Ѓорѓи Чековски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ѓорѓи Чековски
Чековски со МЗТ во 2011 година
Чековски со МЗТ во 2011 година
Прекар(и)Станко
ПозицијаКрилен центар
Висина2,02 м
Тежинакг
ЛигаПрва македонска кошаркарска лига
ЕкипаРаботнички
Број9
Роден11 декември 1979 (1979-12-11) (39 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера1997–2019
Кариера
1997-2003Работнички
2003Геоплин Слован
2003-2004Приштина
2004-2007Академик
2007-2008Черкаси
2008Фени Индустри
2009Феро Запорожје
2009Работнички
2010-2011Левски
2011-2014МЗТ Аеродром
2014-2015Работнички
2015Приштина
2015-2019Работнички
Инфо од: 13.07.2019.

Ѓорѓи Чековски (роден на 11 декември 1979 во Скопје) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец.

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

Чековски својата кошаркарска кариера ја започнал во 1997 година во екипата на КК Работнички од Скопје.

Во август 2004 година, Чековски се преселил во бугарски Лукоил Академик, каде помошник тренер бил Марин Докузовски.[1] Во истата таа сезона, Чековски заедно со Лукоил го освоиле Првенството.[2][3]

Сезоната 2008/09 ја започнал во Фени Индустри.[4] Таму останал се до декември 2008 година.[5]

Во јули 2015 година, Ѓорѓи Чековски потпишал едногодишен договор со косовски Сигал Приштина.[6][7][8] На крајот на ноември 2015 година, Чековски ја напуштил Сигал Приштина и потпишал отворен договор со Работнички.[9][10] На крајот на 2015 година, Ѓорѓи Чековски потпишал за Работнички до крајот на сезоната.[11][12] Ѓорѓи и за сезоната 2017/18 продолжил да игра во Работнички.[13] Чековски во таа сезона бил вицепрвак во Купот, додека во Првенството бил првак. За сезоната 2018/19, Чековски продолжил во редовите на Работнички.[14] Со Работнички, Чековски го освоил Купот 2019, додека во Првенството бил вицепрвак. Во летото 2019 година, Чековски се пензионирал како активен кошаркар.[15]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Во јуни 2017 тој се вратил во македонската репрезентација за претквалификациите за Светското првенство 2019.[16]

Успеси[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Македонија Работнички[уреди | уреди извор]

Бугарија Академик[уреди | уреди извор]

  • Национална кошаркарска лига (3) : 2004/05, 2005/06, 2006/07
  • Куп на Бугарија (2) : 2006, 2007

Македонија МЗТ Аеродром[уреди | уреди извор]

Признанија[уреди | уреди извор]

  • Најкорисен играч на разигрувањето во лигата 2000/01[17]
  • Најкорисен играч на разигрувањето во лигата 2001/02[18]
  • Eurobasket.com - почесно споменување во сезоната 2011/12
  • Eurobasket.com - прва најдобра петорка на сезоната 2012/13
  • Eurobasket.com - најдобра домашна петорка на сезоната 2012/13
  • Најдобар домашен кошаркар за 2013 година[19][20][21]
  • Eurobasket.com - прва најдобра петорка на сезоната 2013/14
  • Eurobasket.com - најдобра домашна петорка на сезоната 2013/14
  • Најкорисен играч на финалето во Купот на Македонија 2015[22][23]
  • Eurobasket.com - Најкорисен играч на сезоната 2014/15
  • Домашен играч на сезоната 2015/16[24]
  • Прва најдобра петорка на сезоната 2015/16[24]
  • Најдобра домашна петорка на сезоната 2015/16[24]
  • Најдобра домашна петорка на сезоната 2016/17[25]
  • Почесно споменување во сезоната 2016/17[25]
  • Трета најдобра петорка на сезоната 2018/19[26]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Чековски нов член на Лукоил Академик vest.com.mk 4 август 2004
  2. Чековски се закити со шампионската титула“, vest.com.mk, 10 јуни 2005 (посет. 20 септември 2016 г).
  3. Чековски и Докузовски со титула и во Бугарија“, vecer.mk, 10 јуни 2005 (посет. 20 септември 2016 г).
  4. Чековски го засили шампионот“, Кошаркарска Федерација на Македонија преку web.archive.org, 30 јуни 2008 (посет. 29 јануари 2018 г).
  5. „Чековски оди... надвор“, Македонски Спорт, број 3230, стр. 13, 30 декември 2008 (посет. 10 јули 2018 г).
  6. Чековски се враќа во Сигал Приштина после 11 години! sport365.mk 21 јули 2015
  7. Чековски по 11 години пак ќе игра за Сигал Приштина! sportmedia.mk 21 јули 2015
  8. Чековски: Чест ми е што пак ќе играм за Приштина ekipa.mk 22 јули 2015
  9. По заминувањето на Трајковски: Ѓорѓи Чековски најмалку еден месец во дресот на Работнички! sportmedia.mk 29 ноември 2015
  10. Трајковски раскина со Работнички, Чековски негова замена ekipa.mk 29 ноември 2015
  11. Чековски останува до крај во Работнички ekipa.mk 31 декември 2015
  12. Чековски останува до крај во Работнички centarnews.net 31 декември 2015
  13. Американец во „Градски парк“: Гинјард потпиша за Работнички“, ekipa.mk, 22 август 2017 (посет. 15 октомври 2017 г).
  14. Јанески се премисли, потпишува за Работнички“, ekipa.mk, 19 јули 2018 (посет. 21 јули 2018 г).
  15. Докузовски со нова улога во Работнички, Чековски кажува збогум!“, sportmedia.mk, 10 јули 2019 (посет. 13 јули 2019 г).
  16. Супер вест: Чековски доаѓа да помогне!“, ekipa.mk, 26 јуни 2017 (посет. 26 јуни 2017 г).
  17. Работнички по осми пат шампион vest.com.mk 15 мај 2001
  18. Фершпед Работнички по 9-ти пат шампион vest.com.mk 4 јуни 2002
  19. МКФ ги прогласи најдобрите за 2013, Чековски и Антиќ со главните награди“, ekipa.mk, 8 февруари 2014 (посет. 6 јули 2017 г).
  20. Ѓорги Чековски најдобар кошаркар во Македонија 2013 година“, ohridnews.com, 8 февруари 2014 (посет. 6 јули 2017 г).
  21. Чековски и Антиќ најдобри кошаркари за 2013 година“, mkd.mk, 8 февруари 2014 (посет. 6 јули 2017 г).
  22. МВП Чековски: Пресуди нашето искуство ekipa.mk 22 февруари 2015
  23. Сашко Ѓ. Димовски, „Отпишаните „старци“ го возвратија ударот“, Утрински весник, година XVI, број 4718, вторник, 24 февруари 2015, стр. 19.
  24. 24,0 24,1 24,2 Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2016“, eurobasket.com, 28 мај 2016 (посет. 4 август 2018 г).
  25. 25,0 25,1 Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2017“, eurobasket.com, 29 мај 2017 (посет. 8 февруари 2018 г).
  26. Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2019“, eurobasket.com преку web.archive.org, 18 јуни 2019 (посет. 22 јуни 2019 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]