Дамјан Стојановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дамјан Стојановски
Дамјан со МЗТ во 2012 година
Дамјан со МЗТ во 2012 година
ПозицијаКрило
Висина1,98 м
Тежинакг
ЛигаПрва македонска кошаркарска лига
АБА
ЕкипаМЗТ Аеродром
Број19
Роден9 декември 1987 (1987-12-09) (32 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера2005–
Клубови
2005–2007Вардар
2007–2009АМАК СП
2009–2010Вардар Осигурување
2010–2012Лукоил Академик
2012-2016МЗТ Аеродром
2017-МЗТ Аеродром
Репрезентација
Инфо од: 12.06.2018.

Дамјан Стојановски (роден на 9 декември 1987 во Скопје) — македонски кошаркарски репрезентативец, кој моментално настапува во МЗТ Аеродром. Тој игра на позицијата крило. Тој е брат-близнак на кошаркарот Војдан Стојановски и е помлад брат на Огнен Стојановски.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Стојановски ја започнал кариерата во Вардар од Скопје. Подоцна, во текот на својата кариера, настапувал за АМАК СП од Охрид, со кој во 2009 година го освоил Купот на Македонија каде таму останал сè до распаѓањето на клубот. Потоа Дамјан играл една сезона во Вардар Осигурување, кога со клубот станал вицешампион. Тој го напуштил клубот поради негово распаѓање и одредено време односно две сезони играл за бугарскиот клуб Лукоил Академик, а потоа преминал во МЗТ Аеродром. Со овој клуб, тој бил шампион и освојувач на Купот на Македонија во сезоните 2012/2013 и 2013/2014. Притоа, Дамјан Стојановски бил прогласен за најкорисен играч во финалната серија во сезоната 2013/2014, во која МЗТ Аеродром го победил Работнички со 3:1 во победи.[1]

Во февруари 2015 година, Дамјан Стојановски бил прогласен за најдобар кошаркар во Македонија за 2014 година.[2] Поради повредата при репрезентативните обврски во летото 2016,[3] Дамјан ја пропуштил сезоната 2016/17, станувајќи играч без клуб.

Во јуни 2017 година, тој повторно потпишал со МЗТ Аеродром.[4] Во јули 2018 година, Дамјан потпишал двогодишен договор со МЗТ.[5][6] Дамјан во сезоната 2018/19, го освоил македонското првенство. Во јули 2019 година, била потврдена соработката со МЗТ за сезоната 2019/20.[7][8] За сезоната 2020/21, во почетокот на јуни 2020 година, тој се договорил за нова соработка со МЗТ Аеродром.[9][10] Неколку дена подоцна, тој официјално го потпишал двогодишниот договор со клубот од Јане Сандански.[11]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Дамјан Стојановски е член на кошаркарската репрезентација на Македонија, со која учествувал на четири европски првенства во кошарка: Евробаскет 2009, Евробаскет 2011, Евробаскет 2013 и Евробаскет 2015 година. За време на завршниот турнир 2015 во групната фаза во Загреб - Хрватска, Дамјан бил четвртиот играч со најмногу поени во македонската репрезентација односно имал 40 поени на пет натпревари (8 по натпревар).[12] Во вториот натпревар за време на квалификациите за Евробаскетот 2017, Дамјан ги скинал лигаментите на десното колено при што морал да отсутвува шест месеци од кошаркарските терени.[3][13][14] Дамјан бил вклучен во претквалификациите за Евробаскетот 2021.[15] Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Дамјан.[16] Потоа во февруари, тој бил избран во составот на репрезентацијата.[17]

Успеси[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Македонија Вардар[уреди | уреди извор]

Македонија АМАК СП[уреди | уреди извор]

Бугарија Академик[уреди | уреди извор]

  • Национална кошаркарска лига (2) : 2010/11, 2011/12
  • Куп на Бугарија (2) : 2011, 2012

Македонија МЗТ Аеродром[уреди | уреди извор]

