Александар Димитровски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Александар Димитровски
Прекар(и)Мачка
ПозицијаБек
Висина1,93 м
Тежина87 кг
Број7
Роден8 јуни 1980 (1980-06-08) (39 г.)
ГевгелијаСР МакедонијаСФРЈ
НационалностМакедонец
Клубови
2000–2002Жито Вардар
2002–2005Работнички
2006–2007Сласк Вроцлав
2007–2008Фени Индустри
2008-2011Работнички
2011–2012Кожув
2012–2013Работнички
Репрезентација
Инфо од: 18.08.2018.

Александар Димитровски (роден на 2 јуни 1980 во Гевгелија) — македонски бивш кошаркар и репрезентативец. Тој настапувал на позицијата бек.

Кариера[уреди | уреди извор]

Играчка кариера[уреди | уреди извор]

Димитровски, сезоните 2000/01 и 2001/02 ги одиграл во велешки Жито Вардар. Сезоните 2002/03, 2003/04, 2004/05 ги поминал во Фершпед Работнички и ги освоил двојните круни (Лигата и Купот) во сите тие три сезони. Сезоната 2005/06, Димитровски ја започнал во Работнички, но на полусезоната, во јануари 2006 година, тој ја започнал својата меѓународна кариера и заиграл за полскиот клуб Сласк Вроцлав.[1][2] Сезоната 2006/07 продолжил во Сласк Вроцлав.[3] За сезоната 2007/08, Димитровски станал кошаркар на тогаш амбициозниот состав за титула - Фени Индустри.[4] Тогаш, Александар ја освоил двојната круна односно Купот 2008 и Првата лига. Сезоната 2008/09 ја започнал во Фени,[5], но во ноември 2008 година, Димитровски го раскинал договорот со кавадаречкиот клуб и се преселил во Работнички со кој подоцна станал првак во Лигата.[6] Александар останал да биде кошаркар на Работнички во сезоната 2009/10.[7] За сезоната 2010/11, со потпишување на договор во септември 2010 година, „Мачка“ продолжил во редовите на Работнички.[8][9] Тогаш тој станал првак во Купот 2011 и вицепрвак во Првенството. Сезоната 2011/12, Александар ја поминал во новиот прволигаш, клубот од родниот крај Гевгелија - Кожув.[10] За сезоната 2012/13, Александар се вратил во Работнички по третпат.[11]

Останата кариера[уреди | уреди извор]

Во јули 2014 година, Димитровски бил назначен за нов спортски директор на клубот Работнички.[12]

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Успеси[уреди | уреди извор]

Македонија Работнички[уреди | уреди извор]

Македонија Фени Индустри[уреди | уреди извор]

Признанија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Димитровски дебитираше со пораз". vecer.mk. 16 јануари 2006. Посетено на 18 август 2018.
  2. "Aleksandar Dimitrovski Net Worth 2018: What is this basketball player worth?". thesquander.com. 24 април 2018. Посетено на 18 август 2018.
  3. "KK Slask Wroclaw 2006-2007". eurobasket.com. Посетено на 18 август 2018.
  4. "KK Feni Industries 2007-2008". eurobasket.com. Посетено на 18 август 2018.
  5. "KK Feni Industries 2008-2009". eurobasket.com. Посетено на 18 август 2018.
  6. "Prva liga 2008-2009". eurobasket.com. Посетено на 18 август 2018.
  7. "KK Rabotnicki 2009-2010". eurobasket.com. Посетено на 18 август 2018.
  8. "Работнички потпиша и со Димитровски". gladijatori.com преку web.archive.org. 24 септември 2010. Посетено на 3 април 2020.
  9. "KK Rabotnicki 2010-2011". eurobasket.com. Посетено на 18 август 2018.
  10. "KK Kozuv 2011-2012". eurobasket.com. Посетено на 18 август 2018.
  11. "KK Rabotnicki 2012-2013". eurobasket.com. Посетено на 18 август 2018.
  12. "Димитровски: Работнички мора да се врати на шампионскиот пиедестал!". sportmedia.mk. 24 јули 2014. Посетено на 18 август 2018.
  13. 13,0 13,1 "Prva Liga 2003-2004". eurobasket.com. Посетено на 18 август 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]