Бојан Крстевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бојан Крстевски
ПозицијаКрилен центар
Центар
Висина2,06 м
Тежина100 кг
ЛигаПрва македонска кошаркарска лига
ЕкипаРаботнички
Број0
Роден4 јуни 1989 (1989-06-04) (31 г.)
СкопјеСР МакедонијаСФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера2007–
Клубови
2007–2010Вардар
2010–2012Торус
2012–2015Кавала
2015-2016Работнички
2016–2017Кожув
2017–2019Работнички
2019-МЗТ Аеродром
Репрезентација
Инфо од: 26.07.2019.

Бојан Крстевски (роден на 4 јуни 1989 во Скопје) — македонски кошаркар. Тој моментално е играч на МЗТ Аеродром.

Клубска кариера[уреди | уреди извор]

Младинска кариера[уреди | уреди извор]

Младинската кариера ја има поминато во младинските категории на Работнички.[1]

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

Својата професионална кариера ја започнал во Вардар во сезоната 2007/08, сезона во која го добил признанието „најдобра дебитантска петорка во лигата“.[2] Сезоната 2008/09 исто така ја одиграл во Вардар.[3][4] За 2009/10 сезоната, Крстевски продолжил во Вардар.[5] За сезоната 2010/11 се префрлил во Торус со кој стигнал до полуфиналето во Лигата и во Купот 2011.[6] Со Торус пак стигнал до полуфиналето на Првенството 2011/12 и Купот 2012.[7] После распадот на Торус, Крстевски потпишал за грчкиот второлигаш Кавала.[8] Со Кавала во сезоната 2013/14 завршил на третото место во Втората лига.[9] Во сезоната 2014/15, Крстевски со Кавала ја освоил Втората грчка лига.[10] Во септември 2015 година, Крстевски потпишал за Работнички.[11] Како играч на Работнички станал вицепрвак во Суперкупот на Македонија 2015. Во јануари 2016 година, Крстевски се здобил со скршеница на стапалот при што морал да го пропушти остатокот на сезоната 2015/16.[12] За сезоната 2016/17, Бојан Крстевски се преселил во Кожув.[13][14] Во јуни 2017 година, Бојан Крстевски повторно станал играч на Работнички.[15] Во таа сезона, Крстевски со Работнички бил вицепрвак во Купот 2018, додека во Првенството бил првак. За сезоната 2018/19, Крстевски продолжил во редовите на Работнички.[16] Со Работнички, Крстевски го освоил Купот 2019, додека во Првенството станал вицепрвак. По завршувањето на сезоната, на Крстевски му истекол договорот со Работнички.[17] На крајот на јули 2019 година, Крстевски се договорил и потпишал двогодишен договор со МЗТ Аеродром.[18][19][20]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Младинска репрезентација[уреди | уреди извор]

На Европското првенство под 16 години - Б Дивизија во 2005 година, Крстевски бил вклучен во македонската репрезентација под 16 години. Неговиот просек по натпревар бил 3,3 поени, 4 скокови и 0,3 асистенции.[21] На Европското првенство под 20 години - Б Дивизија во 2007 година, Бојан Крстевски учествувал со македонската репрезентација под 20 години. Неговиот просек бил 6,3 поени, 4,3 скокови и 1,2 асистенции.[21] Следната година, исто така играл на Европското првенство под 20 години - Б Дивизија. Просек имал од 0,6 поени, 0 скокови и 0 асистенции.[21] Во јуни 2009 година, Бојан настапил на Европското првенство под 20 години - Б Дивизија. Тогаш на седум натпревари тој имал просек од 25,1 одиграни минути, 9,9 поени, 3,9 скокови, 1,1 асистенции, 1,3 блокади, 0,6 украдени топки.[22]

А репрезентација[уреди | уреди извор]

Поради повреда, Крстевски не учествувал во квалификациите за Евробаскетот 2015,[23] како и на завршниот турнир. Во квалификациите за Евробаскетот 2017, Крстевски на шест натпревари имал просек од 2,3 одиграни минути, 0,3 поени, 0,7 скокови и 0,2 асистенции.[22] Поради повреда Крстевски не учествувал во преткалификациите за Светското првенство 2019.[24] Крстевски бил вклучен во репрезентацијата за претквалификациите за Евробаскетот 2021. Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Крстевски.[25] Потоа во февруари, тој бил избран во составот на репрезентацијата.[26]

Успеси[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Грција Кавала[уреди | уреди извор]

