Марин Докузовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Марин Докузовски
Marin Dokuzovski by Augustas Didzgalvis.jpg
Роден 14 јули 1960
Скопје, СР Македонија
Националност Македонец
Познат селектор на Македонската кошаркарска репрезентација
Занимање тренер
Деца Марко Докузовски

Марин Докузовски (14 јули 1960, Скопје) е поранешен македонски професионален кошаркар, поранешен селектор на Машката кошаркарска репрезентација на Македонија и моментен тренер на КК Работнички.

Кариера[уреди | уреди извор]

Докузовски активно играл кошарка од 1978 до 1989 година во Југословенската лига, настапувајќи во Работнички. По завршувањето на играчката кариера, Докузовски застанал на клупата на КК Работнички, каде останал во 1994-2000, 2003-2004, 2005 и 2007-2011 година. Во 2014 година, тој повторно застанал на клупата на КК Работнички. Со КК Работнички, Докузовски освоил седум шампионски титули во македонската лига и тој е најтрофејниот македонски кошаркарски тренер. Исто така, со КК Работнички трипати го освојувал Купот на Македонија: во 1998, 2005 и 2011 година. Докузовски бил тренер и на МЗТ Аеродром, Поло Трејд, Лукоил Академик и Сигал Приштина.[1][2] Во 2011 година, Марин Докузовски како селектор на македонската репрезентација го освоил четвртото место на Евробаскетот 2011.[3]

Во ноември 2014 година, по прекинатиот натпревар помеѓу КК Работнички и КК МЗТ Аеродром, кога тимот на Работнички ја напуштил салата, Докузовски бил казнет од Дисциплинската комисија на Македонската кошаркарска федерација со забрана за водење на тимот во траење од шест месеци.[4][5] Во 2015, иако отсутен поради суспензијата, неговиот состав Работнички го освоил Купот на Македонија.[6][7] Во мај 2015 година, по истекувањето на суспензијата се вратил како тренер на Работнички.[8]

Клубови[уреди | уреди извор]

Играчка кариера[уреди | уреди извор]

Тренер[уреди | уреди извор]

Тренер на националните тимови на Македонија[уреди | уреди извор]

Успеси[уреди | уреди извор]

Репрезентативни натпреварувања[уреди | уреди извор]

Европски и балкански купови[уреди | уреди извор]

Национални шампионати[уреди | уреди извор]

Национални купски шампионати[уреди | уреди извор]

Национални суперкуп шампионати[уреди | уреди извор]

Признанија[уреди | уреди извор]

  • Македонски тренер на годината - 1999, 2009[9] и 2011
  • Косовски тренер на годината - 2014[10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Докузовски на клупата на центарци sportclub.mk
  2. Докузовски се врати во „Градски парк“ on.net.mk 6 август 2014
  3. „Докузовски се врати на клупата кај Работнички“, Дневник, година XVIII, број 5536, петок, 8 август 2014, стр. 22.
  4. Работнички во проблеми: Докузовски суспендиран на шест, а Србиновски на „само“ три месеци! sportmedia.mk 20 ноември 2014
  5. „За Докузовски шест, а за Србиноски три месеци пауза“, Дневник, година XVIII, број 5623, петок, 21 ноември 2014, стр. 25.
  6. Витрините во „Градски парк“ повторно се полнат ekipa.mk 22 февруари 2015
  7. Центарска журка во Аеродром: Работнички доминантно до деветтиот пехар во Купот на Македонија! sportmedia.mk 22 февруари 2015
  8. Работнички „пресече“: Докузовски од утре се враќа на клупата ekipa.mk 5 мај 2015
  9. ТОНИ СИМИЌ Е КОШАРКАР НА ГОДИНАТА vest.mk 9 февруари 2010
  10. http://www.eurobasket.com/FYR-Macedonia/basketball.asp?NewsID=370919

Надворешни врски[уреди | уреди извор]