Прејди на содржината

Војдан Стојановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Војдан Стојановски


Лични информации
Роден на 9 декември 1987(1987-12-09)(38 г.)
Роден во Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонија Македонија
Висина 1,94
Тежина 110
Позиција Бек, Крило
Информации за кариерата
Драфт 2009 / Не драфтуван
Проф. кариера 2005-
Моментален клуб
Клуб МЗТ Скопје Аеродром
Сениорски клубови
Години: Клубови:
2005-2007
2007-2009
2009-2010
2010-2011
2011-2012
2012-2013
2013-2015
2015-2016
2016-2017
2017-2018
2018-2019
2019-2020
2020-2021
2022-
Вардар Вардар
АМАК СП АМАК СП
Напредак Крушевац Напредак Крушевац
Фени Индустри Фени Индустри
Черкаски Мавпи Черкаски Мавпи
Донецк Донецк
Алба Берлин Алба Берлин
Андора Андора
Севиља Севиља
Бујукчекмеџе Бујукчекмеџе
Олденбург Олденбург
По Лак Ортез По Лак Ортез
Гравелине-Данкерк
МЗТ Скопје МЗТ Скопје
Репрезентација
2008- Македонија Македонија

Војдан Стојановски (роден на 9 декември 1987 во Скопје) — македонски кошаркар, бек на македонската репрезентација и на кошаркарскиот клуб МЗТ Аеродром.

Тој е брат-близнак на кошаркарот Дамјан Стојановски и е помлад брат на поранешниот кошаркар Огнен Стојановски.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Кариерата ја започнал во Вардар при што со него го освоил Купот на Македонија. Веднаш следната сезона се преселил во АМАК СП од Охрид. Таму останал две сезони и со клубот во 2009 година го освоил Купот на Македонија. По распаѓањето на АМАК СП во 2009 година, тој ја започнал својата меѓународна кариера во екипата на Напредак Крушевац од Србија, играјќи таму една сезона. За следната сезона 2010-2011, се вратил во Македонија во Фени Индустри, клуб со кој го освоил македонското првенство и Балканската лига.

Во 2011 година се преселил во Украина, каде играл за тамошните клубови Черкаски Мавпи во сезоната 2011-2012, а потоа и за Донецк во сезоната 2012-2013 со кој го освоил украинското првенство.

Во сезоната 2013-2014, потпишал за германската Алба Берлин. Во својата прва сезона во клубот Војдан и помогнал на Алба да го освои Купот на Германија, совладувајќи го Улм во финалето со 86-80. Во летото 2014 година му пропаднал трансферот во Бремерхафен,[1][2][3] па веднаш потоа потпишал нов договор со Алба Берлин. Во сезоната 2014-2015, Војдан со клубот од Берлин дебитирал во Евролигата, каде одиграл 11 натпревари со просек од 4,3 бода, 1,2 скокови и 1,2 асистенции по натпревар.

На крајот на јануари 2015 година, Војдан ја напуштил Алба Берлин и се преселил во МораБанк Андора во шпанската АЦБ лига.[4][5][6] Во август 2016 година, се преселил во Севиља,[7] односно Реал Бетис како ново спонзорско име на клубот.[8]

На крајот на јуни 2017 година, потпишал за турскиот клуб Бујукчекмеџе од Истанбул.[9][10] За сезоната 2018/19, односно во август, Војдан потпишал за германскиот клуб Олденбург.[11][12] На почетокот на јули, на Војдан му завршила соработката со германскиот клуб.[13][14] По пет месеци без клуб, во декември 2019 година тој потпишал за францускиот клуб По Лак Ортез.[15][16] По истекот на едномесечниот договор со По Ортез, во средината на јануари 2020 година, Војдан се преселил во клубот Гравелин-Данкерк кој исто бил од Франција.[17][18] Во мај, Војдан ја продолжил соработката со Данкерк за следната сезона.[19][20] Во март 2021, за време на тренинг, Војдан се здобил со посериозна повреда на левото колено, со што за него завршила сезоната 2020/21.[21][22]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Војдан Стојановски е член на Кошаркарската репрезентација на Македонија. Учествувал на Евробаскетот 2009, Евробаскетот 2011, Евробаскетот 2013 и Евробаскетот 2015 година. За време на завршниот турнир 2015 во групната фаза во Загреб - Хрватска, Војдан бил петтиот играч со најмногу бодови во македонската репрезентација односно имал 37 бода на четири натпревари (9,3 по натпревар).[23]

Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Војдан.[24] Потоа во февруари, тој бил избран во составот на репрезентацијата.[25]

Во моментов тој е капитен на репрезентацијата.

