipa.mk 17 ноември 2015
  19. Добрите игри му донесоа платен ангажман: Јане Петровски потпиша за Фени индустри! sportmedia.mk 17 ноември 2015
  20. Јане Петровски го засили Фени Индустри derbi.mk 17 ноември 2015
  21. Фени се екипира: Магдевски, Петровски, двајца Американци, Србин…“, ekipa.mk, 20 август 2017 (посет. 15 октомври 2017 г).
  22. Фени почна со потписи, прв капитенот Јане Петровски“, ekipa.mk, 26 јули 2018 (посет. 28 јули 2018 г).
  23. EuroBasket 2009 Profile
  24. 24,0 24,1 Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2006-07“, eurobasket.com (посет. 15 ноември 2017 г).
  25. Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2007-08“, eurobasket.com (посет. 15 ноември 2017 г).
  26. 26,0 26,1 Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2010-11“, eurobasket.com (посет. 15 ноември 2017 г).
  27. Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2016“, eurobasket.com, 28 мај 2016 (посет. 4 август 2018 г).
  28. Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2017“, eurobasket.com, 29 мај 2017 (посет. 7 февруари 2018 г).
  29. 29,0 29,1 Prva Liga - season 2017-2018“, eurobasket.com (посет. 12 јуни 2018 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]