Марко Симоновски (кошаркар)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Марко Симоновски)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Марко Симоновски
Позиција Крило
Бек
Висина 1,91 м
Тежина кг
Лига Прва македонска кошаркарска лига
АБА Лига
Екипа МЗТ Аеродром
Број 10
Роден јуни 28 1989 (1989-06-28) (воз. 28 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Проф. кариера 2007–
Кариера
Инфо од: 23.02.2018.

Марко Симоновски (роден на 28 јуни 1989 во Скопје) — македонски кошаркар и репрезентативец. Тој моментално е играч на МЗТ Аеродром.

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

Симоновски својата кошаркарска кариера ја започнал во 2007 година во екипата на Вардар од Скопје.

Во 2015г., Симоновски за прв пат станал освојувач на Првенството, кога бил член на МЗТ Аеродром.[1][2] На крајот на ноември 2015 година, Симоновски и МЗТ Аеродром спогодбено го раскинале договорот.[3][4][5] На крајот на декември 2015 година, тој потпишал за Куманово.[6][7][8] Во јули 2016 година, Симоновски преговарал со МЗТ Аеродром.[9][10] Истиот месец, тој се здобил со повреда на грбот.[11] На крајот на август 2016 година, тој официјално потпишал со МЗТ.[12][13][14] Таа сезона, 2016/17, тој повторно станал првак со МЗТ во кој бил капитен.

Тимови за кои има настапувано[уреди | уреди извор]

Кошаркарска репрезентација на Македонија[уреди | уреди извор]

Симоновски е исто така член на Кошаркарската репрезентација на Македонија. Тој се натпреварувал со селекцијата на Евробаскетот 2011, каде освоиле четврто место, нивни најдобар пласман на континенталното првенство.[15] Со репрезентацијата обезбедил пласман на Евробаскетот 2015.[16][17] За време на завршниот турнир 2015 во Загреб - Хрватска, Симоновски бил осмиот играч со најмногу поени во македонската репрезентација односно имал 29 поени на пет натпревари (5,8 по натпревар).[18] Летото 2017 година, за време на репрезентативните подготовки, Симоновски се повредил. Бидејќи не бил осигуран од страна на МКФ, во октомври истата година, Агенцијата за млади и спорт одлучила да му ја исплати оштетата поради повредата.[19]

Успеси[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Македонија Работнички[уреди | уреди извор]

Македонија МЗТ Аеродром[уреди | уреди извор]

Признанија[уреди | уреди извор]

  • Дебитант на сезоната 2007/08[20]
  • Дебитантска петорка на сезоната 2007/08[20]
  • Eurobasket.com - Особен придонес во сезоната 2013/14
  • Eurobasket.com - Најкорисен играч на финалето во лигата 2014/15
  • Eurobasket.com - Трета најдобра петорка од лигата 2014/15
  • Eurobasket.com - Најдобра домашна петорка од лигата 2014/15
  • Eurobasket.com - Трета најдобра петорка од лигата 2015/16
  • Eurobasket.com - Најдобра домашна петорка од лигата 2015/16
  • Особен придонес во сезоната 2017/18[21]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. МЗТ е старо-нов шампион: Аеродром слави четврта титула! ekipa.mk 2 јуни 2015
  2. „Јане Сандански“ дочека да слави: МЗТ со „метла“ удри печат на четвртата титула по ред! sportmedia.mk 2 јуни 2015
  3. Почна ремонтот во Аеродром: Репрезентативецот Симоновски договорно си замина од МЗТ Аеродром! sportmedia.mk 26 ноември 2015
  4. Започна „ремонтот“: Симоновски замина од МЗТ Аеродром ekipa.mk 26 ноември 2015
  5. После Синадиновиќ, МЗТ се раздели и со Симоновски sport365.mk 26 ноември 2015
  6. Новогодишна честитка за кумановци: Потпиша и Марко Симоновски ekipa.mk 24 декември 2015
  7. Новогодишно пакетче: Симоновски и официјално е нов член на Куманово! sportmedia.mk 24 декември 2015
  8. Официјално: Симоновски е нов кошаркар на Куманово sport365.mk 24 декември 2015
  9. Марко Симоновски се врати во МЗТ ekipa.mk 4 јули 2016
  10. По Симоновски, во МЗТ повторно загреани за Трајковски sportmedia.mk 5 јули 2016
  11. Неизвесноста околу Симоновски продолжува sportmedia.mk 22 јули 2016
  12. МЗТ го официјализираше Марко Симоновски sportmedia.mk 29 јули 2016
  13. МЗТ потврди: Симоновски се врати во Аеродром ekipa.mk 29 јули 2016
  14. Симоновски потпиша нов договор со МЗТ Аеродром sport365.mk 29 јули 2016
  15. http://www.eurobasket2011.com/en/cid_4,w7QjPeH-M,ty138LH2l3.teamID_2604.compID_qMRZdYCZI6EoANOrUf9le2.season_2011.roundID_7526.playerID_53342.html
  16. „Македонската кошаркарска репрезентација ја совлада Белорусија и си обезбеди пласман на Евробаскетот 2015“. falanga.au. 28 август 2014. http://vesti.mk/read/news/2943378/1031305/makedonskata-kosharkarska-reprezentacija-ja-sovlada-belorusija-i-si-obezbedi-plasman-na-evrobasketot-2015. 
  17. „Завршија квалификациите за Евробаскетот 2015“. sitel.mk. 28 август 2014. http://vesti.mk/read/news/2943378/1031203/zavrshija-kvalifikaciite-za-evrobasketot-2015. 
  18. Accumulated Stats eurobasket2015.org
  19. „СПОРОТ Е РЕШЕН: АМС ќе го плати „осигурувањето" за Симоновски“. sportmedia.mk. 9 октомври 2017. http://sportmedia.mk/kosharka/reprezentacija/sporot-e-reshen-ams-kje-go-plati-osiguruvanjeto-za-simonovski. посет. 23 февруари 2018 г. 
  20. 20,0 20,1 Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2007-08“, eurobasket.com (посет. 15 ноември 2017 г).
  21. Prva Liga - season 2017-2018“, eurobasket.com (посет. 12 јуни 2018 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]