Омиш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Омиш
Град и општина
Omis 01.jpg
Омиш is located in Хрватска
Омиш
Омиш
Локација на Омиш на мапата на Хрватска
Координати: 43°26′N 16°41′E / 43.433° СГШ; 16.683° ИГД / 43.433; 16.683
Држава Хрватска
ЖупанијаСплитско-далматинска жупанија
Површина
 • Вкупна266 км2
Население (2011)
 • Вкупно14.936
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)

Омиш е град во Хрватска, во Сплитско-далматинска жупанија. Зафаќа површина од 266,20 км² и население од 6.462 жители. Во пошироката околина живеат 14.936 жители.

Географска положба[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа во Далмација, на устието на реката Цетина во Јадранско Море.

Историја[уреди | уреди извор]

До територијалната реорганизација во Хрватска се наоѓаше во составот на старата општина Омиш.

Подрачјето на Јадранскиот брег, прво го населуваат Илирите, околу 1000 година п. н. е., а после нив доаѓаат Грците околу 400 година п. н. е. кои основаа колонии на брегот и поблиските острови. После нив Римското царство доаѓа на власт во 34 година п. н. е. Околу 600 година Србите и Хрватите се населуваат на подрачјето на денешна Далмација.

Првите жители на тоа подрачје после падот на римската власт според Константин Порфирогенит биле некрстените Срби, а Омиш се наоѓал во состав на српското кнежество Паганија. Омиш бил најзначаен град на српска Паганија, од каде омишките гусари ги напаѓале бродовите.

Омиш првпат пат се споменува во историјата под името Онеум (латински: Onaeum), кој згаснува во почетокот на 7 век. Историското средиште на тогашниот Омиш било сместено на источниот брег на реката Цетина (името потекнува од фригискиот збор зетна - врата, и со тоа се опишува устието на Цетина во морето).

Во античкиот период населбата Омиш веројатно се наоѓала кај селото Баучиќ каде се пронајдени многубројни антички пронајдоци (рељефи, натписи, надгробни споменици, светилки, пари итн.). Најважни споменици, кои се чуваат во Градскиот музеј, се пронајдоците од камени римски натписи. Од текстот може да се заклучи дека се направени за време на владеењето на римските цареви Тибериј и Клаудиј, а највероватно биле наменети за некоја јавна зграда, споменик или пат, што говори за важноста на населбата во која се градени.

Население[уреди | уреди извор]

На пописот на население од 2011 година, градот Омиш имаше 14.936 жители, од кои во самото населено место 6.462.

Град Омиш[уреди | уреди извор]

Број на жители според пописот[1]
1857 1869 1880 1890 1900 1910 1921 1931 1948 1953 1961 1971 1981 1991 2001 2011
8.153 9.255 10.038 11.212 12.788 13.791 14.283 15.344 15.122 15.094 17.637 15.880 15.056 15.630 15.472 14.936


Омиш (населено место)[уреди | уреди извор]

Број на жители според пописот[1]
1857 1869 1880 1890 1900 1910 1921 1931 1948 1953 1961 1971 1981 1991 2001 2011
575 821 771 851 936 1.014 1.439 1.854 1.506 1.651 2.408 3.731 4.800 6.079 6.565 6.462


Попис 1991[уреди | уреди извор]

На пописот на населени од 1991 година, населеното место Омиш имало 6.079 жители, од следниот национален состав:

Попис 1991.
Хрвати
  
95,03
Срби
  
0,98
Југословени
  
0,57
Муслимани
  
0,46
Албанци
  
0,39
Македонци
  
0,23
Унгарци
  
0,18
Словенци
  
0,16
Црногорци
  
0,11
Италијанци
  
0,04
Германци
  
0,04
Австријци
  
0,03
Полјаци
  
0,01
Романци
  
0,01
Чеси
  
0,01
останати
  
0,01
неопределени
  
0,75
регион. опр.
  
0,55
непознато
  
0,34
вкупно: 6.079

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]