Прејди на содржината

Хорсенс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хорсенс
Грб на Хорсенс
Хорсенс is located in Данска
Хорсенс
Хорсенс
Лоакција во Данска
Координати: 55°52′N 9°50′E / 55.867° СГШ; 9.833° ИГД / 55.867; 9.833
ДржаваДанска
РегионСреден Јитланд
Население (1 јануари 2012)
 • Вкупно54,450
 [1]
Мреж. местоhttp://www.horsens.dk

Хорсенс (дански: Horsens) — значаен град во Данска, поточно во средишниот дел на државата. Градот се наоѓа во рамките на регионот Среден Јитланд, каде со околните населени места претставува една општина, Општина Хорсенс. Денес Хорсенс има околу 54.000 жители во градот и околу 82.000 во поширокото градско подрачје. Хорсенс е познат како места на раѓање на познатиот морепловец Витус Беринг, кој го дал името на Беринговото Море и на Беринговиот Остров.

Природни услови

[уреди | уреди извор]

Хорсенс се наоѓа во средишниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, Хорсенс е оддалечен само 260 километри западно.

Релјеф: Градот Хорсенс се наоѓа во средишниот дел на данскиот остров Јитланд. Градското подрачје е типично за данските услови. Надморската височина на средиштето на градот се движи измеѓу 0 и 50 метри.

Клима: Климата во Хорсенс е умерено-континентална под силно влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.

Води: Хорсенс се формирал на крајот на Хорсенскиот Залив, кој претставува дел од Северното Море.

Историја

[уреди | уреди извор]

Подрачјето Хорсенс било населено уште во времето на праисторијата. Денешната населба првпат се споменува околу 1100 година, а во 13 век населбата ги добила градските права. И покрај петгодишната окпупација на Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, Хорсенс и неговото население не претрпеле многу големи страдања.

Население

[уреди | уреди извор]

Денес Хорсенс има околу 54.000 жители во градските граници и околу 82.000 со околните населени места.

Етнички состав Населението на Хорсенс до пред неколку децении било населено со типично и исклучиво етнички данско население. И денес етничките Данци се во поголем број, но сепак има доселеници од странство.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Хорсенс е индустриски развиено средиште и има силна електронска индустрија. Во Хорсенс се наоѓа единствениот индустриски музеј во Данска.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]