Кирил Николовски
Кирил Николовски | |
---|---|
Кире во сезоната 2012/13 | |
Прекар(и) | Кире |
Позиција | Крилен центар Центар |
Висина | 2,10 м |
Тежина | 105 кг |
Лига | Прва македонска кошаркарска лига |
Екипа | Работнички |
Број | 11 |
Роден | 9 јуни 1988 Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Македонец |
Проф. кариера | 2006– |
Клубови | |
| |
Репрезентација | |
Инфо од: 23.02.2018. |
Кирил Николовски (роден на 9 јуни 1988 во Скопје) — македонски кошаркар и репрезентативец. Тој моментално игра за кошаркарскиот клуб Работнички.
Клубска кариера[уреди | уреди извор]
Професионалната кариера ја започнал во МЗТ Аеродром во сезоната 2006/07.[1] Во МЗТ продолжил да настапува и во сезоната 2007/08.[2] За сезоната 2008/09, Николовски се преселил во Вардар.[3][4] Следната сезона потпишал за новиот прволигаш Вардар Осигурување. Со тој клуб станал вицепрвак во Лигата и полуфиналист во Купот 2010. Поради распаѓањето на Вардар Осигурување, Николовски се вратил во МЗТ Аеродром за сезоната 2010/11. Со МЗТ стигнал до полуфиналето во Првенството и до финалето во Купот 2011 каде биле поразени. Со Фени Индустри бил вицепрвак во Првенството 2011/12 и Купот 2012. Следните три сезони пак се вратил во МЗТ Аеродром. Во тој период ја освоил Првата лига во сезоните 2012/13, 2013/14, 2014/15, како и Купот на Македонија во изданијата 2013 и 2014. Во јули 2015 година, Кирил повторно потпишал за Фени Индустри.[5][6] Во јуни 2016 година, Кирил потпишал нов договор со Фени Индустри.[7] Во јуни 2017 година, тој се преселил во Карпош Соколи.[8] Поради финасиската криза во Карпош Соколи, тој во ноември го напуштил клубот и потпишал за Работнички.[9][10][11] Во таа сезона, Николовски со Работнички бил вицепрвак во Купот 2018, додека во Првенството бил првак. За сезоната 2018/19, Николовски продолжил во редовите на Работнички.[12] Поради повреда, уште од февруари 2019 година, тој го пропуштил остатокот на Првенството.[13][14] Со Работнички, Николовски го освоил Купот 2019, додека во Првенството бил вицепрвак. За сезоната 2019/20, Николовски останал во Работнички.[15] Кирил бил сè уште под траечки договор со Работнички за сезоната 2020/21.[16]
Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]
Николовски исто така е член на Кошаркарската репрезентација на Македонија, кога ја претставувал Македонија на Европското првенство под 16 години. Тој се натпреварувал со сите кошаркарски генерации: под 16 години, под 18, под 20 па дури и со сениорската селекција.[17] Тој и помогнал на Македонија да обезбеди пласман на Евробаскетот 2011.[18]
Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Николовски.[19] Но во февруари, по првиот филтер, тој отпаднал од составот.[20]
Успеси[уреди | уреди извор]
Титули[уреди | уреди извор]
МЗТ Аеродром[уреди | уреди извор]
- Прва македонска лига (3) : 2012/13, 2013/14, 2014/15
- Куп на Македонија (2) : 2013, 2014
Работнички[уреди | уреди извор]
- Прва македонска лига (1) : 2017/18
- Куп на Македонија (1) : 2019
Признанија[уреди | уреди извор]
- Најдобар скокач (8,7) во Супер лигата 2010/11
- Втора најдобра петорка на сезоната 2010/11[21]
- Втора најдобра петорка на сезоната 2015/16[22]
- Најдобар стрелец во Купот на Македонија - издание 2017[23][24]
- Трета најдобра петорка на сезоната 2016/17[25]
- Најдобра домашна петорка на сезоната 2016/17[25]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Профил на Кирил Николовски на Eurobasket.com
- Профил на Кирил Николовски на au.eurosport.com
- Профил на Кирил Николовски на bgbasket.com
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „KK MZT Aerodrom - roster 2006-07“. eurobasket.com. Посетено на 14 јануари 2018.
- ↑ „KK MZT Aerodrom - roster 2007-08“. eurobasket.com. Посетено на 14 јануари 2018.
- ↑ „Фершпед Работнички-Вардар - сезона 2008/2009“ (PDF). Кошаркарска Федерација на Македонија. Посетено на 14 јануари 2018.
- ↑ „KK Vardar - roster 2008-09“. eurobasket.com. Посетено на 14 јануари 2018.
- ↑ Кире Николовски се враќа во Фени индустри ekipa.mk 2 јули 2015
- ↑ Николовски го напушти МЗТ, се врати во Фени Индустри sport365.mk 2 јули 2015
- ↑ Фени И. го ’врза’ Кире Николовски, следен е Јане Петровски ekipa.mk 20 јуни 2016
- ↑ „Кире Николовски ги засили „соколите"“. ekipa.mk. 28 јуни 2017. Посетено на 1 јули 2017.
- ↑ „Николовски потпиша: Сакам титула со Работнички“. ekipa.mk. 21 ноември 2017. Посетено на 21 ноември 2017.
- ↑ „Работнички го договори Николовски, ќе дебитира против МЗТ“. gol.mk. 21 ноември 2017. Посетено на 21 ноември 2017.
- ↑ „Кире Николовски за Работнички ќе дебитира против „својот" МЗТ Аеродром“. sportmedia.mk. 21 ноември 2017. Посетено на 21 ноември 2017.
- ↑ „Јанески се премисли, потпишува за Работнички“. ekipa.mk. 19 јули 2018. Посетено на 21 јули 2018.
- ↑ „Американецот Џонсон е „џокерот" за титула на Докузовски“. ekipa.mk. 4 април 2019. Посетено на 4 април 2019.
- ↑ „Работнички со американско засилување од Џи-лигата ќе ја брани домашната титула“. gol.mk. 4 април 2019. Посетено на 4 април 2019.
- ↑ „Беше МВП во Австрија, па потпиша за Работнички“. ekipa.mk преку web.archive.org. 24 август 2019. Посетено на 25 август 2019.
- ↑ „Глигоријевиќ во Куманово!“. basketball.mk преку web.archive.org. 3 јули 2020. Посетено на 3 јули 2020.
- ↑ http://london2012.fiba.com/pages/eng/fe/12/olym/player/p/eid/6232/pid/49362/rid//sid/6229/tid/2604/profile.html
- ↑ http://www.eurobasket.com/player.asp?Cntry=MKD&PlayerID=77477
- ↑ „Тодоров го објави поширокиот список за Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 9 јануари 2020. Посетено на 14 јануари 2020.
- ↑ „Тодоров го скрати списокот, со млади сили против Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 11 февруари 2020. Посетено на 21 февруари 2020.
- ↑ „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2010-11“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.
- ↑ „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2016“. eurobasket.com. 28 мај 2016. Посетено на 4 август 2018.
- ↑ „Мавра МВП, Николовски најдобар стрелец“. sportmedia.mk. 19 февруари 2017. Посетено на 21 февруари 2017.
- ↑ „Николовски: Промашивме отворени шутеви, „соколите" заслужено победија“. ekipa.mk. 19 февруари 2017. Посетено на 21 февруари 2017.
- ↑ 25,0 25,1 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2017“. eurobasket.com. 29 мај 2017. Посетено на 7 февруари 2018.