Хронологија на репрезентативни настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати поени за националната селекција - Македонија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Поени Инфо
07/09/2009ПознањМакедонија Македонија54 - 86Грција ГрцијаЕвробаскет 2009 - Прва фаза6
08/09/2009ПознањИзраел Израел79 - 82Македонија МакедонијаЕвробаскет 2009 - Прва фаза3
09/09/2009ПознањМакедонија Македонија71 - 81Хрватска ХрватскаЕвробаскет 2009 - Прва фаза7
11/09/2009БидгошчФранција Франција83 - 57Македонија МакедонијаЕвробаскет 2009 - Втора фаза2
02/08/2010ЈужнеУкраина Украина58 - 71Македонија МакедонијаКвал. за Евробаскет 201111
05/08/2010СкопјеМакедонија Македонија78 - 44Унгарија УнгаријаКвал. за Евробаскет 20115
08/08/2010ЊукаслВелика Британија Велика Британија104 - 96Македонија МакедонијаКвал. за Евробаскет 20113
14/08/2010СкопјеМакедонија Македонија70 - 56Босна и Херцеговина Босна и ХерцеговинаКвал. за Евробаскет 20112
17/08/2010СкопјеМакедонија Македонија71 - 55Украина УкраинаКвал. за Евробаскет 20115
20/08/2010СолнокУнгарија Унгарија85 - 82Македонија МакедонијаКвал. за Евробаскет 20110
23/08/2010СкопјеМакедонија Македонија75 - 56Велика Британија Велика БританијаКвал. за Евробаскет 20110
29/08/2010СарајевоБосна и Херцеговина Босна и Херцеговина83 - 71Македонија МакедонијаКвал. за Евробаскет 20114
31/08/2011АлитусЦрна Гора Црна Гора70 - 65 прод.Македонија МакедонијаЕвробаскет 2011 - Прва фаза7
01/09/2011АлтиусМакедонија Македонија78 - 76Хрватска ХрватскаЕвробаскет 2011 - Прва фаза5
03/09/2011АлитусГрција Грција58 - 72Македонија МакедонијаЕвробаскет 2011 - Прва фаза2
04/09/2011АлтиусМакедонија Македонија72 - 70Финска ФинскаЕвробаскет 2011 - Прва фаза16
05/09/2011АлтиусМакедонија Македонија75 - 63Босна и Херцеговина Босна и ХерцеговинаЕвробаскет 2011 - Прва фаза4
08/09/2011ВилниусГрузија Грузија63 - 65Македонија МакедонијаЕвробаскет 2011 - Втора фаза8
10/09/2011ВилниусМакедонија Македонија68 - 59Словенија СловенијаЕвробаскет 2011 - Втора фаза11
12/09/2011ВилниусРусија Русија63 - 61Македонија МакедонијаЕвробаскет 2011 - Втора фаза6
14/09/2011КаунасМакедонија Македонија67 - 65Литванија ЛитванијаЕвробаскет 2011 - Четвртфинале15
16/09/2011КаунасШпанија Шпанија92 - 80Македонија МакедонијаЕвробаскет 2011 - Полуфинале6
18/09/2011КаунасМакедонија Македонија68 - 72Русија РусијаЕвробаскет 2011 - за 3. место5
02/07/2012КаракасАнгола Ангола88 - 84Македонија МакедонијаКвал. за ЛОИ 2012 12
03/07/2012КаракасМакедонија Македонија84 - 62Нов Зеланд Нов ЗеландКвал. за ЛОИ 2012 9
06/07/2012КаракасМакедонија Македонија76 - 86Доминиканска Република Доминиканска РепубликаКвал. за ЛОИ 2012 3
17/08/2013СкопјеМакедонија Македонија50 - 62Литванија ЛитванијаПријателска8
04/09/2013ЈесеницеМакедонија Македонија80 - 81Црна Гора Црна ГораЕвробаскет 2013 - Прва фаза8
05/09/2013ЈесеницеЛитванија Литванија75 - 67Македонија МакедонијаЕвробаскет 2013 - Прва фаза4
06/09/2013ЈесеницеМакедонија Македонија89 - 75Србија СрбијаЕвробаскет 2013 - Прва фаза7
07/09/2013ЈесеницеБосна и Херцеговина Босна и Херцеговина62 - 54Македонија МакедонијаЕвробаскет 2013 - Прва фаза2
09/09/2013ЈесеницеЛатвија Латвија76 - 66Македонија МакедонијаЕвробаскет 2013 - Прва фаза8
10/08/2014СкопјеМакедонија Македонија76 - 73Белгија БелгијаКвал. за Евробаскет 201516
