Попрад

Од Википедија — слободната енциклопедија
Попрад
Град
Централен Попрад во зима
Земја  Словачка
Регион Прешов
Округ Попрад
Туристички регион Татри
Реки Попрад
Височина 672 м
Координати 49°03′34″N 20°17′51″E / 49.05944° СГШ; 20.29750° ИГД / 49.05944; 20.29750
Површина 62,997 км2
Население 55.042 (2006-12-31)
 - метрополско 100.000
Густина 874 /km² (2.264 /sq mi)
Првпат спомнат 1250
Градоначалник Јозеф Швагерко
Часовен појас CET (UTC+1)
 - лете (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Поштенски бр. 058 01
Повикувачки број 421-52
Регистарски таблички PP
На Ризницата: Попрад
Статистики: MOŠ/MIS
Портал: http://www.poprad.sk

Попрад (унгарски: Poprád, германски: Deutschendorf) — град во северна Словачка, на подножјето на планините Татри, познат по својот живописен историски центар и како одморалиште. Тоа е најголем град во регионот Спиш и десетти најголем град во Словачка, со население од околу 55,000 жители.

Аеродромот Попрад-Татру е меѓународен аеродром сместен веднаш до градот. Попрад исто така е почетна точка на татранската електрична железничка линија, која ги поврзува одморалиштата на Високите Татри меѓусебно и со Попрад. Главната железничка линија го поврува градот со останатите градови во Словачка и пошироко.

Историја[уреди | уреди извор]

Територијата припаѓала на Кралството Унгарија уште од 10. век и најверојатно првично била населена од словенски доселеници. Во 13. век, територијата била колонизирана од германски доселеници и станала во голема мера германски град наречен Deutschendorf што во превод значи 'германско' село. Од 1412 до 1770 година, како еден од градовите во Спишкиот комитет, Попрад бил заложен од Кралството Унгарија на Кралството Полска, што резултирало со силно полско влијание врз идниот развој на градот.

Попрад, според првите пишани наводи кои датираат од 1256 година, бил 690 години (се до 1946 г.) само една од неколкутте соседни населби, кои сега го сочинуваат модерниот град. Другите делови од сегашната населба се Матејовце (први наводи од 1251 г.), Спиша Собота (1256), Велка (1268), и Страже под Татрами (1276). Најзначаен од овие првични градови бил Георгенберг (или Шепесзомбат, денес: Спишка Собота), којшто ја има зачувано својата доминантна позиција во областа сè до крајот на 19. век.

Во втората светска војна, Попрад бил окупиран на 28 јануари 1945 година од силите на советската 18. армија.

Во 1999 година, поднел кандидатура за организирање на Зимските олимписки игри 2006, но загубил од Торино.

Географија[уреди | уреди извор]

Попрад се наоѓа на надморска височина од 672 метри над морското ниво и зафаќа површина од 63 км2.[1] Градот е сместен во североисточна Словачка, оддалечен околу 110 километри од Кошице и 330 километри од Братислава .

Попрад е сместен на реката Попрад во Подтатранската котлина, и е порта за Високите Татри. Планински венци околу градот се Левочките планини на исток, Козјите сртови на југ, и Ниските Татри на југозапад. Вододелницата помеѓу Црното Море и Балтичкото Море се наоѓа кон запад, близу селото Штрба.

Клима[уреди | уреди извор]

Попрад се наоѓа во северниот умерен појас и има умерено-континентална клима со четири различни годишни времиња. Карактиристично за градот е значајната разлика помеѓу топлите лета и студените зими.

