Марко Симоновски (кошаркар)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Марко Симоновски
ПозицијаКрило
Бек
Висина1,91 м
Тежинакг
ЛигаПрва македонска кошаркарска лига
ЕкипаКожув
Број10
Роденјуни 28 1989 (1989-06-28) (31 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера2007–
Клубови
2007–2009Вардар
2009–2010Работнички
2010Аркадија Лајонс
2011Работнички
2011-2013Фени Индустри
2013-2014Работнички
2014-2015МЗТ Аеродром
2015-2016Куманово 2009
2016-2019МЗТ Аеродром
2020-Кожув
Репрезентација
Инфо од: 22 јули 2020.

Марко Симоновски (роден на 28 јуни 1989 во Скопје) — македонски кошаркар и репрезентативец. Тој е играч на Кожув.

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

Симоновски својата кошаркарска кариера ја започнал во 2007 година во екипата на Вардар од Скопје.

Во 2015г., Симоновски за првпат станал освојувач на Првенството, кога бил член на МЗТ Аеродром.[1][2] На крајот на ноември 2015 година, Симоновски и МЗТ Аеродром спогодбено го раскинале договорот.[3][4][5] На крајот на декември 2015 година, тој потпишал за Куманово.[6][7][8] Во јули 2016 година, Симоновски преговарал со МЗТ Аеродром.[9][10] Истиот месец, тој се здобил со повреда на грбот.[11] На крајот на август 2016 година, тој официјално потпишал со МЗТ.[12][13][14] Таа сезона, 2016/17, тој повторно станал првак со МЗТ во кој бил капитен. За сезоната 2018/19, Симоновски продолжил во редовите на МЗТ Аеродром.[15][16] Таа сезона, Симоновски го освоил македонското првенство. Симоновски продолжил во МЗТ и за сезоната 2019/20.[17] Но во ноември, Симоновски и МЗТ спогодбено го раскинале договорот.[18][19] За сезоната 2020/21, во средината на јули 2020 година, тој потпишал договор со Кожув.[20][21]

Кошаркарска репрезентација на Македонија[уреди | уреди извор]

Симоновски е исто така член на Кошаркарската репрезентација на Македонија. Тој се натпреварувал со селекцијата на Евробаскетот 2011, каде освоиле четврто место, нивни најдобар пласман на континенталното првенство.[22] Со репрезентацијата обезбедил пласман на Евробаскетот 2015.[23][24] За време на завршниот турнир 2015 во Загреб - Хрватска, Симоновски бил осмиот играч со најмногу поени во македонската репрезентација односно имал 29 поени на пет натпревари (5,8 по натпревар).[25] Летото 2017 година, за време на репрезентативните подготовки, Симоновски се повредил. Бидејќи не бил осигуран од страна на МКФ, во октомври истата година, Агенцијата за млади и спорт одлучила да му ја исплати оштетата поради повредата.[26] Симоновски бил вклучен во претквалификациите за Евробаскетот 2021.[27] Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Симоновски.[28] Потоа во февруари, тој бил избран во составот на репрезентацијата.[29]

Успеси[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Македонија Работнички[уреди | уреди извор]

Македонија МЗТ Аеродром[уреди | уреди извор]

Признанија[уреди | уреди извор]