13/08/2014ХорсенсДанска Данска75 - 81Македонија МакедонијаКвал. за Евробаскет 201512
17/08/2014МинскБелорусија Белорусија70 - 81Македонија МакедонијаКвал. за Евробаскет 20158
20/08/2014ШарлоаБелгија Белгија63 - 60Македонија МакедонијаКвал. за Евробаскет 20156
24/08/2014СкопјеМакедонија Македонија80 - 46Данска ДанскаКвал. за Евробаскет 20152
27/08/2014СкопјеМакедонија Македонија72 - 66Белорусија БелорусијаКвал. за Евробаскет 201511
07/08/2015ОхридМакедонија Македонија75 - 58Израел ИзраелПријателска8
08/08/2015ОхридМакедонија Македонија81 - 51Украина УкраинаПријателска15
10/08/2015ОхридМакедонија Македонија69 - 64Израел ИзраелПријателска12
18/08/2015КаунасЛитванија Литванија68 - 62Македонија МакедонијаПријателска14
19/08/2015КаунасМакедонија Македонија68 - 85Турција ТурцијаПријателска15
22/08/2015МадридШпанија Шпанија94 - 63Македонија МакедонијаПријателска8
25/08/2015ЛогроњоШпанија Шпанија88 - 54Македонија МакедонијаПријателска8
05/09/2015ЗагребМакедонија Македонија65 - 85Грција ГрцијаЕвробаскет 2015 - Прва фаза13
06/09/2015ЗагребХоландија Холандија71 - 78Македонија МакедонијаЕвробаскет 2015 - Прва фаза11
08/09/2015ЗагребХрватска Хрватска73 - 55Македонија МакедонијаЕвробаскет 2015 - Прва фаза9
09/09/2015ЗагребМакедонија Македонија75 - 90Грузија ГрузијаЕвробаскет 2015 - Прва фаза4
05/08/2016СамоковБугарија Бугарија61 - 59Македонија МакедонијаПријателска11
06/08/2016СамоковБугарија Бугарија74 - 78Македонија МакедонијаПријателска20
17/08/2016СкопјеМакедонија Македонија73 - 77Црна Гора Црна ГораПријателска19
18/08/2016СкопјеБелгија Белгија67 - 72Македонија МакедонијаПријателска25
19/08/2016СкопјеМакедонија Македонија69 - 75Босна и Херцеговина Босна и ХерцеговинаПријателска11
24/08/2016МариборСловенија Словенија82 - 67Македонија МакедонијаПријателска14
31/08/2016КавадарциМакедонија Македонија89 - 75Луксембург ЛуксембургКвал. за Евробаскет 201728
03/09/2016ЛондонВелика Британија Велика Британија96 - 79Македонија МакедонијаКвал. за Евробаскет 201728
07/09/2016КавадарциМакедонија Македонија66 - 76Унгарија УнгаријаКвал. за Евробаскет 201716
10/09/2016ЛуксембургЛуксембург Луксембург74 - 82Македонија МакедонијаКвал. за Евробаскет 20176
14/09/2016КавадарциМакедонија Македонија62 - 89Велика Британија Велика БританијаКвал. за Евробаскет 201715
17/09/2016СолнокУнгарија Унгарија63 - 61Македонија МакедонијаКвал. за Евробаскет 201710
20/07/2017СкопјеМакедонија Македонија52 - 47Португалија ПортугалијаПријателска10
21/07/2017СкопјеМакедонија Македонија78 - 72Холандија ХоландијаПријателска23
22/07/2017СкопјеМакедонија Македонија71 - 67Босна и Херцеговина Босна и ХерцеговинаПријателска4
02/08/2017ПриштинаКосово Косово72 - 68Македонија МакедонијаКвал. за СП 201917
05/08/2017СкопјеМакедонија Македонија76 - 80Естонија ЕстонијаКвал. за СП 201926
12/08/2017СкопјеМакедонија Македонија87 - 74Естонија ЕстонијаКвал. за СП 201914
16/08/2017ТалинЕстонија Естонија74 - 65Македонија МакедонијаКвал. за СП 201918
23/11/2017ПопрадСловачка Словачка66 - 74Македонија МакедонијаКвал. за Евробаскет 202119
26/11/2017СкопјеМакедонија Македонија83 - 68Швајцарија ШвајцаријаКвал. за Евробаскет 20219
25/02/2018СкопјеМакедонија Македонија87 - 74Словачка СловачкаКвал. за Евробаскет 202113
Вкупно Настапи 71 Поени 722