Климатски податоци за Попрад
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 11.3
(52.3)
17.4
(63.3)
22.3
(72.1)
26.7
(80.1)
31.2
(88.2)
31.0
(87.8)
32.0
(89.6)
31.4
(88.5)
29.8
(85.6)
25.1
(77.2)
18.4
(65.1)
16.3
(61.3)
32
(89.6)
Прос. висока °C (°F) −0.8
(30.6)
1.2
(34.2)
6.0
(42.8)
11.6
(52.9)
17.2
(63)
20.1
(68.2)
22.1
(71.8)
21.2
(70.2)
17.7
(63.9)
12.3
(54.1)
5.0
(41)
0.6
(33.1)
11.2
(52.2)
Прос. ниска °C (°F) −9.2
(15.4)
−7.5
(18.5)
−3.8
(25.2)
0.9
(33.6)
5.4
(41.7)
8.3
(46.9)
10.0
(50)
9.4
(48.9)
6.1
(43)
1.5
(34.7)
−2.8
(27)
−7.0
(19.4)
0.9
(33.6)
Најниска забележана °C (°F) −29.1
(−20.4)
−27.7
(−17.9)
−25
(−13)
−8.9
(16)
−5.0
(23)
−2.0
(28.4)
1.8
(35.2)
0.1
(32.2)
−6.5
(20.3)
−10.2
(13.6)
−19.5
(−3.1)
−27.6
(−17.7)
−29.1
(−20.4)
Прос. врнежи мм (ин) 23
(0.91)
22
(0.87)
27
(1.06)
48
(1.89)
74
(2.91)
86
(3.39)
73
(2.87)
65
(2.56)
52
(2.05)
43
(1.69)
36
(1.42)
27
(1.06)
576
(22.68)
Извор: World Weather,[2] NOAA (extremes)[3]

Демографија[уреди | уреди извор]

Попрад има население од 55,158 жители (од 31 декември 2005 г.). Според пописот од 2001 година, 94.1% од жителите се Словаци, 2.1% Роми, 1% Чеси, 0.2% Унгарци, 0.2% Германци, 0.1% Руси, 0.1% Украинци, и 0.1% Полјаци.[1] Според религијата, 65.9% се католици, 16.8% од луѓето не се религиозни, и 7.3% се лутеранци.[1]

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Црква во Спишка Собота

Историскиот центар е сконцентриран околу плоштадот Свети Егидиј, кој е обиколен со градби претежно од 18. и 19 век. Црквите во градот вклучувајќи ја католичката црква „Свети Егидиј“ датираат од крајот на 13. век.

Друг историски центар околу Попрад е општината Спишка Собота, која била прогласена во 1953 година за зачуван градски споменик. Значајна знаменитост во општината е црквата „Свети Георги“,со пет олтари од готски стил и главен олтар од работилницата на Мајстор Павел од Левоча.

Од модерните градби се издвојува водениот парк Аквасити Попрад.

Територијална поделба[уреди | уреди извор]

Градот е поделен на шест општини заради поделба на општинската администрација:

  • Старе Место [„Стар Град“]
  • Спишка Собота
  • Страже
  • Велка
  • Матејовце
  • Кветница

Спорт[уреди | уреди извор]

Хокеарската арена Попрад

Попрад моментално има еден хокеарски клуб, ХК Попрад. Лев Попрад бил уште еден хокеарски клуб, кој се натпреварувал во КХЛ лигата една сезона, но подоцна бил преместен во чешката престолнина, Прага, во 2012 година. И покрај успешната сезона 2013/2014, клубот престанал да постои поради финансиски проблеми. Голем е бројот на поранешни и актуелни хокеари кои играат во НХЛ лигата а потекнуваат од Попрад.[4]

Локален женски кошаркарски клуб е клубот Вирпул Попрад. Своите натпревари клубот ги игра во Попрад арената.

Во 1999 година, градот бил домаќин на Зимска универзијада.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Воздушен поглед на градот со аеродромот

Попрад е капија на планинскиот венец Високи Татри, кој е популарно туристичко одредиште. Градот лежи на главниот автопат (Е 50) и железнички се поврзува со западна и источна Словачка.

Железничката станица Попрад-Татру го поврзува Попрад со останатите големи одредишта во словачката железничка мрежа, а со планините градот се повруза преку електрифицирана железничка пруга.

Аеродромот Попрад-Татру, кој се наоѓа на надморска височина од 718 метри, нуди летови до Лондон.[5]

Значајни личности[уреди | уреди извор]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Municipal Statistics“. Statistical Office of the Slovak republic. Архивирано од изворникот на 2007-04-27. Посетено на 2007-05-03.
  2. „Weather Information for Poprad“. July 2011. Посетено на January 1, 2009.
  3. „Poprad Climate Normals 1961-1990“. National Oceanic and Atmospheric Administration. Посетено на December 19, 2012.
  4. LegendsofHockey.net. „NHL Legends of Hockey“. Посетено на 14 June 2015.
  5. http://firmy.etrend.sk/firmy-nefinancny-sektor/lietat-z-popradu-do-londyna-sa-bude-uz-za-30-eur.html

Надворешни врски[уреди | уреди извор]