  • Дебитант на сезоната 2007/08[30]
  • Дебитантска петорка на сезоната 2007/08[30]
  • Eurobasket.com - Особен придонес во сезоната 2013/14
  • Eurobasket.com - Најкорисен играч на финалето во лигата 2014/15
  • Eurobasket.com - Трета најдобра петорка од лигата 2014/15
  • Eurobasket.com - Најдобра домашна петорка од лигата 2014/15
  • Eurobasket.com - Трета најдобра петорка од лигата 2015/16
  • Eurobasket.com - Најдобра домашна петорка од лигата 2015/16
  • Особен придонес во сезоната 2017/18[31]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. МЗТ е старо-нов шампион: Аеродром слави четврта титула! ekipa.mk 2 јуни 2015
  2. „Јане Сандански“ дочека да слави: МЗТ со „метла“ удри печат на четвртата титула по ред! sportmedia.mk 2 јуни 2015
  3. Почна ремонтот во Аеродром: Репрезентативецот Симоновски договорно си замина од МЗТ Аеродром! sportmedia.mk 26 ноември 2015
  4. Започна „ремонтот“: Симоновски замина од МЗТ Аеродром ekipa.mk 26 ноември 2015
  5. После Синадиновиќ, МЗТ се раздели и со Симоновски sport365.mk 26 ноември 2015
  6. Новогодишна честитка за кумановци: Потпиша и Марко Симоновски ekipa.mk 24 декември 2015
  7. Новогодишно пакетче: Симоновски и официјално е нов член на Куманово! sportmedia.mk 24 декември 2015
  8. Официјално: Симоновски е нов кошаркар на Куманово sport365.mk 24 декември 2015
  9. Марко Симоновски се врати во МЗТ ekipa.mk 4 јули 2016
  10. По Симоновски, во МЗТ повторно загреани за Трајковски sportmedia.mk 5 јули 2016
  11. Неизвесноста околу Симоновски продолжува sportmedia.mk 22 јули 2016
  12. МЗТ го официјализираше Марко Симоновски sportmedia.mk 29 јули 2016
  13. МЗТ потврди: Симоновски се врати во Аеродром ekipa.mk 29 јули 2016
  14. Симоновски потпиша нов договор со МЗТ Аеродром sport365.mk 29 јули 2016
  15. „И Симоновски му кажа „ДА" на МЗТ Скопје, Мекиќ тешко!“. sportmedia.mk. 9 јули 2018. Посетено на 14 јули 2018.
  16. „Симоновски уште две години меѓу „штрковите". ekipa.mk. 13 јули 2018. Посетено на 14 јули 2018.
  17. „МЗТ го донесе најмладиот македонски репрезентативец во историјата“. gol.mk преку web.archive.org. 24 јули 2019. Посетено на 24 јули 2019.
  18. „МЗТ и репрезентативецот се разделија: Симоновски си замина од Аеродром“. gol.mk преку web.archive.org. 22 ноември 2019. Посетено на 22 ноември 2019.
  19. „МЗТ потврди – Симоновски си замина“. ekipa.mk преку web.archive.org. 22 ноември 2019. Посетено на 22 ноември 2019.
  20. „Марко Симоновски се договори со Кожув“. ekipa.mk преку web.archive.org. 20 јули 2020. Посетено на 22 јули 2020.
  21. „Марко Симоновски во Кожув!“. basketball.mk преку web.archive.org. 20 јули 2020. Посетено на 22 јули 2020.
  22. http://www.eurobasket2011.com/en/cid_4,w7QjPeH-M,ty138LH2l3.teamID_2604.compID_qMRZdYCZI6EoANOrUf9le2.season_2011.roundID_7526.playerID_53342.html
  23. „Македонската кошаркарска репрезентација ја совлада Белорусија и си обезбеди пласман на Евробаскетот 2015“. falanga.au. 28 август 2014.
  24. „Завршија квалификациите за Евробаскетот 2015“. sitel.mk. 28 август 2014.
  25. Accumulated Stats eurobasket2015.org
  26. „СПОРОТ Е РЕШЕН: АМС ќе го плати „осигурувањето" за Симоновски“. sportmedia.mk. 9 октомври 2017. Посетено на 23 февруари 2018.
  27. „Симоновски се враќа во репрезентацијата за Косово и за Романија“. ekipa.mk. 16 август 2018. Посетено на 16 август 2018.
  28. „Тодоров го објави поширокиот список за Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 9 јануари 2020. Посетено на 14 јануари 2020.
  29. „Тодоров го скрати списокот, со млади сили против Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 11 февруари 2020. Посетено на 21 февруари 2020.
  30. 30,0 30,1 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2007-08“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.
  31. „Prva Liga - season 2017-2018“. eurobasket.com. Посетено на 12 јуни 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]