Статистика

[уреди | уреди извор]

Евролига

[уреди | уреди извор]

[26]

Година Екипа ОН СН МПН ШИ% 3П% СФ% СПН АПН УТПН БПН ППН ИНД
2014–2015 Германија Алба Берлин 11013.1.378.368.7501.21.20.50.04.33.4
Кариера 11013.1.378.368.7501.21.20.50.04.33.4

Титули

Македонија Вардар

Македонија АМАК СП

Македонија Фени Индустри

Украина Донецк

  • Украинска Суперлига (1) : 2011/12

Германија Алба Берлин

  • Куп на Германија (1) : 2014
  • Суперкуп на Германија (2) : 2013, 2014

Признанија

  1. „Војдан Стојановски останува во Германија, ќе игра во дресот на Ајсберен!“. sportmedia.mk. 29 јули 2014.[мртва врска]
  2. „Војдан Стојановски во Ејсбарен Бремерхафен“. makfax.mk. 29 јули 2014.[мртва врска]
  3. „Војдан Стојановски од наредната сезона во Бремерхафен!“. tip.com.mk. 29 јули 2014.[мртва врска]
  4. „Војдан Стојановски ја продолжува интернационалната кариера во Шпанија“. dnevnik.mk. 30 јануари 2015.[мртва врска]
  5. „Војдан Стојановски од Алба се сели во Шпанија“. Pixel.mk. 30 јануари 2015. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2015-02-05.
  6. „Војдан: Дојдов во најсилната лига во Европа“. ekipa.mk. 4 февруари 2015. Архивирано од изворникот на 2015-02-07. Посетено на 2015-02-05.
  7. „ОФИЦИЈАЛНО: Војдан Стојановски парафираше со Севиља“. sportmedia.mk. 6 август 2016.
  8. „Војдан Стојановски ќе игра за Бетис“. ekipa.mk. 17 август 2016. Архивирано од изворникот на 2016-08-18. Посетено на 2016-08-18.
  9. „Војдан Стојановски потпиша за Бујукчекмече“. ekipa.mk. 25 јуни 2017. Посетено на 25 јуни 2017.
  10. „Војдан Стојановски продолжува во Бујукчекмеџе“. sportmedia.mk. 25 јуни 2017. Посетено на 25 јуни 2017.
  11. „Војдан потпиша за Олденбург: Добиваме играч со огромна интелигенција“. ekipa.mk. 24 август 2018. Посетено на 25 август 2018.
  12. „Војдан: Олденбург е организиран и амбициозен клуб“. sportmedia.mk. 24 август 2018. Посетено на 25 август 2018.
  13. „Војдан Стојановски го напушта Олденбург“. ekipa.mk. 3 јули 2019. Посетено на 4 јули 2019.
  14. „Војдан Стојановски по една година го напушти Олденбург“. gol.mk. 3 јули 2019. Посетено на 4 јули 2019.
  15. „ВОЈДАН: На Ортез му претстојат многу важни натпревари, ќе се обидам да помогнам“. basketball.mk преку web.archive.org. 13 декември 2019. Архивирано од изворникот на 2019-12-15. Посетено на 15 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  16. „Стојановски: Чест е што ќе бидам дел од тим со голема историја“. ekipa.mk преку web.archive.org. 13 декември 2019. Архивирано од изворникот на 2019-12-15. Посетено на 15 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  17. „Војдан Стојановски потпиша за Гравелин Данкерк“. ekipa.mk преку web.archive.org. 13 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-14. Посетено на 14 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  18. „ОФИЦИЈАЛНО: Војдан Стојановски го напушти По Ортез, но потпиша за друг француски клуб“. gol.mk преку web.archive.org. 14 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-14. Посетено на 14 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  19. „Војдан останува во Гравелин: Довербата на тренерот многу ми значеше“. ekipa.mk преку web.archive.org. 20 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-24. Посетено на 24 мај 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  20. „Војдан Стојановски: Тренерот верува во моите квалитети, Франција е идеална за мене!