Златко Гоцевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Златко Гоцевски
ПозицијаЦентар
Висина2,05 м
Тежинакг
Роден9 април 1982 (1982-04-09) (37 г.)
ШтипСР МакедонијаСФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера2000–2017
Клубови
Репрезентација
Инфо од: 15.08.2018.

Златко Гоцевски (роден на 9 април 1982 во Штип) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец.

Кариера[уреди | уреди извор]

Младиската кариера му започнала во Кочани Деликатес во 1997 година играјќи во таа екипа играл до сезоната 1999/2000. Професионалната кариера му започнала при преминувањето во МЗТ Аеродром, каде што се задржал до 2003 година. Следната негова станица била Вардар, играјќи една сезона за него. Во сезоната 2004/05 играл за Струмица 2005, а сезонaтa 2005/2006 ја започнал во првенството на Исланд за Кавлавик, но на полусезоната се вратил на Балканот во шампионатот на Косово во екипата на Пеќ. Во 2006/2007 потпишал повторно за Струмица 2005, каде што го освоил првенството и бил избран за МВП на сезоната. Од 2007 до 2009г. е во екипата на Фени Индустри од Кавадарци. Со Фени во 2008 година ја освоил двојната титула, односно Првенството и Купот. Со Фени се натпреварувал и во Балканската лига стигнувајќи до полуфиналето во 2009 година. Сезоната 2009/2010 ја играл во бугарското првенство во кошаркарскиот клуб Јамбол.[1] За сезоната 2010/2011 ја започнал во Работнички, но таму останал кратко бидејќи во декември потпишал за МЗТ Аеродром и таму играл до крајот на сезоната.[2][3] Во 2011 година повторно играл за бугарски Јамбол, играјќи таму се до полусезоната,[4] преминувајќи повторно во Фени Индустри кога станале вицепрваци во Првенството и Купот.[5][6] Во 2012 година, потпишал за Струмица, таму играл се до март 2013 година, откако Струмица не успеала да обезбеди пласман во Супер лигата, Гоцевски се префрлил во Кожув, каде станал вицешампион со клубот во Првенството.[7][8] Со Кожув се натпреварувал и во Балканската лига. Со Кожув стигнал до финалето во Купот на Македонија, губејќи од екипата на Работнички.[9] На почетокот на октомври 2015 година, Гоцевски ја прекинал соработката со Кожув.[10][11][12] Веднаш потоа Гоцевски потпишал за КК Струмица.[13][14] За сезоната 2016/17, тој повторно потпишал со Кожув.[15] На почетокот на 2017 година, Гоцевски се преселил во новиот кошаркарски клуб Блокотехна, клуб кој го пратил на позајмица во второлигашот Радовиш.[16][17] Откако обезбедил пласман со Радовиш во Првата лига и откако клубот го отстапил своето место на Блокотехна, Гоцевски бил вратен во новиот гевгелиски клуб.[18][19] На крајот на декември 2017 година, Блокотехна ја прекинала соработката со Гоцевски.[20]

Успеси[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Македонија Струмица 2005[уреди | уреди извор]

Македонија Фени Индустри[уреди | уреди извор]

Признанија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Златко Гоцевски е новото попълнение на Ямбол (бугарски) 19 септември 2009
  2. „ГОЦЕВСКИ СЕ ПРЕСЕЛИ ВО МЗТ“. vest.mk. 28 декември 2010. 
  3. „ГОЦЕВСКИ ОД ГРАДСКИ ПАРК ВО МЗТ“. utrinski.mk. 28 декември 2010. 
  4. „Гоцевски се врати во Јамбол“. ekipa.mk. 16 септември 2011. 
  5. „Гоцевски потпиша за Фени индустри“. mkd.mk. 9 јануари 2012. 
  6. „Гоцевски го засили шампионот Фени“. novamakedonija.com.mk. 11 јануари 2012. 
  7. „Гоцевски во Кожув, Марковски во Фени“. derbi.mk. 19 март 2013. 
  8. „Марковски во Фени, Гоцевски во Кожув“. kurir.mk. 20 март 2013. 
  9. Во Кожув задоволни: Ова беше добар викенд ekipa.mk 22 февруари 2015
  10. Гоцевски си замина од Кожув ekipa.mk 1 октомври 2015
  11. Гоцевски го „плати“ цехот за лошиот настап на Кожув во Суперкупот! sportmedia.mk 1 октомври 2015
  12. Гоцевски ја прекина соработката со Кожув sport365.mk 1 октомври 2015
  13. Подновен ростерот на Струмица со две нови засилувања ekipa.mk 5 октомври 2015
  14. Струмица се засилува: Тасовски и Гоцевски доаѓаат sport365.mk 5 октомври 2015
  15. Гоцевски е новото засилување на Кожув sport365.mk 8 септември 2016
  16. Замина Гоцевски, следни на ред, Главчев, Цветковски...“, sportmedia.mk, 9 јануари 2017 (посет. 18 јануари 2017 г).
  17. „Пола“ Кожув (ќе) се пресели во Радовиш“, sport.com.mk преку vesti.mk, 10 јануари 2017 (посет. 18 јануари 2017 г).
  18. Блокотехна – нов кошаркарски прволигаш“, ekipa.mk, 3 јули 2017 (посет. 4 јули 2017 г).
  19. Блокотехна би играла во втората АБА лига“, sportmedia.mk, 3 јули 2017 (посет. 4 јули 2017 г).
  20. „Блокотехна се раздели од Дујковиќ и од Гоцевски“. ekipa.mk. 1 јануари 2018. конс. 11 јануари 2018. 
  21. 21,0 21,1 21,2 21,3 21,4 Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2006-07“, eurobasket.com (посет. 15 ноември 2017 г).
  22. Прва титула за Струмица 2005 vest.com.mk 21 мај 2007
  23. Гоцевски и Колариќ играчи на годината“, vecer.mk, 23 декември 2007 (посет. 26 февруари 2018 г).
  24. 24,0 24,1 Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2007-08“, eurobasket.com (посет. 15 ноември 2017 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]