  • А2 Баскет лига (1) : 2014/15

Македонија Работнички[уреди | уреди извор]

Признанија[уреди | уреди извор]

  • Дебитантска петорка на сезоната 2007/08[27]
  • Почесно споменување во сезоната 2018/19[28]
  • Прва најдобра петорка на сезоната 2019/20[29]
  • Најдобра домашна петорка на сезоната 2019/20[29]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Mixed Macedonian Sports! (post #2189)“. xtratime.org. 24 декември 2006. Посетено на 14 јануари 2018.
  2. „All-Macedonian League Awards 2007-08“. eurobasket.com. 2008. Посетено на 14 јануари 2018.
  3. „Фершпед Работнички-Вардар - сезона 2008/2009“ (PDF). Кошаркарска Федерација на Македонија. Посетено на 14 јануари 2018.
  4. „KK Vardar - roster 2008-09“. eurobasket.com. Посетено на 14 јануари 2018.
  5. „KK Vardar - roster 2009-10“. eurobasket.com. Посетено на 14 јануари 2018.
  6. „KK Torus - roster 2010-11“. eurobasket.com. Посетено на 14 јануари 2018.
  7. „KK Torus - roster 2011-12“. eurobasket.com. Посетено на 14 јануари 2018.
  8. „BC Kavala - roster 2012-13“. eurobasket.com. Посетено на 14 јануари 2018.
  9. „BC Kavala - roster 2013-14“. eurobasket.com. Посетено на 14 јануари 2018.
  10. „BC Kavala - roster 2014-15“. eurobasket.com. Посетено на 14 јануари 2018.
  11. „Krstevski is back at Rabotnicki“. eurobasket.com. 28 септември 2015. Посетено на 14 јануари 2018.
  12. „Работнички останува подолг период без Крстевски“. ekipa.mk. 14 јануари 2016. Посетено на 14 јануари 2018.
  13. „Крстевски го засилува Кожув“. sportmedia.mk. 4 октомври 2016. Посетено на 14 јануари 2018.
  14. „Бојан Крстевски, нов центар на Кожув“. ekipa.mk. 4 октомври 2016. Посетено на 14 јануари 2018.
  15. „НАЈТРОФЕЈНИОТ СЕ ЗАСИЛУВА: Бојан Крстевски е нов играч на Работнички“. sportmedia.mk. 22 јуни 2017. Посетено на 14 јануари 2018.
  16. „Јанески се премисли, потпишува за Работнички“. ekipa.mk. 19 јули 2018. Посетено на 21 јули 2018.
  17. „Центар на Работнички меѓу желбите на МЗТ“. ekipa.mk преку web.archive.org. 19 јули 2019. Посетено на 20 јули 2019.
  18. „Бојан Крстевски – од Работнички во МЗТ“. ekipa.mk преку web.archive.org. 25 јули 2019. Посетено на 26 јули 2019.
  19. „Крстевски го „предаде" Работнички и потпиша со МЗТ“. gol.mk преку web.archive.org. 25 јули 2019. Посетено на 26 јули 2019.
  20. „СЕ СЕЛИ КАЈ НАЈГОЛЕМИОТ РИВАЛ: Бојан Крстевски две години меѓу „штрковите". sportmedia.mk преку web.archive.org. 25 јули 2019. Посетено на 26 јули 2019.
  21. 21,0 21,1 21,2 „Bojan Krstevski“. fibaeurope.com. Посетено на 14 јануари 2018.
  22. 22,0 22,1 „Bojan Krstevski basketball profile“. eurobasket.com. Посетено на 14 јануари 2018.
  23. „Тројките плус – повредите минус“. sport.com.mk. 21 јули 2014. Посетено на 14 јануари 2018.
  24. „Давитков ги отпиша Теодор и Крстевски за турнирот „Трофеј Македонија". gol.mk. 20 јули 2017. Посетено на 14 јануари 2018.
  25. „Тодоров го објави поширокиот список за Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 9 јануари 2020. Посетено на 14 јануари 2020.
  26. „Тодоров го скрати списокот, со млади сили против Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 11 февруари 2020. Посетено на 21 февруари 2020.
  27. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2007-08“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.
  28. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2019“. eurobasket.com преку web.archive.org. 18 јуни 2019. Посетено на 22 јуни 2019.
  29. 29,0 29,1 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2020“. eurobasket.com преку web.archive.org. 24 мај 2020. Посетено на 2 јуни 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]