“. gol.mk преку web.archive.org. 22 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-24. Посетено на 24 мај 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  21. „Лоши вести од Франција, сериозна повреда на Војдан Стојановски“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 18 март 2021. Архивирано од изворникот на 2021-03-21. Посетено на 21 март 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  22. „Војдан ја потврди лошата вест: Пред мене е долга пауза, но ќе се вратам посилен“. ekipa.mk преку web.archive.org. 18 март 2021. Архивирано од изворникот на 2021-03-21. Посетено на 21 март 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  23. Accumulated Stats Архивирано на 10 септември 2015 г. eurobasket2015.org
  24. „Тодоров го објави поширокиот список за Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 9 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-14. Посетено на 14 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  25. „Тодоров го скрати списокот, со млади сили против Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 11 февруари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-02-21. Посетено на 21 февруари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  26. http://www.euroleague.net/competition/players/showplayer?pcode=003934#!careerstats
  27. „Гоцевски и Колариќ играчи на годината“. vecer.mk. 23 декември 2007. Архивирано од изворникот на 2015-02-19. Посетено на 26 февруари 2018.
  28. 1 2 3 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2007-08“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.
  29. „Војдан Стојановски - најдобар кошаркар“. vecer.mk. 22 јануари 2009. Посетено на 26 февруари 2018.[мртва врска]
  30. „Војдан Стојановски е број еден“. idividi.com.mk. 23 јануари 2009. Посетено на 26 февруари 2018.
  31. 1 2 3 Избрани најдобрите во Мак баскетот во 2015, Војдан и едина се најдобрите кошаркар и кошаркарка Архивирано на 11 јануари 2016 г. basketball.org.mk 23 декември 2015
  32. „Хет-трик на семејството Стојановски“. dnevnik.mk. 25 декември 2011. Посетено на 6 јули 2017.[мртва врска]
  33. „Војдан Стојановски и Елена Раденковиќ се кошаркари на годината“. dw.com. 25 декември 2011. Посетено на 6 јули 2017.
  34. „Војдан Стојановски и Елена Раденковиќ кошаркари на годината“. kajgana.com. 25 декември 2011. Архивирано од изворникот на 2012-01-15. Посетено на 6 јули 2017.
  35. „Кавадарчани крунисани во Скопје“. dnevnik.mk. 29 мај 2011. Посетено на 17 септември 2016.[мртва врска]
  36. 1 2 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2010-11“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.
  37. МКФ го потврди изборот на Војдан Стојановски за кошаркар на 2015 година! sportmedia.mk 23 декември 2015
  38. Војдан Стојановски најдобар македонски кошаркар за 2015 година Архивирано на 28 декември 2015 г. sport365.mk 23 декември 2015
  39. „Војдан и Бојан ќе ја поделат наградата за најдобар!“. sportmedia.mk. 18 декември 2018. Посетено на 22 декември 2018.
  40. „Сите бираат еден, МКФ двајца: Војдан и Бојан – најдобри кошаркари за 2018 година“. ekipa.mk. 18 декември 2018. Посетено на 22 декември 2018.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]