Признанија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Дамјан МВП на финалната серија“, Дневник, година XVIII, број 5483, четврток, 5 јуни 2014, стр. 24.
  2. „Рајковиќ и Д. Стојановски лауреати за 2014 година“, Утрински весник, година XVI, број 4716, сабота-недела, 21-22 февруари 2015, стр. 18.
  3. 3,0 3,1 „Дамјан опериран, пауза од „минимум" пола година“. sportmedia.mk. 13 септември 2016. Посетено на 13 септември 2016.
  4. „Дамјан Стојановски потпиша за МЗТ“. ekipa.mk. 15 јуни 2017. Посетено на 15 јуни 2017.
  5. „Дамјан Стојановски уште две сезони во дресот на МЗТ Аеродром“. ekipa.mk. 6 јули 2018. Посетено на 7 јули 2018.
  6. „Капитенот верен на МЗТ, го продолжи договор за нови две сезони“. gol.mk. 6 јули 2018. Посетено на 7 јули 2018.
  7. „Дамјан Стојановски останува во МЗТ“. ekipa.mk преку web.archive.org. 17 јули 2019. Посетено на 20 јули 2019.
  8. „Дамјан Стојановски останува во МЗТ Скопје“. gol.mk преку web.archive.org. 17 јули 2019. Посетено на 20 јули 2019.
  9. „МЗТ ги задржа најдобрите: Кочов и Стојановски остануваат во Аеродром“. gol.mk преку web.archive.org. 9 јуни 2020. Посетено на 11 јуни 2020.
  10. „Тренерот и капитенот остануваат во МЗТ Аеродром“. ekipa.mk преку web.archive.org. 9 јуни 2020. Посетено на 11 јуни 2020.
  11. „Капитенот не ги остава „штрковите" сами остануваат во Аеродром“. gol.mk преку web.archive.org. 17 јуни 2020. Посетено на 18 јуни 2020.
  12. Accumulated Stats eurobasket2015.org
  13. Дамјан Стојановски шест месеци во аут! ekipa.mk 5 август 2016
  14. Дамјан ги скинал лигаментите на коленото! sportmedia.mk 5 август 2016
  15. „Симоновски се враќа во репрезентацијата за Косово и за Романија“. ekipa.mk. 16 август 2018. Посетено на 16 август 2018.
  16. „Тодоров го објави поширокиот список за Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 9 јануари 2020. Посетено на 14 јануари 2020.
  17. „Тодоров го скрати списокот, со млади сили против Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 11 февруари 2020. Посетено на 21 февруари 2020.
  18. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2007-08“. eurobasket.com. Посетено на 23 февруари 2018.
  19. Кавадарчани слават најдобра сезона dnevnik.mk 21 мај 2010
  20. „Сите почести за Дамјан Стојановски“. vecer.mk. 23 јануари 2011. Посетено на 26 февруари 2018.
  21. „Спорт - Дамјан Стојановски - кошаркар на годината“. daily.mk. 22 јануари 2011. Посетено на 26 февруари 2018.
  22. МЗТ Скопје го освои шестиот трофеј во Купот на Македонија basketball.org.mk 31 март 2013
  23. „Дамјан Стојановски и Емил Рајковиќ – кошаркарски лауреати за 2014“. ekipa.mk. 19 февруари 2015. Посетено на 1 февруари 2017.
  24. „Стојановски, Рајковиќ и Антиќ кошаркарски лауреати за 2014 година“. sportmedia.mk. 24 февруари 2015. Посетено на 1 февруари 2017.
  25. 25,0 25,1 25,2 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2016“. eurobasket.com. 28 мај 2016. Посетено на 4 август 2018.
  26. „Дамјан: За сите промени треба време, овој трофеј ќе ни ја зголеми самодовербата“. sportmedia.mk. 18 февруари 2018. Посетено на 23 февруари 2018.
  27. 27,0 27,1 „Prva Liga - season 2017-2018“. eurobasket.com. Посетено на 12 јуни 2018.
  28. 28,0 28,1 28,2 28,3 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2019“. eurobasket.com преку web.archive.org. 18 јуни 2019. Посетено на 22 јуни 2019.
  29. 29,0 29,1 29,2 29,3 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2020“. eurobasket.com преку web.archive.org. 24 мај 2020. Посетено на 2 јуни 2020.